Connect with us

Бизнис

Производите од Али експрес со Еко логистик стигнуваат до домовите на купувачите

Published

on

Ако порано пратките од Али експрес (шопинг платформата за малопродажба со седиште во Кина), од нарачка до достава се чекаа со месеци, сега она што ќе се порача преку оваа платформа, брзо и безбедно стигнува до врата кај македонските купувачи.

Ова се случи откако доставата за пратките на Али експрес во јуни годинава ја презеде најголемата приватна пошта во Македонија која ги поседува сите домашни и интернационални лиценци, Еко логистик сервис (ЕЛС), која има полни раце работа, со оглед на тоа што македонските граѓани редовно ја користат платформата Али експрес како начин за купување најразлични производи по пристапни цени.

За да ги задоволи потребите на зголемениот број достави, ЕЛС ги зголеми и капацитетите, па во моментов компанијата располага со повеќе од 220 возила и над 250 доставувачи. Достава се врши и во попладневните часови.

„Доставата од Али експрес ја вршиме буквално во секој град и во секое село во Македонија, без исклучок. Процесот тече континуирано, брзо и без проблеми. Но, она што е најважно е сигурноста, која е на исклучително високо ниво. Ние сме единствената приватна пошта кај која процесот на достава се одвива преку добивање безбедносен код, кој на купувачот му стигнува на телефонскиот број во моментот кога пратката ќе биде во негови раце, со цел да се избегнат какви било манипулации“, велат од ЕЛС.

За ова, компанијата неодамна доби признание за успешна достава од Али експрес во кое се наведува: „Според мерењата што ги правиме на дневна основа, од јуни до ноември, Вашата компанија Еко логистик сервис е пошта со најбрза и најдоверлива достава на пратки со код, со тоа што партнерите се чувствуваат сигурно во процесот на достава, без можност за манипулации“.

Од ЕЛС апелираат граѓаните при нарачувањето од Али експрес да ги оставаат нивните точни адреси и телефонски броеви, со цел доставувачите да можат да ги контактираат. Доколку кој било граѓанин се соочува со доцнење на пратката, може да се обрати на телефонските броеви 15 990 или 13 990 или пак да пише на електронската адреса customercare@els.mk.

Секоја пратка може да се следи на веб страницата на ЕЛС, во делот „следење на пратка со сериски број“, каде јасно е наведено кога пратката е влезена во земјава, а кога е во рацете на курирот.

Од ЕЛС велат дека интересот кај граѓаните за нарачките од кинеската онлајн шопинг платформа е огромен и дека тие најчесто нарачуваат накит, опрема за домот, спортска облека, маски за телефони, техничка опрема, реквизити за вежбање, опрема за домашни миленици…

Од најголемата приватна пошта во Македонија, ЕЛС, за следниот период најавуваат и други новини со кои граѓаните ќе имаат можност да купат производи од странство по пристапни цени.

Бизнис

Божиновска: Минимално покачување на струјата благодарение на одговорниот пристап!

Published

on

Ја поздравувам одлуката и одговорниот пристап на Регулаторната комисија за енергетика, која како независно тело, донесе одлука за минимално, односно незначително, покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Посебно сум задоволна заради минималното покачување од 0,68% за првиот блок на потрошувачи, кои сочинуваат скоро 80% од вкупниот број на домаќинства. Исто така за поздравување е и тоа што просечно покачување е од незначителни 0,92% на цената на електричната енергија за домаќинствата.

 Оваа одлука секако е резултат на посветената соработка помеѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, АД ЕСМ – најголемиот производител на електрична енергија во државата, и останатите компании од енергетскиот сектор. Со заеднички напори успеавме да обезбедиме стабилно снабдување со електрична енергија и одржување на ценовната стабилност, дури и во услови на глобални енергетски предизвици. На тој начин помагаме на животниот стандард на граѓаните.

 Посветеноста на АД ЕСМ кон ефикасното управување со ресурсите претставува клучен фактор за овој успех. Во изминатиот период со сериозен и одговорен пристап значително ги подобривме работните процеси во енергетските капацитите во насока на намалување на трошоците,  што има значаен допринос кон одржување на ценовната стабилност, но и сигурност и стабилност на енергетскиот систем на нашата земја. Наследивме неповолни договори од минатото, големи долгови, неподготвени енергетски капацитети и други неповолни состојби кои успешно ги решаваме.

 Како Министерство, остануваме фокусирани на развој и имплементација на долгорочни стратегии, како и зголемување на домашното производство на електрична енергија што ќе допринесе за ценовна стабилност. Среќни сме што првичните значајни резултати од нашата работа почнуваат да се видливи за сите.

Continue Reading

Бизнис

МЕПСО: Критичниот енергетски трансформатор пристигна во „Битола 2“; голем чекор кон стабилоноста на енергетската мрежа

Published

on

400/110 kV трансформатор пристигна во трансформаторската Станица (ТС) Битола 2. Тоа претставува клучен чекор кон обновување на стабилноста на електроенергетската мрежа во Југозападна Македонија. Ова е значајна пресвртница во напорите на државата за справување со предизвиците во преносниот систем и обезбедување сигурно снабдување со електрична енергија во еден од најважните региони во земјата.
По дефектот на двата 400/110 kV трансформатори во ТС Битола 2, кои се случија во јануари 2024 односно јули 2024, новиот менаџмент на МЕПСО се соочи со голем ризик за енергетската стабилност во југозападниот регион.

Во овој регион, кој покрива 25-30% од вкупната потрошувачка на електрична енергија во Северна Македонија, се работеше со големи напори, ослонувајќи се исклучиво на 110 kV далноводи.
Договорот за набавка на трансформаторот е потпишан на 4 август 2023 година и досега не се реализирал со што била влошена состојбата на електроенергетската мрежа, соопштија од МЕПСО.

Пристигнувањето на новиот трансформатор ќе го намали притисокот врз мрежата, ќе ја подобри системската сигурност за реоните на Струга, Охрид, Ресен, Битола и Прилеп, обезбедувајќи стабилно снабдување со електрична енергија за време на зимската сезона и ќе обезбеди сигурност на производството на електрична енергија во РЕК Битола, клучен снабдувач на електрична енергија во државата.
Трансформаторот, првично наменет за ТС Дуброво, беше пренаменет за ТС Битола 2 заради итните потреби на регионот.
Раководството на МЕПСО работеше напорно изминатиот период за да ги надмине логистичките и административните предизвици, вклучувајќи сложени транспортни аранжмани, неповолни временски услови и наследени административни доцнења за да го реализира проектот. Тимовите на МЕПСО работеа неуморно за да го управуваат сложениот транспорт на овој голем и критичен енергетски уред, кој сега е безбедно сместен во ТС Битола 2 и подготвен за монтажа.

Процесот на монтажа ќе вклучува составување, филтрација на масло, тестирање и интеграција во системот, што се очекува да трае приближно 10-12 дена, во зависност од временските услови. Техничките тимови на МЕПСО се целосно подготвени и гарантираат дека монтажата ќе се заврши што е можно побрзо, и покрај предизвиците што ги носи зимскиот период.

Откако ќе биде оперативен, овој трансформатор ќе одигра клучна улога во стабилизирањето на мрежата, намалувањето на ризикот од каскадни прекини и исполнувањето на зголемените енергетски потреби за време на зимската сезона.
Монтажата на овој трансформатор во ТС Битола 2 не само што ќе ја стабилизира енергетската мрежа во Југозападна Македонија, туку и значително ќе го намали ризикот од прекини во снабдувањето за време на критичните зимски месеци.
АД МЕПСО ги уверува граѓаните дека се преземаат сите можни напори за обезбедување стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија за регионот и пошироко.

Continue Reading

Бизнис

ЕЛС бара нови партнери за франшизи во градовите низ Македонија

Published

on

Еко Логистик Сервис (ЕЛС), водечкиот логистички и поштенски бренд во Македонија, отвора можност за соработка со локални претприемачи преку франшизен модел на работа. Компанијата е во потрага по партнери кои ќе управуваат со канцеларии и хабови низ градовите во земјата, од каде граѓаните ќе можат да ги подигнуваат своите пратки.

Со зголемениот наплив на пратки што компанијата го забележува во последниот период, а особено во делот на меѓународните пратки, од ЕЛС велат дека ова е совршена можност за сите претприемачи кои сакаат да станат дел од докажаниот бренд.

„Во последниов период сведоци сме на значителен пораст на пратките, што претставува нова можност за развој на мрежата на ЕЛС. Сакаме да ги прошириме нашите капацитети со нови партнери кои ќе го препознаат потенцијалот и придобивките од оваа соработка,“ велат од компанијата и додаваат дека заинтересираните претприемачи можат да поднесат апликација на официјалната веб-страница на ЕЛС, на info@els.mk или да се јават на 076/234-926.

ЕЛС е ексклузивен доставувач на Али Експрес за Македонија, што дополнително го зголеми и обемот на работа, со што се отвори и можноста за отворање поголем број хабови. Со оглед на стабилноста на компанијата која е водечки бренд на пазарот, ова би значело можност за бизнис со минимален ризик и побрз поврат на инвестицијата.

Во моментов, ЕЛС располага со 40 хабови кои се под франшиза и кои во последнава година поради огромниот наплив на пратки, двојно го зголемија својот приход и бројот на доставени пратки.

Компанијата има речиси 75% пазарен удел во пратки за кореспонденција и 62% во пакетските услуги. ЕЛС обезбедува целосна техничка и логистичка поддршка за успешна работа, вклучувајќи системи за следење на пратките, обука за персоналот и оптимизација на процесите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк