Официјално започна изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија Авеста батери. во ТИРЗ Кичево. Ова е осма странска инвестиција за само шест месеци од изборот на Владата, соопшти денеска владината прес служба.
Инвестицијата е во вредност од 40 милиони евра, која треба да отвори 600 нови работни места и истата ќе се одвива во повеќе инвестициски фази.
„Имајќи предвид дека изминатите шест месеци се реализираа седум нови странски инвестиции на Алказар Енерџи за изградба на ветерници во општините Радовиш, Штип и Карбинци, е во вредност од 500 милиони долари и 630 нови вработувања, инвестицијата на Епсотех за изградба на развојно истражувачки центар, алерти центар во вредност од 20 милиони евра и нови 110 вработувања, инвестицијата за производство на сопирачки за шински возила на американскиот Вебтек во вредност од 35 милиони евра и нови над 100 вработувања, инвестиција за производство на литиум јонски батерии на германската компанија БМЗ груп во вредност од 65 милиони евра и нови 700 вработувања, инвестиција на Брејнчајд во вредност од 8,5 милиони евра и вработување на околу 200 лица, инвестиција на германската Костал од 50 милиони евра и нови 250 вработувања, како и инвестицијата на АД Бау интернационал во вредност седум милиони евра и отвора 200 нови вработувања, и инвестицијата на Авеста батери во вредност од 40 милиони евра и 600 нови вработувања е осмата странска директна инвестиција, со што бројот на ново отворени работни места се зголеми за скоро 2.800“, се појаснува во соопштението.
Овие инвестиции, се подвлекува, директно придонесуваат за поттикнување на економскиот раст на Македонија, како и поттикнување на локалниот економски развој.
„Градиме политика која значи подобрување на животниот стандард на граѓаните. Ја трансформираме Македонија напред и создаваме подобра иднина и надеж за сите граѓани. Посветено работиме на економскиот напредок на државата и отворање на нови работни места“, се наведува во соопштението.
Еко Логистик Сервис (ЕЛС), водечкиот логистички и поштенски бренд во Македонија, отвора можност за соработка со локални претприемачи преку франшизен модел на работа. Компанијата е во потрага по партнери кои ќе управуваат со канцеларии и хабови низ градовите во земјата, од каде граѓаните ќе можат да ги подигнуваат своите пратки.
Со зголемениот наплив на пратки што компанијата го забележува во последниот период, а особено во делот на меѓународните пратки, од ЕЛС велат дека ова е совршена можност за сите претприемачи кои сакаат да станат дел од докажаниот бренд.
„Во последниов период сведоци сме на значителен пораст на пратките, што претставува нова можност за развој на мрежата на ЕЛС. Сакаме да ги прошириме нашите капацитети со нови партнери кои ќе го препознаат потенцијалот и придобивките од оваа соработка,“ велат од компанијата и додаваат дека заинтересираните претприемачи можат да поднесат апликација на официјалната веб-страница на ЕЛС, на info@els.mk или да се јават на 076/234-926.
ЕЛС е ексклузивен доставувач на Али Експрес за Македонија, што дополнително го зголеми и обемот на работа, со што се отвори и можноста за отворање поголем број хабови. Со оглед на стабилноста на компанијата која е водечки бренд на пазарот, ова би значело можност за бизнис со минимален ризик и побрз поврат на инвестицијата.
Во моментов, ЕЛС располага со 40 хабови кои се под франшиза и кои во последнава година поради огромниот наплив на пратки, двојно го зголемија својот приход и бројот на доставени пратки.
Компанијата има речиси 75% пазарен удел во пратки за кореспонденција и 62% во пакетските услуги. ЕЛС обезбедува целосна техничка и логистичка поддршка за успешна работа, вклучувајќи системи за следење на пратките, обука за персоналот и оптимизација на процесите.
Еден од најпопуларните фаст фуд ланци во Скопје, сендвичарата 7ца повторно ги зголеми цените на храната. Популарниот хамбургер во моментов се продава по 250 денари што е зголемување од последната цена која изнесуваше 220 денари.
Седмица со години е сендвичара со најмногу приходи во бизнисот.
Во првиот блок, како што наведе, зголемувањето е 0,68 проценти, во вториот за 0,9 проценти, во третиот за 1,93 проценти, во четвртиот за 2,24 проценти, додека во евтината тарифа за 0,9 проценти.
– Тоа значи дека едно просечно домаќинство во државата кое има сметка од 2300 денари, зголемувањето ќе има зголемен трошок од 21 денар, рече Бислимоски на прес- конференција.
Согласно барањето на ЕВН хоум, цената за домаќинствата, како што рече, требаше да се зголеми за 4,4 проценти.
– Во најголем дел немавме разлики, а единствената разлика која постои меѓу тоа што сега го одобривме и тоа што го достави ЕВН е во однос на факторот на корекција и за да обезбедуваме ценова стабилност и цени кои ќе имаат минимално влијание врз вкупните трошоци за електрична енергија на граѓаните постапивме на овој начин. Како што ветивме, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за 0,92 проценти, рече Бислимоски.