Connect with us

Македонија

Николоски: Ние и нашите семејства бевме следени, се фалсификуваа извештаи за нас

Published

on

– Бевме физички следени, ние и членови на нашите семејства, ваши колеги новинари беа на платени списоци на тајните служби со цел да не оцрнуваат, се фалсификуваа извештаи за нас кои беа праќани до одредени странски ентитети. Во скоро време тие ќе излезат во јавноста, како и еден факт дека цел сет на луѓе беа стигматизирани и во јавноста и помеѓу стратешките партнери со цел да бидат елиминирани за тие коишто имаат интереси во тајните служби да продолжат да ги остваруваат тие интереси, изјави во „Само интервју“ Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт во владата на Христијан Мицкоски.

Македонија

ШПАНСКИ ТИНЕЈЏЕРИ СЕ ПРИВЕДЕНИ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Патувале со родителите и носеле куп петарди

Published

on

На граничниот премин Меѓународен Аеродром – Скопје, полициски службеници лишиле од слобода две шеснаесетгодишни лица шпански државјани, кои патувале со своите родители, а поради тоа што при ПДЗ контрола кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

За настанот бил известен дежурен ЈО од ОЈО Скопје и обвинител за малолетни лица, и биле дадени насоки против малолетниците да се поднесе прекршочна пријава по основ на Закон за експлозивни материи, а додека со родителите да се изврши информативен разговор, информира МВР.

Continue Reading

Македонија

Гореше автомобил во Битола

Published

on

Во Секторот за внатрешни работи – Битола, ноќеска на полноќ било пријавено дека на улицата „Глигор Прличев“ настанал пожар во патничко моторно возило марка „пежо“ со битолски регистарски ознаки. Тоа било сопственост на В.А .од Битола.

Од СВР – Битола соопштија дека пожарот бил изгаснат од страна на битолската Територијална противпожарна единица. Повредени лица нема, причинета била материјална штета. Увидот го извршила увидната екипа на СВР – Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Continue Reading

Македонија

Тепачка пред казино интервенирала полицијата

Published

on

Физичка пресметка се случила рано утрово пред казино во Неготино, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.  

– Утринава во 04.15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле А.Ј.(39) од неготинско село, затоа што пред казино во градот, тој и неготинецот Д.Ј.(35), по  вербална расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, појаснија од СВР Велес. 

Оттаму додадоа дека со Д.Ј. бил извршен службен разговор, а А.Ј. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк