Connect with us

Балкан

Избодена девојка пред ресторан во една белградска населба

Published

on

Девојката А.Љ. била избодена синоќа во Сурчин во доцните часови пред ресторан во оваа белградска населба.

Како што пренесуваат српските медиуми, во моментот на нападот, жртвата стоела пред ресторан со својата пријателка. Во еден момент им пришол млад човек и ја избодел девојката која останала облеана во крв на самото место.

Пријателката повикала полиција и брза помош. Повредената девојка со тешки повреди е пренесена во болница, а според информациите состојбата ѝ е стабилна и не ѝ е загрозен животот.

По нападот полицијата веднаш ја започна операцијата Вихор. Набргу бил уапсен осомничениот А.О.(25). Како што пренесуваат медиумите, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде предаден на дежурниот истражен судија./Извор:Makfax

Балкан

Силен земјотрес ја стресе Албанија

Published

on

Силен земјотрес со јачина од 4 степени според рихтер ја погоди Албанија.

Continue Reading

Балкан

СТРАШНА СИТУАЦИЈА, АМЕРИКА ЌЕ ВОВЕДЕ ЦЕЛОСНИ САНКЦИИ ЗА „НАФТЕНАТА ИНДУСТРИЈА НА СРБИЈА“ Сакаат да нè натераат да ѝ воведеме санкции на Русија, ама јас не можам да го кажам тоа

Published

on

Претседателот на Србија рече дека ќе бара решение и ќе разговара и со Русите и со Американците и додаде дека сега е јасно зошто инсистирал да се изгради нафтовод до Унгарија.

За неколку дена Соединетите Американски Држави ќе воведат целосни санкции против компанијата Нафтена индустрија на Србија (НИС) поради руската сопственост, најави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ во телевизиско интервју.

– Се разбира, ова ни отвора проблеми со нашите руски пријатели за сè, од политички, до сè друго. Која е целта? Можеби треба да им наметнеме санкции ? И сега што? По 3 години да излезам да кажам, еве воведуваме санкции против Русите? Страшна ситуација. Не е реално. Во секој случај, не знаеме до кога ќе ни остават рок. Не може од денеска, па сега убијте се Срби. Треба да видиме што ќе пишува, кој ќе биде рокот и да видиме што мислат со тоа. Па да видиме дали руската сопственост може да се сведе само под 50%, па да преговараме со Русите, не знам, но тие имаат 56 отсто или нешто, за да го купиме тој дел. Или не смееме  воопшто или не знам што сакаат да кажат – рече Вучиќ.

Имаме разговор и за гасниот аранжман, додаде Вучиќ, би требало да разговараме со Русите за гасниот аранжман.

– Значи, се договоривме за оваа зима и добро функционира. Штом видов дека Бугарите зборуваат нешто за тоа, разбрав во кој правец се оди. Значи, сега ќе видиме. Треба да го почекаме завршниот чин, да ја видиме содржината на санкцијата, да разговараме со Американците. Мора да ни остават одреден рок. Дали тој рок е 10 дена, 15 дена, месец, 2, 3 или 6? немам поим. Тие мора да ни остават одреден рок, но, никој од нас не може да си игра – изјави Вучиќ.

Ова е геополитичка одлука, додаде тој.

– Сега гледате зошто ни требаше и зошто инсистирав да се изгради нафтовод до Унгарија. Ќе најдеме решение. Момци, ќе најдеме решение. Мора да разговараме и со Американците и со Русите што да правиме – изјави Вучиќ.

Што и да правиме, тешко е и нема добри решенија, додаде српскиот претседател.

– Таа одлука е пресметана да нè принуди да воведеме санкции за Русите. А јас тоа не можам да го кажам. И не ми се верува дека тие сега проценуваат дека ќе ги победат Русите, со тоа што во геополитичките разговори ќе имаат мала мала компанија од Србија – вели Вучиќ.

Continue Reading

Балкан

Настап на Македонска фолклорна група “Преспа” од Општина Пустец во фолклорниот фестивал во Корча (ФОТО)

Published

on

Настап на фолклорната група “Преспа” од Општина Пустец на фолклорниот фестивал во Корча, Албанија организиран од Округот на Корча. На фестивалот настапија фолкорни групи на општините што го сочинуваат Округот на Корча.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк