Connect with us

Македонија

Шест скијачи се загубиле на Попова Шапка поради маглата, во спроведена акција успешно се спасени

Published

on

Шест лица кои се изгубиле на Попова Шапка, поради густата магла и новиот снег, беа пронајдени и успешно евакуирани благодарение на брзата реакција на службите за итни случаи.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), вчера преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, била добиена пријава дека група скијачи не можеле да се ориентираат по патеката. Проблемот настанал кога, по качувањето со скии-лифт на горните патеки, во моментот кога се обиделе да се спуштат, паднала густа магла, а снежната покривка не била изгазена од други скијачи, што им ја отежало ориентацијата.

„Скијачите веднаш се јавиле за помош на бројот 112, по што биле известени СВР Тетово и раководителот на РЦУК Тетово“, велат од ЦУК.

Првиот успех во потрагата се постигнал кога вработениот на ски-лифтот успеал да ги пронајде петте од изгубените лица, а во 16:15 часот било пронајдено и шестото лице. Прво, сите биле згрижени во полициската станица на Попова Шапка, а потоа безбедно се вратиле во своите домови.

Од ЦУК упатуваат апел до сите посетители на зимските туристички центри да бидат внимателни и да се информираат за условите пред да се упатат на патеките.

Македонија

Илиевски: Ниту едно дете во Брвеница нема да чека место во градинка

Published

on

Грижата за најмладите останува врвен приоритет на Општина Брвеница и Владата на Република Северна Македонија.

Градоначалникот Јовица Илиевски објави дека, по барање на Општината, Министерството за труд и социјална политика ќе започне со реализација на два значајни проекти: изградба на нова детска градинка во село Челопек и проширување на постоечката градинка во село Брвеница.

Со ова, ќе се стави крај на проблемот со недостатокот на простор за упис на деца во градинките.

„Ова е доказ за важноста на соработката меѓу централната и локалната власт. Општината најдобро ги познава потребите на своите жители, а кога тие се адресираат соодветно, резултатите се видливи преку реализација на значајни проекти за граѓаните,“ истакна Илиевски.

Овие инвестиции се уште еден чекор кон подобрување на условите за живот во општина Брвеница, со фокус на најмладите генерации и нивната иднина.

Continue Reading

Македонија

Касами: Именувањето на улиците ќе ја почитува историјата, идентитетот и заедничките вредности

Published

on

Денеска на брифинг со новинарите во Општина Тетово, одржавме отворена и конструктивна дискусија за прашања од особено значење за граѓаните на Тетово. Дел од опфатените теми беа:

Именувањето на улиците во Тетово, процес кој не само што ја почитува нашата историја и идентитет, туку и заедничките вредности што сакаме да ги наследиме. Овој процес ќе биде транспарентен и сеопфатен, во корелација со заедницата и експертите.

Проблеми на Попова Шапка, каде што се залагаме овој туристички центар да го направиме поатрактивно место за посетители, адресирање на инфраструктурните недостатоци и запоставувањето изминатите години. Не можеме да толерираме ова природно богатство да остане заложник на тесни интереси.

Генерален урбанистички план (ГУБ), каде што нашиот пристап е јасен: одржлив развој, заштита на животната средина и почитување на законот. На Тетово му треба урбана визија која ќе им служи на граѓаните, а не на интересите на одредени групи.

Нашата работа не застанува тука. Преку дијалог, отчетност и соработка, решени сме Тетово да го направиме модел на добро владеење и одржлив развој.

Ви благодариме за Вашето учество и прашањата! Гласот на граѓаните и нашата отчетност остануваат темел на нашата работа.

Објави на facebook Билал Касами градоначалник на општина Тетово

Continue Reading

Македонија

Сашко Коцев го негира инцидентот: Не знаев дека се полициска придружба, брзав, детето ми плачеше позади

Published

on

Актерот Сашко Коцев тврди дека не удрил во полицаец откако низ медиумите се појавија вести дека удрил со возило во полицаец, по што го напуштил местото.

Актерот Коцев за „Слободен печат“ вели дека не го удрил полицаецот со своето возило, ниту пак знаел дека се работи за полиција.

– Не ги видов дека биле полицајци. Беа во цивилка, не знаев дека се полициска придружба. Не беа униформирани. Јас ги прашав кои сте вие да блокирате пат и си продолжив со возилото, а тој ми одговори „сега ќе видиш кој сум“. Јас брзав, детето ми плачеше позади. Но, не го удрив, тој се поттргна, посочи Коцев за СП. 

Според полицискиот билтен, околу 19.15 част во Скопје, на подрачјето на Центар, С.К., управувајќи возило „фолксваген“ не застанал на знак за запирање даден од полициски службеник кој извршувал службени дејствија, агресивно се однесувал, по што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото. 

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк