Connect with us

Инфо +

Денеска ги славиме Светите Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор

Published

on

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив

Христијани од Персија. Пострадаа за време на Сапор (Савориј) во 355 година. Првите тројца беа слуги на дворецот на истиот цар, но тајно Му служеа на својот Господ Христос. Кога беа обвинети и изведени на суд пред царот, тој ги праша од каде се. На тоа одговорија: „Наша татковина и наш живот е Пресвета Троица, единосушна и неразделна, Отецот и Синот и Светиот Дух, едниот Бог“. Царот ги удри на големи маки , но тие претрпеа јуначки с ѐ со псалмопение и молитва на усните. За време на мачењата и во затворот повеќепати им се јавуваа Божји ангели, а еднаш и Самиот Господ Христос како човек „со лице светло како сонце“. Штом еден од мачителите, Автониј, го виде чудото кога врелото олово не им наштети на мачениците, поверува во Христа и возвикна: „Голем е христијанскиот Бог!“ За ова веднаш го убија со меч. И многумина други видоа и поверуваа. Тогаш царот нареди и во кожни мевови ги зашија Акиндин, Пигасиј и Анемподист и ги фрлија во морето. Но им се јави од оној свет Св. Автониј со тројца светли ангели, ги изведе Светите маченици на суво и ги ослободи. Елпидифор беше царски големец. Кога изјави дека е христијанин и го изобличи царот за убивањето на невините христијани, царот го осуди на смрт. Го убија Елпидифор и околу седум илјади други христијани со него. А оние тројца први маченици најпосле ги фрлија во огнена печка, заедно со дваесет и осум војници и со мајката на царот, бидејќи и тие поверуваа во Христа. Во тој пламен ги предадоа нивните праведни души во рацете на својот Господ.

Преподобен Маркијан Кирски

Од градот Кир во Сирија. Се одликуваше со благородно потекло и со вонредна телесна убавина. С ѐ остави заради Христа и се повлече во пустината Халкидска заради отшелнички подвиг. Тој е современик на патријархот Флавијан Антиохиски и на царевите Констанциј и Валент. Во неговата келија ноќе светеше Божествена светлина, под која го читаше Светото Писмо и никогаш немаше потреба од друга светлина. Беше голем чудотворец за време на животот и после смртта. Пред смртта му заповеда на својот ученик Евсевиј да го скрие неговото тело и тајно да го закопа, заради мноштвото обожаватели. Се упокои во Господ во 387 година.

Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски

IМногумина мислат дека по потекло бил Словен. Блажениот Јероним го истакнува како маж учен и благочестив. Знаеше подобро грчки одошто латински. Напиша толкувања на неколку книги на Стариот и Новиот Завет. Пострада за верата Христова околу 303 година.

Скопје

Се бара притвор за скопјанката која вчера прегази човек на пешачки

Published

on

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против една осомничена за кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот од член 297 став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената 42-годишна скопјанка на 31 јануари управувала со автомобил “Цитроен Ц1” со скопски ознаки по булеварот “Кузман Јосифовски – Питу”. Кога дошла до крстосницата со улицата “Бојмија” и пешачки премин, не ја прилагодила брзината доволно за да може да го запре возилото, да ги пропушти и да не ги загрози пешаците кои веќе поминувале на пешачкиот премин. Затоа со автомобилот осомничената удрила во телото на 38-годишен пешак, кој од ударот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар каде му била укажана помош, па бил пуштен на домашно лекување. Осомничената, по несреќата, веднаш го напуштила местото без да му укаже помош на повредениот што исто така е кривично дело кое и се става на товар.

Имајќи ги предвид сите околности, а пред се фактот што осомничената практично побегнала од местото на извршување на делото без да помогне на жртвата и подоцна не се пријавила сама, јавниот обвинител оцени дека е потврдена опасноста таа да се обидува да ја избегне постапката и кривичната одговорност, па на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерка притвор за нејзино обезбедување.

Continue Reading

Македонија

Васил Јованов завршил во самица откако му беше пронајден мобилниот телефон

Published

on

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, за „360 степени“информираше дека на 20-годишникот Васил Јованов му е одземен телефонот, а во затворот биле направени претреси.

-Направени се претреси во ќелиите, најдени се и други телефони, на Јованов телефонот му е одземен. Ќе биде спроведена истрага, од снимките ќе се обидеме да утврдиме кој е виновникот, кој му го дал телефонот и тој ќе биде избркан од работа. Јованов ќе биде преместен во самица – изјавил Пандов.

За телефонот на Јованов реагираше и СДСМ а од семејството на починатата Кулакова бараат секторот за внатрешна контрола во МВР да го пронајде одговорниот што го снабдил со мобилен телефон Јованов.

„Дали ќе се дозволи корупцијата што ја уби сестра ми и понатаму да владее, чие дете е следно?“ праша Росица Кулакова, сестра на трагично загинатата Фросина Кулакова.

Continue Reading

Македонија

Дурловски: Судот не смее да се спаси за скандалот со ослободениот возач убиец

Published

on

Оперскиот печај Игор Дурловскинкој и самиот беше жртва на судски прогон во крајно контроверзни околности бара судот не смее да се спаси за скандалот со ослободениот возач убиец Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова.

,,НЕ СМЕЕМЕ да дозволиме судот да остане недопрен, кривицата да се разлева низ соопштенијата на истиот, а суштината на протестот да исчезне зад крвавите раце што носат“знамиња”на туѓи борби.
НЕ МОЖЕ овој случај да биде само уште еден пасус во историјата на нашата колективна немоќ”, порачува Дурловски кој ги коментира обидите на Кривичниот суд во Скопје кој не сака да преземе одговорност што убиецот не бил осуден според законот и слободно дивеел низ Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк