Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев по последните акции на МВР, вели дека нема да дозволат Македонија да биде упориште на криминални групи.
Истакнува дека никој не е и нема да биде поштеден, а државата ќе биде вратена во рацете на граѓаните.
-Криминалот во Македонија не е исплатлив, спокојот на граѓаните е наша одговорност. Сузбиена е осумнаесетчлена организирана криминална група составена од лица од Скопје, кои подолг временски период биле инволвирани во сериозен насилен криминал и недозволена трговија со оружје. Претресени се 24 лица на 30 локации, 28 во Скопје и две во Велес. Пораката е јасна. Нашата борба против криминалот е постојана и одлучна. Работиме максимално посветено на обезбедување на безбедноста и стабилноста на земјата, објави Јанев.
Директорот посочува дека секој што ќе се огреши пред законот, ќе биде изведен пред лицето на правдата.
Со години наназад немало акција за масовна борба против дилерите на дрога. Општо е познато дека функционери на минатата власт, почнувајќи од премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и низа други од СДСМ и ДУИ одржуваа контакти со дилерите, се среќаваа и сликаа со нив на јавни места, и само кога групата дилери кои се под заштита на полицијата имаше проблем со нови играчи на тернот ќе се случеше некое апсење на двајца-тројца од противничкиот табор. Од десетиците такви јавно познати фотографии ја објавуваме, за пример, оваа на која Талат Џафери, претседателот на тогашното собрание, е во ресторан со Јетон Кривањева Жила, убиен во нарко пресметка во старата чаршија во Скопје.
При акцијата за Штекли фатен е и информатор од МВР кој доставувал информации до дилерите за полициските акции и одземен му е телефонот. Кртот од полицијата за пари соработувал со Штекли, но и со нарко кланот Беланоца. Работите почнаа да се менуваат од корен. Дилерите се гонат масовно, од врвот до дното.
На 18/19.01.2025 година Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции по повеќе месечно криминалистичко истражување спроведе полициска акција, во која е сузбиена 14 (четиринаесет члена) организирана криминална група составена од лица од Скопје, на чело со познатиот дилер Раде Трајковски Штекли (41), уапсен во Гевгелија при обид за бегство.
Штекли е познато лице во светот на дилерите. Три пати преживеал обид за убиство по познатите пукања во молот Исте гејт, последен пат лани во ноември кога во дворот на неговата куќа во Керамидница е фрлена бомба а тој заврши во болница со повреди.
Пресметките на нарко дилерите од клановите Барон/Беланоца и Дуќанџик траат со години, а меѓу дилерите е јавна тајна дека изминатите години полицијата соработувала со чаирската група Дуќанџик и Барон, а кога ќе затребало апсела припадници на арачиновците од другиот клан или дилери за кои шефовите на кланот сметале дека ги поткраднуваат бандите.
„Дуќанџиќ“ – името го добила од скопското маало во близина на Бит-пазар и пластичарската улица, од каде што е водачот на оваа група, која прибирала и лица и од други скопски населби. Повремено, ако има интерес, им се придружуваат и припадници на кланот “Барон“ кои, пак согласно интересот, повремено соработуваат и со кланот “Беланоца“.
„Беланоца“ – името го добила според кумановското село Белановце, кое на албански се вика Беланоца, од каде што потекнуваат основачите на овој клан и нивните наследници.
Трите обиди за убиство на Штекли се поврзуваат со нарко кланот Барон/Беланоца, иако за третото постојат и други информации. Кланот Барон е именуван по кафич во Чаир, помеѓу останатото, има и повратници од војната во Сирија и се бори за преземање на дилерскиот бизнис со кланот Дуќанџик поради што во 2023-та е во Грција е убиен Орхан Ибраими Оки.
Според деталите објавени во грчките портали, двете маскирани лица стигнале во изнајмениот апартман со мотор, во луксузниот хотел Сани Вилас во Ханиоти на Халкидики во Грција и испукале 20 куршуми. Бајрами починал на лице место, а Сеад Слезовиќ е повреден. Двајцата требало дента на пладне да го напуштат хотелот.
На убиството на Орхан Ибраими Оки му претходеа две убиства: во скопскаиот кафич Шиша бар на еден од главните водачи на криминалната група „Дуќанџик“, Јетон Кривањева Жила и Енес Исеинов Љаци од истата група, а дел од куршумите завршил во нозете на трето лице што седело со нив.
Потоа, во Приштина беше изрешетан Бљерим Даци, македонски државјанин од Чаир, а неговото безживотно тело беше најдено во автомобил со македонски регистерски таблици. Даци бил осомничен за убиството што се случи во „Шиша бар“, објавија косовските медиуми.
Даци во Приштина беше изрешетан со калашников, но и главните водачи на криминалната група „Дуќанџик“ блиски до Оки, беа изрешетани со калашникови. Бљерим Даци во Косово употребувал лажни документи, па го сменил презимето во Бљерим Шабани. Од МВР во времето на Оливер Спасовски не објаснија од каде му се на Даци лажните лични документи. Даци во Македонија бил во куќен притвор за недозволено изработување, држење и тргување со оружје, потврдија од Кривичниот суд.
Симптоматично е дека во времето на владеење на СДСМ и ДУИ убиствата на нарко дилерите противничката група ги најавуваше преку социјалната мрежа Тик Ток, и никој во полицијата не презема ништо за тие најави да се проверат, анализираат и да се преземе акција против пукачите или истрага за таргетираниот Раде Штекли кој, очогледно, бил важен член на нарко бизнисот. Никој од лидерите и главните организатори на нарко дилерите никогаш не е осуден на казна која до крај ја издржал во затвор.
Радио Слободна Европа пренесе објава на албанската ТВ Ора дека има прислушувања кои покажуваат дека високи функционери од владејачката коалиција во Македонија директно интервенирале за да се оневозможи успешна операција против шверц со дрога преземена од странска агенција. Телевизијата објавува дека бил вмешан и Трајче Заев, брат на поранешниот премиер. Владејачките партии, но и Зоран Заев не се огласија. Во прилог со наслов: „Аудио снимките што го загрижија Трајче Заев: Не ја издавајте книгата!“.
Порталот Вечер.мк објави две анализи уште на 17 септември 2019 и во јануари 2021 за организирна акција на американската агенција за борба против нарко трговијата, ДЕА почнати уште во 2018-та, во соработка со македонската полиција но, Оливер Спасовски и Зоран Заев ја разбија групата на ДЕА во МВР со смена на Лазе Велковски, директорот на бирото за јавна безбедност.
Проценките се дека украдените два тона марихуана чинат околу 6 милиони евра. Сопственик на марихуаната била фирма Херб индустри регистрирана во Јосифово.
Имено, товарот таму бил сместен во камион во 230 кутии кој заминал од погонот рано утрината во четвртокот, а чуварот пријавил дека станува збор за грабеж. Грабежот беше удар на интеерсите на кланот Заеви и полицијата влезе во Арачиново да ја одземе и врати марихуаната на сопственикот. Според изјава на сега суспендираниот шеф на Вишото обвинителство во Скопје, Мустафа Хајрулаи, и покрај неговото инсистирање за истрага околу марихуана фатена кај арачиновци тоа не се случило бидејќи надлежниот обвинител ја запрел истрагата.
Дека власта на СДСМ и ДУИ имале директна соработка и комуникација со избрани нарко дилери на чаирската нарко група покажува и настанот со украдената марихуана од магацин во Јосифово, во 2020 година, време кога беше врв на производтсво и трговија со марихуана која според подознежните информации била под контрола на семејството Заеви.
Финално, владата на Зоран Заев, на општина Арачиново и исплати вкупно еден милион евра, две уплати од по 500.000 евра, од кои едната во декември 2020-та, во исто време кога полицијата ја одзема марихуаната од Арачиново, како “помош“ за ковид кризата иако ниту една општина во Македонија не доби такви пари за таа намена. Јавноста оцени дека милион евра од буџетот се платени за да се врати марихуаната на кланот Заеви.
На 18.01.2025 година во 15,15 часот во Тетово на улицата „Маршал Тито”, пред угостителски објект, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.Х.(54) од село Лавце, а по претходна пријава во ПС Тетово од страна на неговата 42 годишната сопруга дека во нивниот семеен стан во Тетово, по вербална расправија физички ја нападнал.
Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 18/19.01.2025 година, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќе месечно криминалистичко истражување спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 14 (четиринаесет члена) организирана криминална група составена од лица од Скопје.
Криминалната група подолг временски период беше инволвирана во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога. Основаните сомневања се дека организаторот на криминалната група преку нејзините припадници вршел дистрибуција и улична продажба на наркотична дрога директно до корисниците.
Криминалната група подолг временски период беше инволвирана во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога. Основаните сомневања се дека организаторот на криминалната група преку нејзините припадници вршел дистрибуција и улична продажба на наркотична дрога директно до корисниците.
При реализацијата, постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија на претходна постапка, извршени се претреси кај 16 лица, на вкупно 21 локации на подрачјето на Скопје и Гевгелија. При претресите пронајдени и одземени се поголем број разни предмети за кои ќе биде извршено форензичко вештачење.
Меѓу пронајдените и одземени предмети се и повеќе поголеми и помали пакувања со непозната прашкаста материја за што исто така ќе се вршат дополнителни вештачења за видот и количината на истата. Во текот на денешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против четиринаесет лица до надлежното Јавно Обвинителство, а истите ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка.
Имајќи во предвид дека оперативно тактичките активности се уште траат во координација со надлежниот Јавен Обвинител, јавноста дополнително ќе биде известена со повеќе информации.