Connect with us

Македонија

Посетата на Али Ахмети во Косово: Средба со опозицијата или координација со Артан Груби?

Published

on

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, се наоѓа во посета на Косово, каде што официјално одржува средби со лидерите на опозициските партии во пресрет на изборите кои треба да се одржат во февруари. Меѓутоа, оваа посета предизвика сомнежи и разни дилеми околу вистинските причини за неговото патување, земајќи ги предвид последните случувања поврзани со еден од неговите најблиски соработници, Артан Груби.

Груби, кој неодамна се пресели во Косово, се соочува со сериозни истраги од Обвинителството на Северна Македонија за наводна вмешаност во корупција и други криминални дела, а воедно се наоѓа и на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави. Токму во моментот кога Груби ја напушти земјата, посетата на Ахмети во Косово предизвика шпекулации дека можеби е поврзана со средба и координација со поранешниот вицепремиер, отколку со темите поврзани со изборите во Косово.

Претходните изјави на Груби, кој јавно изјави дека „во политиката не правам ништо без знаење на претседателот Али Ахмети“, уште повеќе ја продлабочуваат оваа дилема. Дали посетата на Ахмети е обид за разговор и координација со Груби во врска со истрагите и обвиненијата што го оптоваруваат? Или, пак, станува збор за обична посета во рамките на изборите во Косово?

Нејаснотиите остануваат отворени, а одговорите на овие сомнежи може да се разјаснат во наредните денови. Она што е јасно е дека времето и околностите на посетата воопшто не се случајни.

Македонија

Зимската приказна на ваш дофат – Општина Битола ја објави програмата 

Published

on

Општина Битола соопшти дека програмата на „Зимска приказна“ е јавно достапна до љубители на новогодишната магија. „Зимска приказна“ трае од 20 декември до 6 јануари и е манифестација која општината ја реализира четврта година по ред, а има за цел да го поттикне културниот туризам и да овозможи прекрасна предновогодишна атмосфера во Битола. Со својата разновидност, програмата е дизајнирана да ги допре сите срца – од најмалите, кои со нетрпение ја очекуваат магијата на зимата, до возрасните, кои ќе уживаат во незаборавни моменти со своите најмили. Битола со ова станува пример како се слави духот на празниците со радост и културна елеганција.

Отворањето е овој петок – 20 декември во 17:30 ч. со Дефилето на Дувачкиот оркестар на Државното музичко училиште од Битола, почнувајќи од Офицерскиот дом до Плоштадот „Магнолија“, а ќе следи и отворање на лизгалиштето со настап на ЗГ Танцов спортски клуб „Експоуз“ со „Танцот на снегулките“. Преостанатите денови, Битолчани и сите уживатели ќе уживаат во различни музички настапи и концерти, фестивали, забави, базари, сценски настапи и изведби и сл. 

Програмата ја крастат уметници како Андријана Јаневска, Димитар Андоновски, Ѓоко Танески, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, а и младите претставници на Македонија на „Детска Евровизија 2024“, Ана Ванчовска и Алексеј Ивановски. Покрај нив, во раскошната програма се вклучени разни локални групи од различен уметнички карактер, а оваа програма ќе заврши со испраќањето на Бадниковите Поворки на 6 јануари.

Од општината споделуваат дека покрај своите Битолчани, разновидната програма и предновогодишниот дух би требало да ги привлечат и жителите на околните градови, со што градот ќе се претвори ќе заличи навистинска зимска бајка и центар на новогодишната магија.Секој настан е внимателно осмислен за да донесе топлина и магија на градските улици, трансформирајќи ги во сцени од бајка кои поттикнуваат насмевки, заедништво и радост кај сите посетители. 

​Оваа иницијатива е вистинска зимска бајка која ги зближува семејствата и ги радува најмалите со искрена радост и топлина. Општината создава посебна предновогодишна атмосфера каде што љубовта, заедништвото и празничниот дух се во центарот на вниманието. Со активности за сите генерации, ова претставува можност да се споделат убави моменти, да се создадат спомени и да се почувствува магијата на празниците. Манифестацијата зрачи со топлина и го носи предновогодишниот сјај на секое семејство.

​Програмата може да ја најдете на следниот линк: https://online.fliphtml5.com/yaixg/qhnq/. Уживајте во новогодишното расположение!

Continue Reading

Македонија

Артан Груби да не се пазари и не бега, да се врати и да докаже пред суд колку е „чист како солза“ и ако има храброст, да се соочи со доказите

Published

on

Артан Груби е епицентарот на сите скандали и афери изминатите години. Нема скандал а да не се поврзува со името на Груби. Како кула од карти се сруши наративот на ДУИ дека се борат за ЕУ и зелени агенди. Артан Груби и врхушката на ДУИ, блиски соработници на Али Ахмети под превезот на демократија, правда и зелени агенди се борат исклучиво за да го заштитат крупниот капитал стекнат на криминален начин, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија за да докаже колку е чист како солза.

Груби веднаш откако се најде на црната листа на САД, а потоа и во центарот на кривична постапка за милионски криминал ја напуштил државата по ставањето на црната листа на САД а пред отпочнување на кривичната постапка против него.

8 милиони евра е криминалот во АД Лотарија на Македонија во кој главната улога ја имаат Артан Груби како вицепремиер и Пeрпарим Бајрами како директор на Лотарија.

Артан Груби да не се пазари и доколку е чист како солза како што самиот тврди, да се врати во Македонија и да си докаже пред суд доколку има храброст“, потенцираа во соопштението.

Одговорност за милионскиот криминал кој го направил Груби мора да има. Одговорност за корупцијата и криминалот во пандемиски размери на СДС и ДУИ мора да има, нотираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Време е за унапредување на демократијата, владеење на правото и правдата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Continue Reading

Македонија

Рускоска: Груби направи голема грешка што ја напушти државата

Published

on

Одлуките на Владата се колективни и за нив важи функционален имунитет и доколку има криминал треба да се најде одговорност, изјави адвокатот и поранешен член на Антикорупциска комисија Драган Малиновски.

„Треба да се има предвид фактот дека членовите на Владата уживаат имунитет како пратениците во Собранието. Тоа е регулирано со Закон за Влада и сега тоа е таканаречен функционален имунитет и го штити од прогон за искажано мислење донесена одслука, но се разбира таа одлука треба да биде во рамките на дозволеното. Но, тоа не е апсолутна одлука, ако некој како член на Влада или како повеќемина членови на Влада донесат одлука која е базирана на некој коруптивен настан или за некој за што се има докази, во тој случај не ве штити секој одговара. Не е апсолутен имунитетот и не може како таков да се прифати,“ рече Малиновски во дебатата на „Топ тема“ за случајот со Државна лотарија.

Поранешната обвинителка Вилма Рускоска смета дека поранешниот вицепремиер Артан Груби направил голема грешка што ја напушти државата и смета дека „ако останеше овде многу мала беше веројатноста да му се определи притвор“.

Притворот, посочи таа, се одредува по три основи – влијание на сведоци, опасност од бегство и да го повтори делото.

„Ако беше тука која би била таа опасност од бегство, ако му е цело семејство тука и така, да го повтори делото веќе не може, не е на таа функција веќе, а третиот основ остануваше влијание на сведоци, а влијание на сведоци може на други начини да се врши’, рече Рускоска.

По поранешниот прв вицепремиер во Владата вечерва беше распишана потерница, како и по поранешниот директор на Државна лотарија Прпетим Бајрами. Двајцата и уште шестмина други меѓу кои и поранешниот премиер Димитар Ковачевски се осомничени за злоупотреба на службена должност и примање поткуп во случајот Државна лотарија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк