Connect with us

Македонија

Ѓорѓиевски: Урбаното зеленило е основа за здраво и одржливо живеење

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека заштитата на урбаното зеленило е врвен приоритет на општината, при што досегашните мерки и постигнувања ја позиционираат општината како пример за одржлив урбан развој.

Ѓорѓиевски нагласи дека од самиот почеток на својот мандат се работи на темелна ревизија на урбанистичките планови, при што незаконските и штетни планови се поништени. Со тоа, урбанизацијата е ставена во рамките на законските регулативи, кои предвидуваат минимум 20% зеленило на секоја градежна парцела, согласно новиот Закон за урбано зеленило.

„Урбанизацијата не смее да биде на сметка на природата. Зелениот простор е основа за здраво урбано живеење,“ порача Ѓорѓиевски, посочувајќи дека општината во изминатите три години успеала да добие дополнителни 80.000 квадратни метри зеленило преку изградба на седум нови паркови и 13 спортско-рекреативни центри.

Посебен успех за општината, како што истакна градоначалникот, е меѓународниот конкурс за урбанистичкиот план на Расадник, кој наместо претходно предвидените 99 згради, вклучува шума од 100.000 квадратни метри.

Дополнително, Ѓорѓиевски потенцира дека општината има транспарентен пристап кон урбанистичките процеси, при што сите планови се јавно достапни на ГИС порталот, овозможувајќи граѓаните активно да учествуваат во планирањето и следењето на урбаната динамика.

„Со овие мерки покажуваме дека Кисела Вода може да биде пример за тоа како се зачувува зеленилото и како се создава урбана средина што ги става граѓаните и природата на прво место,“ заклучи Ѓорѓиевски, повикувајќи на заедничка заложба за создавање поубава и позелена иднина.

Македонија

Божиновска: 85 милиони долари за праведна транзиција, планот проценет на 3 милијарди евра

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, објави дека за проектите од праведната транзиција се достапни 85 милиони долари, додека вкупните инвестиции се проценуваат на 3 милијарди евра.

На состанокот на Советот за праведна транзиција беа разгледани и усвоени клучни точки од реформската агенда и планот за праведна транзиција до 2025 година. Божиновска истакна дека овие средства ќе бидат насочени кон проекти кои ќе овозможат намалување на зависноста од фосилни горива, развој на обновливи извори на енергија и отворање на нови зелени работни места.

„Ова е историска можност за нашата земја да направи значаен чекор кон одржлив економски раст и заштита на животната средина. Планот за праведна транзиција не е само енергетска стратегија, туку и социјален и економски импулс што ќе донесе конкретни придобивки за граѓаните,“ изјави Божиновска.

Планот за праведна транзиција вклучува финансирање на проекти за декарбонизација, развој на инфраструктура за обновливи извори на енергија, како и поддршка за заедниците кои најмногу ќе бидат погодени од транзицијата.

Министерката нагласи дека Владата ќе работи заедно со меѓународните партнери за осигурување на дополнителни средства, со цел планот да биде успешно имплементиран и да обезбеди економска стабилност и енергетска независност.

Советот за праведна транзиција ќе продолжи со редовни состаноци, при што ќе се следи напредокот на планираните активности и проектите.

Continue Reading

Македонија

Судот мора да поведе постапка за кривична одговорност на конзулот што го префрли Груби на Косово, вели Кекеновски

Published

on

Почесниот конзул кој што го префрлил Артан Груби на Косово, без разлика да свесно или несвесно за постапката што ја презал мора да биде повикан на одговорност пред органите на државата како соучесник кој овозможил бегство на поранешен функционер осомничен за криминал и корупција, смета уневерзитетскиот професор Јове Кекеновски.

-Без разлика дали бизнисменот почесен конзул знаел ли не знаел дека на Груби му е забранет излез од државата, без разлика дали бил свесен или несвесен за постапката која ја превзел тој мора да биде повикан на одговорност пред органите на државата како соучесник кој помогнал односно овозможил бегство на бивш функционер за кого во тој момент надлежниот суд одлучувал за одредување мерка притвор и траела полициската акција, пишува во објава на социјалната мрежа на Фејсбук Кекеновски.

Кекеновски понатаму појаснува дека Виенската конвенција за конзуларни односи не дозволува вакви активности на почесен конзул и судот мора да поведе постапка за кривична одговорност на конзулот.

-Виенската конвенција за конзуларни односи не дозволува вакви активности на почесен конзул. За оваа постапка судот мора да поведе постапка за кривична одговорност на конзулот
Согласно члено 68 од Конвенцијата и факултативниот карактер на институцијта почесни конзуларни функционери, државата домаќин самостојно одлучува дали ќе дозволи и понатаму на нејзина територија да дејствуваат вакви почесни конзули, појаснува во својата објава Кекеноски.

Continue Reading

Македонија

Почесен конзул на Косово моментално е во полициска станица

Published

on

Почесен конзул на Косово во Македонија и бизнисмен, во моментов се наоѓа во полициската станица Карпош, каде дава исказ во врска со истрагата за махинации во Државната лотарија. Во случајот е поврзан и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој се бара од полицијата.

Беше идентификуван како бизнисменот кој со своето возило со дипломатски таблички го превезол Артан Груби до Косово, непосредно пред започнувањето на полициската акција.

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи објави потерница за поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување во процесот на доделување на јавни набавки.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк