Connect with us

Македонија

Прекинот на вода во Скопје од 22 часот во петок до санирање на дефектот

Published

on

По минатонеделното излевање на вода на улицата „Никола Парапунов“ во Општина Карпош, од Јавното скопкско претприкатие „Водовод и канализација“ информираат дека, според информациите што ги имаат, најавениот прекин на вода во Скопје ќе биде по 22 часот во петокот (20-ти декември) и ќе трае сѐ до санирање на дефектот.

Вода во Скопје ќе имаат жителите на Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарска до Американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда висока зона, Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско поле, Новоселски пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански двор, Волково и Орман. Останатите корисиници  ќе бидат без вода, посочуваат од ЈП „Водовод“.

За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Ф-1600, заради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод. Покрај оваа локација, од „Водовод и канализација“ информираат дека ќе бидат санирани уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод, и тоа на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до крстосницата на булевар „Партизански одреди“ со улица „Никола Парапунов“.

„Затварањето ќе биде извршено на затварач Ф-1600, кој локациски се наоѓа во кругот на касарната во Ѓорче Петров, со што во моментот на отпочнување со санација неопходно е затварање на вода на главниот градски цевковод Ф-1600 милиметри. Затварање на вода на главниот градски вод Ф-1600 милиметри се прави еднаш на педесет години, а последно такво затварање било 1991/1992 година за реализација на водоводен приклучок на бунарското подрачје Лепенец. За решавање на дефект од овој тип се изготви оперативен план со кој поефикасно и побрзо ќе се санира. Со овој зафат покрај тоа што се врши санација на дефектите на претходно споменатите затворачи, дирекно ќе се намали загубата на вода од нивно протекување и ќе овозможи ревитализација на потегот од Ѓорче Петров до Карпош“, се вели во соопштението.

Притоа се нагласува дека системска промена на пет децении стари затварачи и рехабилитација на хидротехничката опрема е потребна со цел зголемување на трајноста на водоводната мрежа и подобрување на нивото на притисок во водоводната мрежа.

„Со воспоставувње на зони како адекватен метод за контрола на загубите на вода се овозможуваат услови за значително редуцирање на времето потребно за санација на дефекти, а овој зафат е дел од фундаменталната стратегија во намалување на загубата на вода во водоводниот систем“, се наведува во соопштението од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Македонија

Почесен конзул на Косово моментално е во полициска станица

Published

on

Почесен конзул на Косово во Македонија и бизнисмен, во моментов се наоѓа во полициската станица Карпош, каде дава исказ во врска со истрагата за махинации во Државната лотарија. Во случајот е поврзан и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој се бара од полицијата.

Беше идентификуван како бизнисменот кој со своето возило со дипломатски таблички го превезол Артан Груби до Косово, непосредно пред започнувањето на полициската акција.

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи објави потерница за поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување во процесот на доделување на јавни набавки.

Continue Reading

Македонија

Александар Николоски: Ќе градиме велосипедски патеки и ќе субвенционираме велосипеди

Published

on

Во борбата со метежот со моторни возила и загадениот воздух, Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, најави две нови мерки кои ќе го намалат сообраќајниот хаос и ќе помогнат во борбата против загадувањето.

– Нови велосипедски патеки – Министерството работи на измени во Правилникот за урбанистичко планирање, кои ќе ги дефинираат правилата за изградба на велосипедски патеки. Ова значи дека инвеститорите ќе бидат обврзани да ги изградат патеките, што ќе ја подобри инфраструктурата за велосипедистите и ќе го реши проблемот со недостатокот на патеки.

– Субвенции за велосипеди – Од почетокот на следната година, Министерството ќе започне со субвенции за купување велосипеди. Оваа мерка е наменета да ги поттикне граѓаните да користат велосипеди како еколошки начин на превоз.

„Со овие мерки, од една страна ќе ја подобриме инфраструктурата за велосипедистите, а од друга, ќе им помогнеме на сите кои сакаат да купат велосипед. Верувам дека овие чекори ќе доведат до почесто користење на велосипеди, побрза комуникација и, секако, поздрава животна средина,“ изјави министерот Николоски по својатасредба со здружението Биди Зелен (Go Green).

Велосипедизмот има клучна улога во намалувањето на сообраќајниот метеж, бидејќи велосипедите не само што земаат помалку простор на патиштата, туку и значително ја намалуваат потребата за автомобили во урбаните области. Истовремено, велосипедите се еколошки транспортни средства кои не произведуваат штетни емисии, што директно придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на загадувањето. Овие мерки се дел од напорите за создавање поодржлива и поквалитетна животна средина, што е еден од главните приоритети на Министерството за транспорт и врски.

Continue Reading

Македонија

МВР објави меѓународни потерници за Артан Груби и Перпарим Бајрами

Published

on

Министерството за внатрешни работи (МВР) на својата официјална веб-страница објави меѓународни потерници за Артан Груби и Перпарим Бајрами, кои се под истрага за сериозни кривични дела според Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Артан Груби (роден на 7 јуни 1977 година во Скопје) е жител на ул. Струмичка бр. 5/2-4, Чаир. Тој е под истрага според Наредба бр. XVII KO бр. 4232/24, издадена од Основното јавно обвинителство Скопје на 17 декември 2024 година. Груби се сомничи за сторено кривично дело по член 354 став 5 во врска со ставови 3 и 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Перпарим Бајрами (роден на 10 февруари 1993 година во Куманово) е жител на селото Ваксинце, општина Липково. И против него е распишана меѓународна потерница според Наредба бр. XVII KO бр. 4232/24 од 17 декември 2024 година, издадена од Основното јавно обвинителство Скопје. Бајрами е исто така осомничен за истото кривично дело како Груби, според член 354 став 5 во врска со ставови 3 и 1 од Кривичниот законик.

МВР ги повикува граѓаните кои имаат информации за лицата да се обратат до најблиската полициска станица или да се јават на бесплатниот телефонски број 192. Акцијата е дел од пошироката борба против организираниот криминал и корупција.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк