Connect with us

Бизнис

БРАКО: СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД УСПЕШНИОТ ТИМ НА ЕДНА ОД ВОДЕЧКИТЕ КОМПАНИИ!

Published

on

Една од најреномираните компании во земјата, БРАКО, објавува нови можности за сите кои сакаат да се приклучат на нивниот тим. Со иновации и професионализам како основа на нивната работа, компанијата продолжува да ја гради својата успешна приказна, отворајќи врати за нови таленти.

БРАКО моментално бара фарбари и припремачи, нудејќи одлични услови за работа во динамично и мотивирачко окружување.

Сите заинтересирани можат да ги дознаат деталите за позицијата и да аплицираат преку платформата Kariera.mk на следниот линк: https://kariera.mk/job/CAmsohveIUi5o6EJxcBeow/farbari-pripremachi. Доколку преферирате, можете да го испратите вашето CV директно на hr@brako.com.mk, со јасно наведување на позицијата за која аплицирате.

Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од тимот на БРАКО – компанија што ја движи индустријата напред и создава квалитетни можности за раст и развој.

Бизнис

РАСТЕ ЗАДОЛЖУВАЊЕТО НА ГРАЃАНИТЕ: Во ноември должеле повеќе од 4 милијарди евра кај банките

Published

on

Долгот на граѓани кај банките порасна на  246,8 милиони денари или 4,014 милијарди евра. Ова сума доминира во вкупниот износ од 7,827 милијарди евра кој банките го одобриле како кредити на граѓаните и компаниите, според податоците на Народната банка за ноември.

И во ноември најбарани биле  потрошувачките и станбените кредити кои на месечно ниво бележат месечно зголемување од 0,7% и 1,2%, соодветно, при годишен раст од 7,3% односно од 11,6%. 

Овој месец, автомобилските кредити се намалија за 0,7% на месечна основа, додека на годишна основа растат за 10,8%. 

Кредитите одобрени на кредитни картички, во ноември, забележаа месечен и годишен пад од 1,0% и од 9,2%, соодветно. 

Во ноември, негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи бележат месечно намалување од 4,7% и 0,3%, соодветно, при остварено годишно намалување од 4,8% и 14,3%.

Според податоците на народната банка во ноември годинава, на годишно ниво, вкупните кредити бележат раст од  9,7%, додека растот кај вкупните депозити е од 11%.

Кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,7% на месечно ниво, како резултат на речиси подеднаков раст на кредитите во странска валута и во денари. На годишно ниво е забележан раст од 8,2%, којшто во поголем дел се должи на кредитите одобрени во денари.

Во ноември, кај вкупните депозити на домаќинствата е забележан месечен и годишен раст од 1,9% и 13,3%, соодветно. Притоа, растот кај двете основи во целост е резултат на зголемените депозитни пари и долгорочните депозити, додека краткорочните депозити бележат намалување.

Компании во ноември го зголемиле долгот за кредити кај банките  на3,774 милијарди евра што е раст од  0,8%на месечно ниво. Тоа се должи на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари. Споредено на годишна основа, растот од 11,5% во целост произлегува од зголемените кредити во денари, во услови на пад на кредитите во странска валута.

Овој месец, вкупните депозити на корпоративниот сектор забележаа надолна месечна промена од 0,6%. 

Промената произлегува од намалувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, во услови на остварен раст на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити, во денари и странска валута. 

Годишниот раст изнесува 7,0% и е резултат на повисоките депозитни пари, долгорочните депозити во странска валута и долгорочните и краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута забележаа пад.

Паричната маса во ноември, бележи месечен раст од 0,6%, пред сè поради растот на долгорочните депозити до две години и депозитните пари, при помал позитивен придонес и на готовите пари во оптек, додека краткорочните депозити забележаа пад. Годишниот раст на паричната маса изнесува 9,1% и е резултат на растот на депозитните пари, долгорочните депозити до 2 години и готовите пари во оптек, во услови на забележан пад кај краткорочните депозити.

Continue Reading

Бизнис

Производите од новогодишната кошница поевтини за 10 проценти, инспекциите на терен

Published

on

Трговците ја почитуваат акцијата наречена „Новогодишна кошничка“. Инспекторите постојано вршат контроли кај сите опфатени во мерката и не констатирале посериозни прекршоци.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска по посета на маркети во Скопје оцени дека цените на производите од новогодишната кошница што почна на 15. месецов се намалени за 10 проценти и повеќе. Државниот пазарен инспекторат, пак, како што соопшти директорот Влатко Стојаноски, регистрирал ситни забелешки во однос на означувањето на производите и ситни корекции кај цените на два-три трговски субјекти. Инспекторите не регистрирале отстапување од договореното за поевтинување на производите за 10 проценти во однос на нивната најниска цена во последните 30 дена пред почетокот на акцијата.

– Во овие пет дена ДПИ регистрира ситни забелешки во смисла на означувањата и ситни корекции на цените кај два-три трговски субјекти. Не се забележани неправилности во поголеми размери. Можам да заклучам дека сите чинители во овој процес го почитуваат договорено, вели Стојкоски.

Дурмиши апелираше до трговците да го почитуваат договорот што сами го понудиле.

– Оваа мерка беше на иницијатива на трговците, производителите и дистрибутерите, поддржана од страна на Владата. Државниот пазарен инспекторат е на терен за да види дали се спроведува. Апелирам до сите трговци да ја почитуваат мерката додека трае до 15 јануари 2025 како што ја почнаа првите денови затоа што ова е нивна мерка. Најголеми инспектори се граѓаните, ако забележат изигрување на цените да се јават на бесплатниот број 191 или а ве страната на ДПИ, рече Дурмиши

Акциската листа опфаќа леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, одредени пива и вина, безалкохолни пијалоци. Продуктите во маркетите се со обележана налепница „помалку трошоци – повеќе за тебе“, а граѓаните можат да ги проверат и на веб страницата Моја кошница. Доколку забележат прекршување можат да пријават во пазарен инспекторат

Continue Reading

Бизнис

Нов мобилен оператор влегува на македонскиот пазар, доаѓа од Будимпешта

Published

on

Групацијата 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), каде го изразува својот интерес за обезбедување на достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во Северна Македонија.

„Среќни сме што и официјално го започнавме влезот на телекомуникацискиот пазар во Северна Македонија“, рече Пал Заранди, директор за мобилни и 5G стратегии во Групацијата 4iG. „Го препознавме потенцијалот на пазарот и уверени сме дека нашето искуство во соседните земји, како што се Албанија и Црна Гора, нè позиционира во насока да даваме најсовремени услуги за клиентите и бизнисите овде. Секогаш кога ќе одлучиме да влеземе на нов пазар, од клучно значење е да имаме и поддршка од регулаторната средина и подобро да ги разбереме локалните услови“, додаде Заранди. „Ангажиравме домашни и меѓународни експерти за да направат сеопфатна анализа на пазарот во Северна Македонија и сигурни сме дека нашиот пристап ќе донесе додадена вредност во секторот.”

4iG, една од најистакнатите унгарски ИКТ и телекомуникациски компании, вработува над 8 000 висококвалификувани професионалци и опслужува над 10 милиони конекции во регионите каде што е присутна. Групацијата е позната по својот иновативен пристап и сигурни решенија. Како компанија е посветена на воведување напредни технологии како што се 5G, IoT и инфраструктура управувана од вештачка интелигенција, што ќе го отвори патот Северна Македонија да стане земја со подобра мрежа и поголема компетитивност.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк