Connect with us

Скопје

Протест на вработените во ЈП „Улици и патишта“ пред Град Скопје

Published

on

Вработените во јавното претпријатие „Улици и патишта“ протестираат пред Град Скопје, бидејќи не земале плата за ноември. Тие упатија порака до градоначалничката Данела Арсовска дека очекуваат претпријатието да добие одблокирана сметка, како и да добијат К-15.

Протестот е организиран од Независниот синдикат во јавното претпријатие, при Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ).

Оттаму велат дека претпријатието е во очајна состојба, се доцни со исплатата на плата, сметката е блокираноа поради долгови кон добавувачи, нема ризла и нафта за работа, а дел од машините се расипани бидејќи не се сервисираат редовно.

Во официјално соопштение на ЈП Улици и патишта Скопје, се тврди дека протестот е политички мотивиран.

„Мицкоски пред да продолжи да прави штета на скопските претпријатија и Градот Скопје, би требало да ги информира граѓаните дека вработените во ЈП Улици и патишта Скопје имаат земено плата па од таму нејасно е зошто синдикатот протестира.

Истовремено Мицкоски треба да ги информира дека за линеарно зголемување плата и К15, што се барања на синдикатот одлука носи Управниот одбор на претпријатието чии членови се избрани токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно само на претседателот на синдикатот КСОМ Марјан Ристески, му е нејасно зошто е пред бараките на град Скопје, кога одлуките кои ги бара ги носат членовите на Управниот одбор на ЈП Улици и патишта Скопје избрани од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на синдикатот КСОМ Марјан Ристески, треба да се изјасни зошто не се бори за правата на вработените во државното претпријатие Железници каде работи, на кои со месеци им се доцни со плата.

Зошто Марјан Ристески како синдикалец за вработените во државното претпријатие Железници каде работи, не протестира да бара линеарно зголемување плата, исплата на К15 и наградна плата и не протестира пред Железници“, стои во соопштението на ЈП Улици и патишта Скопје.

Скопје

Приведени тројца скопјани, се тепале во продавница

Published

on

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.12.2024 во 15:15 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле М.П.(40), Ф.П.(37) и П.Ф.(20) сите од Скопје.

Приведени се затоа што околу 15:00 часот во продажно место на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што еден од нив употребил и тврди предмети.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Скопје

ОД 1 ЈАНУАРИ НОВО ПРАВИЛО И ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛАТА, а почнува имплементацијата на „Безбеден град“

Published

on

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Наткаст“ на Курир истакна дека започнуваат со имплементација на она кое е во делот на регулатива и е поврзано со правилниците во рамки на МВР, а се однесува на проектот „Безбеден град“.

-Од 1.1.2025 година секој кој ќе има потреба да го регистрира своето возило, ќе мора да достави во рамки на системот телефонски број, е-мејл адреса и да даде изјава под морална материјална и кривична одговорност дека телефонскиот број и е-мејл адресата се врзани со лицето кое е сопственик на возилото. Едноставно да потврди дека тие се точни. Врз основа на собирањето на овие податоци, со циклус од година, ќе ги затвориме сите сопственици на возила. Конечно отпочнуваме и со легислатива во однос на овој проект. Мислам дека измените на законот ќе треба да отпочнат пред нова година или до 15-ти јануари, откри Тошковски.

Министерот додаде дека секојдневно се инсталираат камери, се поставуваат столбови, а се надева дека системот ќе биде ставен во фунција до декември следната година.

-Мислам дека ќе го имаме во функција во текот на декември 2025. Тоа е многу важен проект. За жал во Македонија имаме од 130 до 140 жртви годишно како последица на сообраќајни несреќи. Кога бев во ОАЕ ми посочија дека бројката на починати кај нив била околу 250 и дека со употреба на ваков систем и други процеси, бројот на смртни случаи во текот на 2023 е паднат на 140. Ова мора да е приоритетен проект, секојдневно работиме на истиот, рече Тошковски.

Тој посочи дека нивната цел е овој систем да биде во функција во цела Македонија.

-Ќе овозможиме да се имплементира во Македонија систем, кој не само што ќе гарантира и ќе го зголеми нивото на безбедност и капацитативност на МВР во делот на оперативни акции кои секојдневно ги превземаме, туку и значително ќе ја одобри сообраќајната култура, вели министерот за внатрешни работи.

Continue Reading

Скопје

ПОЛИЦИЈАТА НАЈДЕ КУП ОРУЖЈЕ И ЕКСПЛОЗИВИ ДЛАБОКО ПОД ЗЕМЈА ВО АРАЧИНОВО По три дена копање излезе на виделина што криела групата Беланоца-Барон

Published

on

Куп експлозив и оружје е најдено во Арачиново, во дворот каде со багери се копа со денови. На локацијата се копаше повеќе од три дена. Сомневањето дека група Беланоца-Барон криела пари и оружје се докажа.

Во целата акција беше вклучена Армијата. Досега беа запленети милиони евра, накит, автомобили, часовници и други вредни предмети. Се истражуваат сторени убиства, нарачки за убиства, растурање на дрога.

Групирањата и прегрупирањата, според полициските информации за групата Беланоца-Барон, почнале од 2021 година, кога настанало спојувањето на криминалните банди. Во хиерархиски организираниот клан, точно се знаело кој убива, кој купува возила, кој следи луѓе. Како групата растела и моќно зајакнувала, се создавале нови кланови кои имале за функција да спроведуваат класичен рекет на обложувалници, дуќани. Оние кои нема да прифатат „обезбедување“, својот објект следниот дел го наоѓале запален и пораката била јасна, месечен данок за мир во соседството.

Плусинфо од свои извори, неофицијално дознава дека вакви заплени ќе има и во следните два дена.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк