Connect with us

Скопје

Ѓорѓиевски: Од понеделник започнува исплатата на субвенции за граѓаните на Кисела Вода

Published

on

Од понеделник, Општина Кисела Вода започнува со исплатата на субвенции за граѓаните кои аплицираа и ги исполнија критериумите од јавните повици, објавени во текот на годината. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека ова е дел од континуираната поддршка што општината ја обезбедува за своите жители, особено за ранливите категории.

„Оваа година, предновогодишно, повторно започнуваме со исплата на субвенции како дел од нашата заложба да го подобриме животниот стандард на граѓаните. Препознаваме колку е важна социјалната поддршка, особено во време на финансиски предизвици“, изјави Ѓорѓиевски.

Општината издвои околу 4 милиони денари за субвенции кои се распределени на неколку категории:

• Субвенции за пелети: Од вкупно 301 апликација, одобрени се 297, а четири се одбиени поради некомплетна документација. Исплатата покрива 50% од трошоците, но не повеќе од 10.000 денари.

• Субвенции за печки на пелети: Од 22 апликации, одобрени се 20, додека две се одбиени поради недостаток на документи.

• Субвенции за огревно дрво: Од 278 апликации, 249 се прифатени со комплетна документација.

„Сакам да им се заблагодарам на сите кои аплицираа. Исплатата ќе започне во понеделник, а ние како локална самоуправа остануваме партнер на нашите граѓани, вложувајќи во мерки што ја подобруваат нивната секојдневна борба со финансиските предизвици“, додаде Ѓорѓиевски.

Со оваа мерка, Општина Кисела Вода продолжува да вложува во подобрување на квалитетот на живот на своите жители и да гради посилна локална заедница.

Скопје

Сообраќајна несреќа на „Партизански одреди“: Автомобил извртен и оштетен, делови распрскани низ булеварот

Published

on

Вечерва, после мостот „Обединети нации“, на булеварот „Партизански одреди“ во насока од Влае кон Карпош 4, се случи сообраќајна несреќа. Едно од возилата е тешко оштетено, со делови распрскани низ коловозот, а автомобилот е извртен од силината на ударот. Засега нема информации за состојбата на патниците или евентуалните повреди.

Continue Reading

Скопје

Приведени тројца скопјани, се тепале во продавница

Published

on

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.12.2024 во 15:15 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле М.П.(40), Ф.П.(37) и П.Ф.(20) сите од Скопје.

Приведени се затоа што околу 15:00 часот во продажно место на подрачјето на Кисела Вода, по претходно недоразбирање, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што еден од нив употребил и тврди предмети.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Скопје

ОД 1 ЈАНУАРИ НОВО ПРАВИЛО И ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛАТА, а почнува имплементацијата на „Безбеден град“

Published

on

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Наткаст“ на Курир истакна дека започнуваат со имплементација на она кое е во делот на регулатива и е поврзано со правилниците во рамки на МВР, а се однесува на проектот „Безбеден град“.

-Од 1.1.2025 година секој кој ќе има потреба да го регистрира своето возило, ќе мора да достави во рамки на системот телефонски број, е-мејл адреса и да даде изјава под морална материјална и кривична одговорност дека телефонскиот број и е-мејл адресата се врзани со лицето кое е сопственик на возилото. Едноставно да потврди дека тие се точни. Врз основа на собирањето на овие податоци, со циклус од година, ќе ги затвориме сите сопственици на возила. Конечно отпочнуваме и со легислатива во однос на овој проект. Мислам дека измените на законот ќе треба да отпочнат пред нова година или до 15-ти јануари, откри Тошковски.

Министерот додаде дека секојдневно се инсталираат камери, се поставуваат столбови, а се надева дека системот ќе биде ставен во фунција до декември следната година.

-Мислам дека ќе го имаме во функција во текот на декември 2025. Тоа е многу важен проект. За жал во Македонија имаме од 130 до 140 жртви годишно како последица на сообраќајни несреќи. Кога бев во ОАЕ ми посочија дека бројката на починати кај нив била околу 250 и дека со употреба на ваков систем и други процеси, бројот на смртни случаи во текот на 2023 е паднат на 140. Ова мора да е приоритетен проект, секојдневно работиме на истиот, рече Тошковски.

Тој посочи дека нивната цел е овој систем да биде во функција во цела Македонија.

-Ќе овозможиме да се имплементира во Македонија систем, кој не само што ќе гарантира и ќе го зголеми нивото на безбедност и капацитативност на МВР во делот на оперативни акции кои секојдневно ги превземаме, туку и значително ќе ја одобри сообраќајната култура, вели министерот за внатрешни работи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк