Connect with us

Македонија

Кривична за четворица директори од Тетово – злоупотребиле над 13,5 милиони евра за театарот

Published

on

Обвинение за четири физички и едно правно лице за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по спроведена сеопфатна истражна постапка денеска до основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице и Обвинителен предлог против едно правно лице и три физички лица.

Во периодот од 2014 до 2020 година во Тетово, првообвинетиот С.Ш. како сопственик и управител на обвинетото правно лице од Тетово, заедно и по претходен договор со третообвинетиот Х.Ф. тогашен директор на Националната установа – Центар за култура „Иљо Антески -Смок” – Тетово и со четвртообвинетиот А.А. – претседател на Комисијата за јавни набавки, а потоа и ВД директор на центарот за култура, свесно ги изигрувале прописите и правилата на постапката за доделување на договорот за јавна набавка и ја злоупотребиле својата службена положба и овластување. Со дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, обвинетите за второбвинетото правно лице оствариле имотна корист од големи размери во износ од 832.983.064,00 денари.

Искористувајќи исти прилики преземале повеќе временски поврзани дејствија на прифаќање усогласени понуди, времени и завршни ситуации со кои целосно бил променет предметот на договорот што се намалил од договорените 22 позиции и завршување на објектот до фаза „клуч на рака“, во завршување на само 4 позиции во фаза „затворена карабина“ без притоа да има одобрен проект за истото. Воедно, ја зголемувале вредноста на проектот, а за да ја оправдаат склучиле 12 анекси на договорот, со што бил исплатен износ за 138.488.064,00 денари повеќе од првично договореното и од предвидените материјални средства за таа намена. Со така склучените анекси, иако постапката била неделива, го поделиле и го измениле предметот на склучениот договор од фаза „клуч на рака“ во фаза – затворена карабина и на тој начин овозможиле во иднина да се водат две нови постапки за јавни набавки и да се доделуваат нови договори за доградба – втора фаза, со што овозможиле корист за потенцијалните економски оператори во дополнителните постапки.

Во 2018 и 2021 година спровеле нови постапки за јавни набавки – едната за изработка на проектна документација фаза ентериер за објект во изградба и втората со предмет на договор – Втора фаза за изградба на нов објект за Театар и библиотека Тетово. Со склучувањето на нови договори во вкупен износ од 1.345.917.098,оо денари без ДДВ извршиле процентуално надминување на вредноста на основниот договор со зголемување од 93% од договорената цена со основниот договор која изнесувала 694.495.000,оо денари без ДДВ.

Дополнително, со неизвршување на законските обврски за евидентирање и пријавување на даночни обврски и поради тоа што не изготвиле основен проект на изменета состојба, на штета на Буџетот на РСМ од средствата дополнително одобрени и наменети за проект и јавна набавка на ентериер за театарот, се задолжени и се исплаќаат значителни износи од 232.699.289,00 денари за данок на ДДВ, кој навремено не го евидентирале и пријавиле и од кој би биле ослободени.

Петтообвинетиот Б.М. како главен надзорен инженер во правно лице ангажирано како надзорен орган при спроведување на договорот за јавна набавка од 2015 – 2020 година искористувајќи исти прилики, преземал повеќе временски поврзани дејствија на пропуштање должен надзор и на друг начин очигледно несовесно постапувал при вршење на неговите посебни овластувања. Тој ги потпишувал градежните дневници и книги со количини според основниот проект, овозможил да бидат потпишувани анекси на договори врз основа на претходно доставени времени и завршни ситуации и да биде извршен технички прием на објектот Театар и Библиотека Тетово, иако одредбите од Законот за градење претходно требало да биде изготвен Проект на изведена состојба врз основа на новата состојба на објектот со нови количини, а имајќи предвид дека конструктивниот систем бил целосно сменет, со нов проект требало да се бараат нови конструктивни и статички анализи на објектот. Како резултат на тоа што не бил изготвен Проектот на изведена состојба и немало решение за одобрување на измените што би било составен дел од одобрението за градење, не бил изготвен и Проект за употреба и одржување, па така објектот не може да се запише во јавните книги на недвижности. Со ваквите дејствија потешко ги повредил правата на НУЦК „Иљо Антески Смок “ – Тетово – Министерство за култура и туризам.

Според деталниот опис содржан во диспозитивот на обвинението првообвинетиот С.Ш. и второобвинетото правно лице сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од чл.275-в од Кривичниот законик. Обвинетите Х.Ф. и А.А. сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. ст.1 в.в. сo чл.45 од КЗ и обвинетиот Б.М. сторил продолжено кривично дело кривично дело Несовесно работење во службата од чл. 353-в ст.4 в.в. ст.2 в.в. чл. 45 од КЗ, соопштуваат од Обвинителството.

Македонија

Жена нашла туѓа платежна картичка, па си пазарела со неа

Published

on

Во март 2024, пријавената пронашла платежна картичка, сопственост на Љ.Н., при што во повеќе наврати, извршила трансакции на различни локации.

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.Ц. (49) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Во март 2024, пријавената пронашла платежна картичка, сопственост на Љ.Н., при што во повеќе наврати, извршила трансакции на различни локации.

Continue Reading

Македонија

ХЕЦ Чебрен ќе се гради, но ќе биде во државна сопственост

Published

on

Хидроцентралата Чебрен да биде во државна сопственост. За оваа владина идеја на маса се седнати стручни лица од сите опфатени области. Владата не се откажува од изградбата на хидроцентралата Чебрен, а целта е истата да биде во државна сопственост. Нова студија нема да се прави. Ќе се искористат постоечките, а планот е државата да биде доминантен сопственик, во корист на сите.

Овие информации денес ги соопшти министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на денешниот брифинг со новинарите.

-Сакаме тоа да биде државен проект, но прво да видиме колку пари ќе чини. Или ќе гледаме да биде во доминантна државна сопственост. Според некои проценки, сумата може да стаса од 600 милиони до една милијарда евра. Тоа за Македонија е многу, рече Божиновска.

Таа додаде дека треба да се инвестира во Чебрен за Македонија да биде енергетски независна. Особено, ако се земе предвид дека во последните три години сме дале 340 милиони евра за увоз на струја.

-Во ЕСМ постојат студии од 1960 година, а последната е од 2022 година. Професорите ги разгледаа сите студии. Ние не сакаме пак да правиме физибилити студија, тоа да ни одземе една година, или година ипол. Сакаме да направиме еден проект, за да видиме што може да се направи затоа што хидрологијата е подложна на климатските промени, рече Божиновска.

Министерката потврди дека има заинтересирани странски инвеститори за хидроцентралата и дека сакаат во изградбата да бидат вклучени домашни фирми и експерти.

Кај минатата Влада на СДСМ, немаше никаков интерес за вакви проекти, па екс-премиерот Ковачевски сакаше да го даде во странски раце и да го продаде Чебрен.

Владата на Мицкоски, размислува во насока Чебрен да стане во државна сопственост.

Continue Reading

Македонија

“Ќе ги исклучиме сите семафори во Скопје ако нема плата” – вработени во Улици и патишта

Published

on

Вработените во „Улици и патишта“ утринава протестираа пред канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска, заканувајќи се со гасење на семафорите низ цело Скопје и целосна блокада на главниот град , пренесува Сител.

„Доколку не земеме плата, ние си продолжуваме. Од понеделник со возила ќе излеземе на улица и семаформите ќе ги исклучиме да не работи целиот град“ – Нусрет Пашалиќ, вработен во Јавното претпријатие „Улици и патишта“

Според синдикатите, доцнењето со платата не е единствениот проблем. Тврдат дека сметката на претпријатието е блокирана поради долгови, нема ризла и нафта за работа, дел од машините се расипани оти не се сервисирани, а имаат и проблеми со регистрацијата.

„Побарано е од раководството на јавното претпријатие, синдикални пари што има членство тие скромни пари, да им ги дадеме да ги регистрираат возилата. Луѓе, ова е жално, смешно, трагично не знам како да кажам“ – Марјан Ристески, КСОМ

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк