ЦВЕТАН ПАНДЕЛЕСКИ НЕМА МИР ОД ОБВИНИТЕЛКАТА ЛИЛЕ СТЕФАНОВА После 48 месеци истрага за „Империја“, пак ќе одговара за наводна измама на Кираца Трајковска
Обвинителката прави обид да вметне нови 14 лица, поранешни акционери на „Фершпед“, како потеницијално оштетени. Овие 14 лица веќе воделе обвинителен предмет против Кираца Трајковска, во кој токму неа ја товарат како обвинета, тврди бизнисменот Панделески.
Иако Јавното обвинителството пред 6 месеци ги повлече двете дела против Цветан Панделевски во случајот „Империја“, обвинителката Лиле Стефанова со упад во судскиот процес се обидува да го продолжи процесот за третото непостоечко кривично дело измама кон Кираца Трајковска. Ова се тврди во дописот што Панделески го упати до медиумите, под наслов: „Хајката на Лиле Стефанова против мене продолжува. Јавното обвинителство го користи како приватна адвокатска канцеларија“.
Во продолжение, текстот на дописот од Цветан Панделески:
„Сакаме да укажаме на македонската јавноста за неетичкото и непрофесионалното делување на обвинителката Стефанова, која кон судот и кон Панделевски како неправедно осомничен се однесува според нејзините лични интимни желби и закажува рочишта, се повлекува од истите, дополнува обвинителни акти, спојува различни предмети, се со едниствена цел да му се наштети на Панделевски без никави материјални докази.
Од првиот момент на обвинението против Панделевски, сите аргументи кои одбраната ги изнесе во јавност во текот на рочиштата беа потврдени. Така што сакаме и денеска да потсетиме на сите судски процесни свесни грешки на Лиле Стефанова.
1. Лиле Стефанова и ЈО според начелното правно мислење на Врховен суд од 30.01.2019 не се овластени тужители за преземање на јавнообвинителски работи во предистражни и истражни дејствија. Ова е потврдено и со решението на Врховен суд за укинување на мерката притвор против Панделевски од 04.03.2019 во кое е јасно кажано дека СЈО не е овластен тужител.
2. Максималниот рок за истражна постапка за сложени дела од организран криминал може да се води 21 месец, во кој рок ЈО е должно во согласно член 303 и 301 од ЗКП да ја запре истражната постапка доколку не поднесе обвинение. Стефанова обвинението го поднесува дури после 48 месеци или цели 4 години.
3. По завршување на истражната постапка и истекот на роковите, Јавниот обвинител е должен во рок од 15 дена да поднесе обвинение или за кривични дела од организран криминал тој рок е 30 дена. Во случајот, Стефанова тоа го прави цели 8 месеци по запирање на истрага. Оваа повреда е веќе утврдена и со постоечка пракса на Врхoвниот суд со која се смета дека е веќе запрена постапката доколку не е испочитуван дадениот рок од 30 дена (одлука на Врховен суд, РСМ КВП 223/2006, од 14.02.2007).
4. На рочиштето во јуни оваа година, Стефанова со најава дека ќе врши допрецизирање на обвинението всушност манипулативно во записникот се обидува да направи сосема нов обвинителен акт, додавајќи нови дејствија на штета на Панделевски,, со вметнување на 14 лица акционери на Фершпед, кои воопшто не се опфатени со обвинителниот акт кој веќе е на сила и по кој веќе постапува судот.
Стефанова, свесно знаејќи дека не постои кривично дело Измама на Кираца Трајковска од страна на Цветан Панделевски, прави обид да вметне како потеницијално оштетени нови 14 лица, поранешни акционери на Фершпед. Мотивите на обвинителката Стефанова, која наместо обвинител настапува како личен адвокат на Кираца Трајковска, се дотолку нејасни, имајќи предвид дека овие 14 лица веќе воделе обвинителен предмет против Кираца Трајковска, во кој токму неа ја товарат како обвинета.
Како и зошто за обвинителката Стефанова, Кираца, наместо обвинета станува измамена, веројатно одговор треба да даде некоја идна истрага!
Лиле Стефанова, и покрај тоа што ги менува обвинителствата и тоа од СЈО, па ОЈО Радовиш, во ОЈО ГОК, па сега во ЈО РСМ, постојано и во континуитет прави притисок врз Цветан Панделевски за време на целото траење на постапката со закани кон семејството и кон него тој лично да признае вина, со цел да му се наштети со измислено кривично делo, притисок кој може да се толкува и како неуспешен обид за рекет кон него“.
Групацијата 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), каде го изразува својот интерес за обезбедување на достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во Македонија. Овој чекор, велат од групацијата, преставува значителна пресвртница во плановите на 4iG за да придонесе во модернизација на телекомуникациската инфраструктура во земјата и да внесе засилена конкуренција во секторот. Во текот на следните месеци, компанијата ќе соработува со AEК за достапноста на радиофреквенциите, да се обезбеди усогласување со регулаторните рамки и да се продолжи со долгорочната стратегија за развој во регионот.
Од Групацијата велат дека ја имаат поддршката од македонската Влада, којашто очекува со доаѓањето на нов оператор да се зголеми пазарната конкуренција, да го подобри квалитетот на телекомуникациските мрежи, и со тоа да се забрза дигитализацијата на земјата.
Која е понатамошната процедура?
Покрај тоа што „4iG“ регистрираше компанија во Македонија битен предуслов за да се започне постапка за доделување на радиофреквенции, во согласност со Законот за електронските комуникации (ЗЕК) е да се поднесе официјално Писмо на намера до АЕК, велат од Агенцијатапреку изјава за „Локално“. Писмото е поднесено на 17-ти декември и во согласност со ЗЕК, следен чекор е да се објави од страна на АЕК, јавна расправа која не може да трае пократко од 30 дена, на која сите заинтересирани страни ќе го изразат својот став.
-По завршувањето на Јавната расправа, АЕК треба да ги објави резултатите и својот став. Во зависност од исходот на Јавната расправа постапката понатаму продолжува со Јавен тендер или со Јавен тендер со јавно наддавање. АЕК веднаш може да ја отвори Јавната расправа по поднесената Намера, но треба да се има предвид дека во намерата најпрво се бара да се организира состанок помеѓу 4iG и АЕК кој би требало да се реализира после 20/01/2025. За очекување е јавната расправа да се отвори на почетокот на февруари 2025, потенцираат од АЕК.
Од АЕК се децидни дека има простор за трет мобилен оператор во Македонија. Оттаму посочуваат дека ако се мисли на радиофреквенциски ресурси, АЕК веќе презеде низа регулаторни мерки уште по спојувањето на ВИП и ОНЕ во „Оне.Вип“ во кое се случи кон крајот на 2015 кога пазарот за влез на нов оператор беше практично затворен.
-Од 2017 скоро во сите радиофреквенциски опсези АЕК предвидел сосемо доволно радиофреквенции за влез на нов оператор. Ако се мисли на пазарни услови, секако дека и тие ги има. Многу држави во Европа кои се по големина и географска конфигурација слични или дури и помали од Македонија имаат по најмалку три мобилни оператори. Такви се: Словенија, Косово, Црна Гора, Малта, Кипар, Фарски острови,… Во моментов во Европа само Македонија и Албанија од неодамна, се држави со само два мобилни оператори и на мапата на Европа се обележани со црна боја поради недоволно развиена конкуренција во оваа област. Останати придобивки би биле следниве:
Македонија ќе добие трет мобилен оператор, ќе се зголеми конкуренција, односно ќе се задоволат потребите на македонското општество, ќе се зголеми квалитетот на мрежи/услуги за подобра цена, негативниот извештај на ЕК во овој дел ќе се корегира, ќе се обезбеди стабилен телекомуникациски сектор, ќе се обезбеди работа за најмалку 300 подобро платени работни места, младите инжинери ќе останат во Македонија, ќе се обезбеди работа за 30-50 македонски компании што ќе донесе додадена вредност во македонската економија. Европа ќе ја добие прватa 5G SA (Stand Alone) мрежа, а со тоа Македонија ќе стане лидер во Европа, појаснуваат од државната агенција.
Во одговорот од АЕК се истакнува дека за очекување е да се појави интерес кај граѓаните, но прво треба да има понуда, а интересот секако ќе дојде сам по себе имајќи ги предвид карактеристиките што таа 5G NR SA мрежа ќе ги понуди.
Дека на Македонија ѝ е потребен трет мобилен оператор уште поодамна порача министерот за транспорт Александар Николоски. Тој вели дека на македонскиот пазар постои дуопол и треба да се бараат мерки за да поевтинат услугите за граѓаните но и за бизнисите. Министерот како причина за воведувањето на трет оператор ги наведе цените на мобилната, кабелската телевизија и интернет-услугите кои во земјава се повисоки од најголем дел од европските држави.
На 18 октомври групацијата соопшти дека по неколку успешни аквизиции во Албанија и Црна Гора, 4iG Group започнала со подготовки за влез на пазарот, со основање на подружница „ONE Macedonia Telecommunications“.
-Со одлука на Одборот на Групацијата донесена минатиот петок, новата компанија ќе биде основана од Antenna Hungária Zrt., дел од 4iG Group, под којашто е телекомуникациското портфолио на инфо-комуникациската групација во Унгарија и во Западен Балкан. Регистрацијата на компанијата е завршена, а со формирањето на оваа компанија, 4iG Group има за цел што поскоро да влезе на телекомуникацискиот пазар во Северна Македонија, соопшти тогаш групацијата.
На пазарот на мобилни комуникации во државата активни се два мобилни мрежни оператори, три виртуелни мобилни оператори и еден оператор препродавач. На пазарот на мобилна телефонија се регистрирани 2.074.021 активни претплатници, во кои мрежните оператори А1 Македонија и Македонски Телеком имаат удел од по 47,62 односно 47,24 проценти.
Влезот на трет мобилен оператор се смета за позитивен потег кон поголема конкуренција и подобрување на стандардите во мобилната индустрија во Македонија. Граѓаните со нетрпение очекуваат да видат како оваа промена ќе се одрази на нивните секојдневни животи и на општеството во целина.
Единствена точка во рамки на 25. собраниска седница закажана за денеска во 12 часот е обраќањето на шефицата на државата Гордана Силјановска Давкова.
Се очекува претседателката да говори за актуелните и случувањата во изминатиот период, како и за очекувањата во следната година во внатрешната и надворешната политика, состојбата во економијата…
Сиљановска Давкова од почетокот на својот мандат имаше повеќе настапи и обраќања на различни собраниски тела како на пример на комисијата за европски прашања но ова ќе биде прв пат да има годишно обраќање на пленарна седница.
Во време кога над 90 отсто од граѓаните се информираат по електронски пат и преку социјалните мрежи, зошто Владата објавува соопштенија во дневни весници кога се знае колку се читани весниците или треба да кажеме дека можеби има нула читања, прашува порталот Тетовасот во денешниот напис насловен како „Портпаролката Венера Азизи: Владата гради транспарентност која ќе создаде доверба“. Обраќајќи ѝ се на владината портпаролка Венера Азизи, порталот пишува дека таа мора итно да се позанимава со ова прашање, „бидејќи доколку им се даде простор на онлајн медиумите да имаат корист од државата, тогаш ќе има поголем квалитет и независност, но и зголемување на работниците во онлајн медиумите“.
„Јавно ја повикуваме Венера да ја преиспита една од најскандалозните одлуки на претходната Влада, која важи и денес дека огласите мора да се објавуваат во дневен весник, одлука која го оштетува државниот буџет и не му служи на ниту еден граѓанин. Во време кога над 90 отсто од граѓаните се информираат по електронски пат и преку социјалните мрежи, зошто Владата објавува соопштенија во дневни весници кога се знае колку се читани весниците или треба да кажеме дека можеби има нула читања. Тогаш каде е интересот на Владата да потроши милиони евра за услуга што граѓаните не ја добиваат“, пишува Тетовасот.
Од порталот сметаат дека Азизи мора итно да се позанимава со ова прашање, бидејќи, како што пишуваат, доколку се даде простор на онлајн медиумите да имаат корист од државата, тогаш ќе има поголем квалитет и независност, но и зголемување на работниците во онлајн медиумите.
„Па, тие милиони евра да ги поделиме на сите онлајн медиуми на албански јазик, зошто да зема само весникот Коха? Каква е оваа страшна монополизација во оваа држава? Каде е дигитализацијата на медиумите? Каде е поддршката за медиумите на транспарентен начин? Така што веруваме дека Венера сериозно ќе ја сфати оваа иницијатива и ќе ја истера до крај со помош на вицепремиерот Изет Меџити и министерот за здравство Арбен Таравари. Очекуваме добар пат во оваа насока. Инаку нема ЕУ“, пишува Тетовасот.