Connect with us

Македонија

Крадец уапсен во Тетово: Одземените предмети ќе се вратат на сопствениците!

Published

on

На 23.12.2024 во 15.45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.К.(25) од Тетово поради сомнение дека во претходниот период извршил повеќе кривични дела „тешки кражби” на подрачјето на СВР Тетово. Одземените предмети биле пронајдени кај него и кај други лица од с.Џепчиште, тетовско, на кои им ги продавал и ќе бидат вратени на сопствениците. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија

Мицкоски: Цените на одредени продукти зголемени и до 25%, тоа не е етички- ќе има робусна реакција од институциите

Published

on

Институциите од денеска ќе реагираат во однос на цените во маркетите, а доколку трговците продолжат со зголемување на цените на одредени производи реакцијата ќе биде уште по робусна во периодот што следи, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по отпочнувањето на проектот за реконструкција на коловозот на патот кон Манастирот „Пеленица“ во Општина Кисела Вода, претседателот на Владата не откри со какви мерки ќе се соочат трговците, туку нагласи дека граѓаните ќе бидат сведоци на тоа во периодот што следи.

Мицкоски посочи дека вчера во Владата разговарале со сопствениците на сите големи супермаркети и оти оставиле добра воља да не биде со пристап кој ќе значи ограничување на цени и.т.н, за кои тие велеле дека е непопуларна мерка.

– Сакавме да слушнеме од нив на добра воља да се поразговара и да се донесе заедничко решение, кое ќе биде прифатено. И тоа се случи. Тоа што некој од нив се служат со трикови, тоа е друга работа. За тоа ќе има соодветни процедури, трае анализата и тие процедури деновиве ќе бидат аплицирани, рече Мицкоски.

Смета дека не е добро што си играат со трпението на граѓаните и оти во периодот пред празници на одредени производи цените биле зголемени и за 25 отсто.

-Тоа што тие мислеа дека ќе не надмудрат на овој начин и си играат со трпението на граѓаните и на Владата мислам дека не е добро и треба да си го преиспитаат однесувањето. Ова не е коректно однесување, посебно пред празници на ваков начин не треба да се прават големи профити. Затоа што граѓаните очекуваат од нивна страна разбирање и во најмала мерка да биде така како што било, а не наеднаш да се зголемуваат цените на одредени продукти. На одредени продукти за 25% се зголемени цените на производите. Тоа не е етичко однесување, туку би рекол нечовечно однесување, подвлече Мицкоски.

Премиерот вчера апелираше до трговците да го преиспитаат своето однесување во однос на цените на прехранбените производи и најави дека ќе побара од Пазарниот инспекторат вонредна инспекција со цел да се утврди како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена.

Continue Reading

Македонија

Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство

Published

on

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во синоќешното интервју за ТВ Алсат рече дека со проневерените пари од АД „Државна лотарија“, како што рече, се купувале скапи имоти во земјата и во странство.

Тој рече дека во истрагата, поради која во странство избегаа поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, се вклучени институции од Финансиската полиција, Финансиското разузнавање, Царината, УЈП и Министерството за внатрешни работи.

-Се прибираат многу сериозни индиции, многу докази, голем број докази, така што овој случај навистина ќе биде еден од најинтересните случаи од гледна точка на белосветскиот криминал што сме го имале во историјата на Македонија, поврзано на предметното правно лице, изјави Тошковски.

Тошковски потврди дека има информации дека имотот во и надвор од Македонија наводно бил купен со приноси од криминал.

-Има информации дека со незаконски стекнати финансиски средства се купени многу имоти на многу локации, не само во Македонија, рече министерот.

Тошковски сподели и детали за бегството на Груби преку граница со дипломатско возило. Според него, граничната полиција направила кардинална грешка што не видела на компјутерот дека Груби е на Стоп-листата, а потоа немала можност да ја поправи грешката.

Continue Reading

Македонија

Брза интерврнција на полицијата: Приведен насилник од Тетово

Published

on

На 24.12.2024 во 15.30 часот полициски службеници од СВР Тетово во Тетово го лишиле од слобода Ј.Р. (30) од Тетово, кој бил пријавен од неговата 31-годишна невенчана сопруга од Тетово, дека физички ги нападнал неа и нивните три малолетни деца, а неа и ја заклучил во собата. По документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк