Connect with us

Македонија

Владата предвиде пари, ЌЕ ПРОДОЛЖИ БЕСПЛАТНИОТ ПРЕВОЗ ЗА СТУДЕНТИТЕ

Published

on

Премиерот  Христијан Мицкоски денеска информираше дека се обезбедени 120 милиони денари се со цел да се обезбеди бесплатен автобуски превоз за студенти за Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје. Мицкоски посочи дека претходната Влада не предвидела средства за оваа намена во оваа година.

Овие средства во разговор со министерката ги предвидовме за следната година. Претходната Влада не ги предвидела овие средства нити потпишала договор, мислам дека се тоа 120 милиони денари за следната година. Тоа е далеку од она што е потребно на ЈСП, но ние излеговме во пресрет кога требаше да се интервенира за да се обезбеди нафта за да можат автобусите да се сообраќаат соодветно и да превезуваат патници. Се што е во интерес на граѓаните ние ќе направиме, граѓаните не смеат да трпат. Во рамките на нашите ингеренции се разбира. Не смееме ни ние како Влада да излеземе надвор од нашите ингеренции бидејќи утре ќе бидеме обвинети дека ненаменски сме потрошиле пари од буџетот, истакна Мицкоски на новинарско прашање дали ќе има пренамена на средства.

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје вчера испрати апел до Владата и Министерството за образование и наука, на владина седница да овозможат релоцирање на средства со цел продолжување на бесплатниот превоз за студентите во 2025 година.

Македонија

Брза интерврнција на полицијата: Приведен насилник од Тетово

Published

on

На 24.12.2024 во 15.30 часот полициски службеници од СВР Тетово во Тетово го лишиле од слобода Ј.Р. (30) од Тетово, кој бил пријавен од неговата 31-годишна невенчана сопруга од Тетово, дека физички ги нападнал неа и нивните три малолетни деца, а неа и ја заклучил во собата. По документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Инкасант од Брвеница присвоил 120.000 денари од наплата за вода

Published

on

На 24.12.2024 во 10.50 часот во СВР Тетово, М.А.(66) од с.Долно Седларце, директор во општинско јавно претпријатие од Брвеница, пријавил дека Ш.И. од с.Милетино,вработен како инкасант во претпријатието, ја злоупотребил својата положба на тој начин што во текот на 2023 и 2024 година, вршел читање на водомер и наплата кај корисниците во нивните домови во с.Милетино и с.Блаце, при што парите ги присвоил за себе и не ги предал во благајната на претпријатието. Поизвршените проверки, констатирано е декапретпријатието е оштетено за околу 120.000 денари. Случајот во претпријатието гопотврдувале корисниците на тие услуги, кои приложиле сметки дека им се наплатениуслугите, додека од страна на надлежните сектори во претпријатието не биле приложени средствата и уплатниците и истите корисници фигурираат задолжени со неплатени сметки. Ш.И. бил предупреден да ги врати парите, но до пријавувањето не го сторил тоа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Дел од Тетово утре без струја поради технички зафати

Published

on

Утре, 26 декември, дел од Тетово ќе остане без електрична енергија поради планирани технички зафати. Прекините ќе траат од 9:00 до 11:00 часот, а засегнатите локации ул.Иво Лола Рибар

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк