Connect with us

Инфо +

Груби по пат почнал да добива пораки, но продолжил кон Тирана каде барал адвокатска помош за отстранување од црната листа

Published

on

Според извори на ТВ21, Артан Груби го замолил стопанственикот да отпатуваат за Тирана, каде што требало да се сретнат со група адвокати кои би започнале постапка за негово отстранување од црната листа.

Патувањето било договорено два дена однапред. Тргнале рано наутро, околу 8 часот, откако купиле геврек и јогурт од пекарницата „Берекет“. На граничниот премин, каде што имало неколку возила, конзулот ги предал пасошите на полицаецот и го прашал зошто има таква гужва и дали имаат решение. Полицаецот одговорил дека „немаат доволно луѓе“. Пасошот на стопанственикот кој е и почесен конзул бил задржан 10 секунди, а од Груби само 2 секунди.

Рампата била крената и поминале без проблем. Истото го направиле и на влез во Косово.

Патот ги водел преку Приштина кон Тирана. Неколку километри пред Приштина, Груби почнал да добива пораки дека против него има активна постапка и дека е барано негово присуство. Стопанственикот му предложил да се вратат, но Груби бил неодлучен и инсистирал да продолжат кон Тирана.

По пат како што веќе објави ТВ21,неколку пати застнале на бензински пумпи каде Груби користел тоалет.

Во Тирана, Груби бил оставен во центарот на градот, додека стопанственикот се упатил кон својата куќа во ресорт во Драч. Следното утро, околу 6 часот, бизнисменот се вратил во Скопје.

Извор: ТВ21

Европа

Исланд користи вулканска енергија за загревање на улиците

Published

on

На Исланд, за да се осигура безбедноста на граѓаните, улиците се загреваат со топла вода која се добива од вулканите. Оваа ефикасна технологија им помага да го топат снегот веднаш, користејќи го вишокот на топла вода од природните извори.

Continue Reading

Скопје

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Приведен скопјанец поради агресивно однесување кон полицијата!

Published

on

– На 24.12.2024 во 14.10 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.К.(38) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираа од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Continue Reading

Македонија

ИЗМАМИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ: Туѓи лични податоци искористила за подигнување на брз кредит

Published

on

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Ц.С.(48) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“.

На 08.05.2023 пријавената од С.Б. од с. Раклиш, на социјална мрежа обезбедила негови лични податоци од лична карта и платежна картичка, за да му бидат наводно исплатени 300 евра, но истата ги искористила неговите податоци заради подигнување на брз кредит.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк