Connect with us

Инфо +

Тања до Венко: „Солзите во очите на двете деца на мојот брат кој се бори за живот, не ми дозволуваат да ти се обратам со „почитуван““

Published

on

Венко Филипче, солзите во очите на двете деца на мојот брат, млад човек 40 год., кој се бори за живот на респиратор, не ми дозволуваат да ти се обратам со „почитуван“, „господин“, „Вие“ или „министер“, во кого верувавме, освен со едно обично Венко Филипче.Повели, дојди, посети ги децата, па така смирено увери ги дека „се е под контрола“ и дека повторно ќе бидат во прегратките на својот татко, бидејќи ние не знаеме како тоа да го сториме, а ти си умешен во убедувањето „се е под контрола“.На нас, фамилијата, која со денови го гледа хорор филмот, кажете ни дека пациентите доцна се јавуваат на лекар!!!!!Имено, според убиствените протоколи кои се донесени, е постапено пријавувањето во ГОБ , каде што со мал наод на белите дробови и „не е страшно“, вратен на домашно лекување, за утредента на Инфективна клиника да биде критично, а за само 4 дена во Клинички центар, да се бара спас во приватна клиника.Не, не Венко, пациентот не е јавен доцна, туку пациентите се хоспилтализираат предоцна поради хаваријата на здравствениот систем.Ништо не е под контрола, напротив, твоето „се е под контрола“ убива луѓе. Ги убива срцето и душата на блиските и надежта на децата дека повторно ќе се радуваат со својот татко.Од твоето „се е под контрола, сега ни преостанува само на Господ да се молиме.Ќе спиеш ли мирно до ГОЛЕМИОТ СУД , каде што ќе се мерат солзите и тагата на децата, а и на други деца досега!!!!???

Македонија

Мицкоски за Коцевски: Му дадовме шанса, добивме стотици истраги, а кога треба налог за апсење обвинители добиваат треска и грчеви

Published

on

Продолжуваат обвинувањата на релација Влада – и дел од судската и обвинителска фела. Премиерот Мицкоски денеска повторно со критики за државниот обвинител Љупчо Коцевски – му дадовме шанса, но добивме стотици истраги и процеси кои се опструираат од обвинители. Изјавата на премиерот доаѓа откако вчера Коцевски рече дека обвинувањата кон Обвинителството се неосновани. Мицкоски од понеделник најави и робусна акција во која судии и обвинители ќе треба да сносат одговорност за своите противзаконити дејствија. 

Continue Reading

Македонија

Коњановски на терен со зимската служба во Битола

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, вечерва е на терен заедно со екипите на зимската служба кои активно работат на расчистување на снегот од патиштата во повисоките села на општината.

„Во моментот зимската служба ќе пристапи кон чистење на селата кои се наоѓаат на повисоките места во Битола. Екипите ќе бидат цела вечер на терен,“ изјави Коњановски.

Со оглед на обилните врнежи од снег, локалната самоуправа ја активираше зимската служба со цел да обезбеди пристапност до сите населени места, особено до оние кои се соочуваат со потешкотии поради неповолните временски услови.

Градоначалникот потенцира дека општината е подготвена да се справи со снежните услови, а службите остануваат во состојба на постојана мобилност додека трае потребата.

Жителите на повисоките села во Битола ги поздравија напорите на екипите и локалната власт за брзата реакција и ангажманот за одржување на проодноста на патиштата.

Continue Reading

Балкан

Голема полициска акција во северно Косово по експлозијата во каналот Ибар-Лепенец

Published

on

Голема акција на силите на косовската полиција се одвива претпладнево во повеќе куќи во селото Варага кај Зубин Поток, во северно Косово, каде што синоќа се случи експлозија во која беше оштетен водоводниот канал Ибар-Лепенец, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста во изјава за медиумите ја потврди заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани.

– Во тек е полициска рација и засега не можам да кажам ништо повеќе, кратко изјави Елшани.

Засега нема информации дали во акцијата има уапсени лица или е пронајдено оружје.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и косовската полиција го оценија како терористички чин синоќешниот напад, по кој останаа без вода неколку градови во Косово, како и електраните Косова А и Косова Б, кои ја кристат водата од каналот за ладење на турбините. Косовските власти за нападот ја обвинија Србија, од каде, според нив, дошле криминалците што го извршиле овој, како и претходните напади оваа недела со рачни бомби врз полициската станица и објектот на општината Звечан.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк