Connect with us

Македонија

СОБРАНИЕТО ЌЕ РАЗРЕШИ 5 ЧЛЕНА НА СУДСКИОТ СОВЕТ, се чека средување на обвинителството

Published

on

Извесно е дека после празниците во Собранието ќе биде покрената постапка за интерпелација на членовите на Судскиот совет кои се избрани од пратениците. Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека размислуваат за такви активности за следниот месец.

– Ние размислуваме за неколку потези, некои мерки кои ќе ги преземеме после празниците, затоа што и покрај најавите дека се надминати оние појави на анксиозност, дијареа, грчеви и покачена температура, сè уште траат тие процеси траат кај одредени обвинители и судии. Граѓаните мора да ја добијат правдата. Планираме вакви активности во следниот период – рече премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали се планира разрешување на оние членови на Судскиот совет кои се избрани од Собранието.

За правдата, додаде премиерот, не се доволни само полициските акции.

– Тоа беа историски, досега незапаметени акции, кои ги направија МВР, СВР Скопје, БЈБ и АНБ. Но, не одат работите во правецот што го очекуваат граѓаните. Ние како Влада ќе се бориме против криминалот и корупцијата преку МВР, но очекуваме целата состојба да биде комплетна откако и другите институции ќе разберат дека граѓаните мора да ја добијат правдата и дека правдата за сите ќе биде подеднаква – рече денеска премиерот.

Собранието не го усвои извештајот за работењето на Судскиот совет за 2023 година, па според одредени толкувања тоа може да биде основ за разрешување на оние членови на Советот кои се избрани од пратениците. 

Тоа се членовите кои во Законот за Судскиот совет се дефинирани со терминот „истакнати правници“. Моментно, како истакнати правници во Советот членуваат Весна Дамева, која неодамна поднесе оставка од функцијата претседател, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Миљазим Мустафа и Тања Чачарова Илиевска.

Судскиот совет има вкупно 15 члена. Освен правниците, членуваат 8 судии кои се избираат на непосредни судски избори, а членови по функција се министерот за правда и претседателот на Врховниот суд.

Од петмината правници, тројца ги избира директно Собранието, а останатите двајца ги предлага претседателот на државата, а ги избира Собранието.

Македонија

Колкави плати земаат полицајците низ земјите во ЕУ?

Published

on

Полицијата игра клучна улога во одржувањето на јавниот ред и безбедноста на граѓаните со сите земји. Со цел да се поддржи оваа суштинска активност, европските влади секоја година издвојуваат значителни средства.

Во 2022 година, јавната потрошувачка за одржување на редот и законот во Европската унија изнесуваше 1,7 отсто од БДП. Врз основа на проценките од калкулаторот за плати на официјалната статистичка служба на ЕУ, Евростат, „Euronews Next“ ги анализираше платите на полицајците во ЕУ и Велика Британија и дојде до заклучок дека Шпанија е најслаба меѓу „големата четворка“ во Европа во плаќањето на оваа важна дејност.

Во 2023 година, месечните бруто плати за полицајците се движеа од 699 евра во Бугарија до 5.761 евра во Данска. Овие податоци се однесуваат на 35-годишен полицаец со повеќе од 10 години искуство, завршено високо образование и 36-часовна работна недела.

Освен во Данска, платите на полицајците надминале 4.000 евра и во три други земји. Германија, Луксембург и Белгија ја следат Данска со заработка од околу 4.200 евра, додека полицајците во Холандија заработиле 3.881 евро, а во Ирска 3.576 евра.

Меѓу четирите најголеми економии на ЕУ, шпанските полицајци повторно имаа најниски плати во 2023 година – 2.271 евро.

Во Франција полицаец со горенаведените квалификации заработил 3.395 евра, додека во Италија таа сума изнесувала 2.537 евра.

Во пет земји од ЕУ, полицајците заработиле помалку од 1.250 евра. Платите биле нешто под оваа сума во Унгарија, Полска, Романија и Хрватска, каде што надминале 1.050 евра, додека полицајците во Бугарија имале најниски плати – само 699 евра.

Continue Reading

Македонија

Две сообраќајки за неколку часа на патот кон Тетово – камион на “Македонија Пат” учествувал во едната од нив

Published

on

Новинарот Фуркан Салиу вечерва преку социјалните мрежи пишува за две сообраќајни несреќи на исто место – Тетово, неколку километри по првата патарина, во која сета среќа е што нема жртви.

“Во 18:20 моите колеги се упатуваат кон Тетово со моето возило. На неколку километри после првата патарина, на темно место, без никаква сигнализација удираат во камион кој што пробал да закочи да не удри во застанат камион на Македонија Пат.

Камионот на Македонија Пат предходно се судрил со друго возило. Тоа се случило во 16:00 часот.

Била повикана полиција. Полицијата доаѓа после 21:00, откако се случува втората сообраќајка. Во меѓувреме на местото на настанот нема ниту соодветна сигнализира, на кривина во дел каде што нема ниту осветлување.

Тоа што вечерва нема жртви е чиста среќа.

Доаѓа возило на брзата помош, ги носи моите колеги во Воена болница и ги остава таму. Ги замолуваат да се упатат во градска затоа што докторот е на операција”, пишува Салиу.

Continue Reading

Македонија

Кривична пријава за царински службеник

Published

on

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.А.(33) од Општина Босилово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и А.Д.(23) од Куманово, царински службеник, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“

На 28.02.2024 на Граничниот премин Табановце, првопријавениот со патничко возило „мерцедес“, остварил влез во Р. Македонија, при што на автопат му била извршена контрола и било утврдено дека е натоварено со разновидна роба, во вредност од 298.591 денари, без да поседува документација за истата и без регистрирана дејност за вршење на меѓународен јавен превоз.

Второпријавениот, не извршил соодветна контрола над возилото на првопријавениот и му пресметал и наплатил помалку царински давачки и давачки за ДДВ, при што му овозможил влез во Република Македонија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк