Connect with us

Македонија

КАМЕРИ СЕПАК ГО СНИМИЛЕ ПОЛИЦАЕЦОТ КАКО МУ ГО ЗЕМА ПАСОШОТ НА ГРУБИ НА УВИД И МУ ГО ВРАЌА: Касно видел дека Груби е на „стоп листата“, Тошковски со нови детали

Published

on

Имаме комуникација и одлична соработка со министерствата за внатрешни работи од соседните земји, но официјална потврда за бегалци од правдата не е стигната до МВР од ниедна соседна земја, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со недостапноста на Артан Груби и Перпарим Бајрами за органите на прогонот за случајот со криминал во Државна лотарија.

Во интервју во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, министерот кажа дека не би сакал да шпекулира каде е Груби за кој деновиве, рече, се слушале разни информации каде се наоѓа.

-Но би сакал да верувам во она што се обзнани во јавноста дека ќе се врати во Македонија зашто е чист како солза и затоа што смета дека овие основани сомненија, за кои е отворена истрагата од јавен обвинител, не се така како што ги толкува МВР и Обвинителство… Би сакал да се одважи и, ако е чист како солза, да пристигне во Македонија. МВР има капацитет да ја гарантира неговата безбедност… Ако еден човек толку долго се занимавал со политика, најмалку што може да стори е да ги одложи приватните обврски, ако ги имал, и  да се врати во Македонија и во законска постапка да ги докаже своите тези на одбрана. За да се докаже, мора да е достапен на судот, рече Тошковски.

На прашање дали имало „кртови“ во МВР или во Обвинителството кои го известиле Груби за да ја напушти земјата, рече дека има истрага, но дека не може да сподели информации. Соопшти дека во претресите кај недостапните осомничени за криминал во Лотарија се пронајдени поголеми количини суми „пари за кои постојат сомнежи дека дел од средствата кои незаконски  се стекнати се употребени за купување на одреден имот во и надвор од Македонија“.

– Но за жал, во овој момент не можам да откријам факти во оваа истражна постапка и не е време да се изнесат во јавноста. Да се остави во законита постапка и процес на правда, а за тоа ни треба време и темелна истрага, рече Тошковски.

За полицаецот Б. Ј. од Граничната полиција, против кого МВР поднесе кривична пријава и е донесено решение за суспензија, рече дека направил „кардинална грешка“ затоа што бил должен да го задржи возилото со кое се превезувал Груби, бидејќи бил на „Стоп листа“, а  потоа да го извести надлежниот јавен обвинител за упатства за натамошно постапување.

Од видеозаписот обезбеден од камерите на ГП Блаце се видело дека полицаецот му го прегледал пасошот и откако возилото го напуштило преминот „по неколку минути“ и „во фаза на напуштање“ односно кога веќе бил во МВР на Косово, тој констатирал дека Груби е на „Стоп листата“ и тогаш известил.

-За жал, полицаецот не постапил согласно стандардна оперативна процедура и не го задржал односно му дозволил да излезе… Најмалку за несовесно работење во служба треба да одговара, рече Тошковски. Откако ЈО ќе го собере целиот доказен материјал, рече, истражната постапка ќе утврди дали станува збор за организација од повеќе лица и дали полицаецот е инволвиран.

На прашањето зошто за раководителот на смена имало само дисциплинска постапка, а бил одговорен за батерии во камерите кои не работеле, министерот одговори дека се работи за камери кои полицајците ги носат на униформите и дека тој проблем бил отпорано. Меѓутоа, рече, камерите на граничниот премин функционирале и го снимиле постапувањето на полицаецот кој го зел пасошот на Груби за увид и потоа му го вратил.  

-Внатрешна контрола констатирала дека раководителот требало да се грижи за батерии, но тоа траело подолго време, и неговите дејствија немаат директна вина за излез и незапирање. Затоа кон раководителот има само дисциплинска постапка зашто нема причинско-последична врска со тоа што Б. Ј не го запрел возилото, додаде Тошковски. 

Македонија

Кривична пријава за поранешен началник во Полиција

Published

on

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.З., поранешен вработен во МВР, на работно место началник на Одделение за обезбедување на Влада на РМ, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба“ по член 353 од КЗ.

Пријавениот, како началник на Одделение за обезбедување на Влада на РМ, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што на полициски службеник вработен во Одделението со кој што раководел, му овозможил да се стекне со право за исплата на бонус плата за 2023 година иако не го исполнил условот утврден во Законот за работните однос, односно да нема отсуство од работа повеќе од 21 ден во текот на годината.

Пријавениот, полицискиот службеник го ставил на списокот на полициски службеници кои ги оствариле условите за исплата на бонус плата за 2023 година врз основа на што на полицискиот службеник му било изготвено решение со кое му било утврдено право за исплата на бонус плата за 2023 година и му биле исплатени пари на неговата трансакциска сметка во износ од 36.614 денари, во кој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Continue Reading

Македонија

Лизгалиштето на Магнолија – магнет за празнична магија во Битола

Published

on

Лизгалиштето на плоштадот Магнолија е вистински празничен бисер во срцето на Битола! Со секој изминат ден привлекува сè повеќе љубители на зимските радости – од најмладите кои ги прават првите чекори на мразот до возрасните кои уживаат во атмосферата.

Не само битолчани, туку и гости од соседните градови ја доживуваат магијата на лизгањето, создавајќи незаборавни моменти. За сите кои не можат лично да ја почувствуваат оваа зимска бајка, ЈП Паркинзи овозможи пренос во живо преку следниот линк: Гледај во живо.

Празничната магија живее во Битола! Посетете го лизгалиштето и бидете дел од „Зимска приказна“ што го прави градот вистинска зимска дестинација.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, во врска со тоа дали ќе се укине недела неработен ден вели дека неговиот став е дека или сите да работат со двојна или тројна дневница за работниците за тој ден или никој да не работи.

„И сега е недела работен ден, но, само за одредени економски оператори. Напишано е кои се тие оператори, во законот дури се ставени во квадрат. На пример, работи еден трговски центар што го отваравте со фанфари. Значи, и сега има економски оператори што работат во недела. Моето лично мислење е или никој да не работи во недела, вклучително и тие што сега работат, или, пак, тие што сакаат да работат да им даваат двојна дневница на работниците“, рече Мицкоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк