Connect with us

Скопје

Ѓорѓиевски: „Инфраструктурен бум во Кисела Вода – Патот Драчево-Пеленица добива нов сјај“

Published

on

По три децении запоставување, жителите на Кисела Вода и околните населени места конечно ќе добијат реконструирана патна делница Драчево – Пеленица. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, го означи почетокот на овој капитален проект, дел од серијата значајни инфраструктурни инвестиции во општината.

„Ова е историски момент за Кисела Вода. Патот Драчево-Пеленица, долг 3.370 метри, конечно ќе добие нов лик и значително ќе го подобри квалитетот на живот на жителите. Со оваа реконструкција, која чини 25 милиони денари, ја покажуваме нашата заедничка посветеност кон развојот и благосостојбата на регионот,“ изјави Ѓорѓиевски.

Проектот вклучува поставување нов асфалт, изградба на тротоар од едната страна – нешто што досега не постоело – како и модерен систем за одведување на атмосферските води. Оваа сообраќајница е од витално значење, бидејќи ја поврзува општина Кисела Вода со селата и соседната општина Студеничани.

„Инфраструктурниот бум во Кисела Вода продолжува. По изградбата на новата детска градинка и реконструкцијата на спортската сала ‘Расадник’, денес го започнуваме и овој капитален проект кој ја докажува нашата заложба за напредок. Заедно со Владата, создаваме подобри услови за живот и развој,“ додаде градоначалникот.

Премиерот Христијан Мицкоски ја истакна важноста на овие проекти, подвлекувајќи дека Владата останува фокусирана на капитални инвестиции што директно го подобруваат животот на граѓаните.

Очекувањата се реконструкцијата да заврши за осум месеци, поставувајќи нови стандарди за безбедност, функционалност и ефикасност на сообраќајот во регионот. „Ова е само почетокот на најдоброто што допрва доаѓа за нашиот народ,“ увери градоначалникот Ѓорѓиевски.

Скопје

ДАЛИ УЛОГАТА НА ГРАДСКИ ТАТКО ЈА „ПРЕЗЕМА“ ЃОРГИЕВСКИ: Прави новогодишна прослава наместо Град Скопје, го покани целиот град кај Расадник за Нова година

Published

on

Додека од Град Скопје нема никаква најава за организирана прослава за најлудата ноќ, ние уште еднаш докажуваме дека сме лидери во организирањето културни настани, објави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓеоргиевски, кој го покани цело Скопје на новогодишна прослава во Кисела Вода, на платото пред Расадник.

„Дали сте спремни за најдобрата забава во Скопје?  Почитувани жители на Скопје, со огромна чест ве поканувам пред платото на спортската сала ,,Расадник” во Кисела Вода на незаборавен дочек на Новата 2025 година! На 31 декември, под слоганот „Скопска Новогодишна приказна“, жителите на Кисела Вода и сите граѓани на Скопје ќе имаат можност да уживаат во целодневна програма со богати содржини за сите генерации. Настанот започнува во 10:30 часот со настап на Балетското студио „Лебед“, а ќе продолжи со Бисера Мојаноска и театарската група „Театар за тебе“. Малите посетители ќе уживаат во настапот на „Поточиња“, аниматорите и задолжителниот Дедо Мраз, кој овој пат ќе биде во друштво на ликот Гринч. Вечерната програма започнува во 20:00 часот со настап на популарната група Куку Леле, продолжува со легендарниот Игор Џамбазов, кој е и водител на вечерта, а ќе настапи заедно со „Гуру Харе Бенд.“ Потоа, ќе настапат ДНК и по пауза од 15 години, повторно на сцената – Врчак! Кулминацијата и пречекот на Новата година ќе го означи настапот на Лозано, објави тој на Фејсбук.

Како што напиша тој, со домашни изведувачи кои се миленици на публиката, создале програма која ги обединува генерациите.

„Ова е наш подарок не само за жителите на општината, туку за целиот град.  Ве поканувам сите скопјани да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2025 година со многу радост, музика и убави мигови. Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа „Скопска Новогодишна приказна“, која ветува незаборавна забава и многу позитивна енергија!“, се вели во објавата.

Извор: faktor.mk

Continue Reading

Скопје

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Приведен скопјанец поради агресивно однесување кон полицијата!

Published

on

– На 24.12.2024 во 14.10 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.К.(38) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираа од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Continue Reading

Скопје

ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА ВО СКОПЈЕ Се заканил и украл пари

Published

on

Вооружен разбојник вчера ограбил сопортска обложувачница во Карпош, Скопје.

„На 24.12.2024 во 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Карпош, едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк