Connect with us

Инфо +

Вело Марковски: Најголемата грешка е паролата „седете дома” јавувајте се по телефон на матичните и немојте да одите на лекар

Published

on

Д-р Вело Марковски вечерва во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 зборуваше за ситуацијата со здравствената криза во земјава. Тој меѓудругото истакна дека најголемата грешка е што на луѓето им се кажува да седат дома и да се јавуваат по телефон кај матичниот лекар.

Д-р Вело Марковски вечерва во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 зборуваше за ситуацијата со здравствената криза во земјава. Тој меѓудругото истакна дека најголемата грешка е што на луѓето им се кажува да седат дома и да се јавуваат по телефон кај матичниот лекар.

-Генерално што е најголемата грешка. Тоа е паролата “седете дома” на пациентите, јавувајте се по телефон и немојте да одите на лекар. Штедете ги лекарите, немојте по рецепти да одите во аптеки. Значи маса на луѓе оставивме без да ги види матичен лекар што е нон-сенс. Тука ние имаме проблем. И после кажуваат доцна им доаѓале пациентите. Па, како да доаѓаат кога вие им кажувате да не доаѓаат на лекар. А клиничката слика од пролетта до сега е сменета кај пациентите од оваа болест. Скоро кај сите починати постои бактериска пнеумонија со јасни параметри, со високо CRP, со висока седиментација и пореметени фактори на коагулација. И затоа пациентите треба да ги лекуваме соодветно. Не смее да се пушти пациент да не биде виден, да не биде прегледан. Другиот проблем е раното давање на антибиотици. Давање на антибиотик за време на инфекцијата може да има катастрофални последици.

Инфо +

Сиљановска-Давкова: Никогаш да не се повтори злото на Аушвиц

Published

on

Денеска, на 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц-Биркенау, претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, оддаде почит на милионите жртви на холокаустот.

На ова место, каде што страдањето и злото оставија неизбришливи лузни на човештвото, таа ја изрази својата длабока тага за невините животи на мажите, жените и децата чии судбини беа прекинати во најголемиот логор на смртта.

„Нивните приказни, нивните гласови и нивните страдања не смеат никогаш да бидат заборавени,“ истакна претседателката.

Во присуство на преживеани, таа се помоли и запали свеќа во чест на жртвите, истакнувајќи ја важноста на колективното сеќавање и историското освестување.

„Овие ѕидови на смртта нѐ потсетуваат на нашата обврска – никогаш да не дозволиме вакво зло повторно да биде дел од човековата историја,“ додаде Сиљановска-Давкова, повикувајќи на свет без омраза, насилство и дискриминација.

Continue Reading

Македонија

Ќе се формира програма за менторство за млади во рударството и енергетиката, Македонија е позитивен пример за бизнис заедницата и меѓународните партнери

Published

on

На денешниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува” – Унија на жени, насловен „Жените во енергетиката”, гостуваше министерката Сања Божиновска. Божиновска во поткастот најави четири нови закони за енергетика, обновливи извори и рударство, поддржани од ЕУ. Таа зборуваше за долгорочните планови за развој на секторот и програма за менторство на млади стручњаци, и се осврна на процесот на формирање на ново министерство.

„Формирањето на ново министерство е огромен предизвик, бидејќи почнувате од нула, што значи од простории, од вработувања, од интерни акти и прописи, од отварање на сметка за соработка со државни институции. Тоа се почетоците каде што вие почнувате од 0 и мора да се приспособите на се што значи државна администрација. Нашата систематизација ја направивме и тоа беше сериозен проект. Гледавме по пример на ЕУ државите да биде и нашата, и сега ги правиме законите. Моментално сме во процес на изработка на четири многу важни закони: првиот е Закон за енергетика, на кој работат експерти со помош од ЕУ и Енергетската заедница во Виена. Работиме и на Законот за обновливи извори, бидејќи ние сме држава со многу сончеви денови и сакаме да имаме зелена транзиција. Работиме и на Законот за минерални суровини и на Законот за геологија. Што значи дека најпрво ја правиме законската рамка, а во исто време сме во контакт со приватни инвеститори кои сакаат да инвестираат тука. Секако, сме и во контакт со МЕПСО и со ЕСМ, и правиме стратегија како ќе се одвива енергетиката во краткорочен и долгорочен период”, истакна Божиновска.

Божиновска истакна дека ќе се формира програма за менторство, каде искусни стручњаци ќе ги поддржат младите кои сакаат да се развиваат во рударството, минералните суровини и енергетиката. Оваа иницијатива ќе им помогне на студентите да се насочат кон овие области и да ги подготви за иднината.

„Контактиравме и со Рударскиот факултет во Штип, и со Електротехничкиот факултет. Исто така побарав список на оние кои сега завршуваат факултет, или кои се на магистерски студии, а се од Македонија. Планирам да организирам некое дружење и да ги повикам сите тие што се во рударството, минералните суровини и во нашите енергетски институции. Планирам и програми за менторство, и јас и останатите на клучни позиции да бидеме ментори на младите студентки кои сакаат да се насочат кон оваа област”, изјави Божиновска.

Божиновска истакна дека плановите за енергетиката се долгорочни и дека со новите закони ќе се постави основата за развој на секторот. Скопје ќе биде домаќин на светски настан со 500 енергетски професионалци, на кој ќе се одржи панел за жените во енергетиката, со цел промоција на жените лидери во оваа област.

„Ние сме ново министерство, и во енергетиката се се планира долгорочно. За да се направи некој енергетски објект, потребни се повеќе години. Со донесување на законите ќе ја поставиме основата за енергетика. Засега имаме голема поддршка од енергетската заедница во Виена и редовно комуницирам со претседателот на енергетската заедница. Добивме право да бидеме домаќини на светски настан, на кој ќе учествуваат 500 професионалци од енергетиката, и таму ќе има панел, посветен на жени лидери во енергетиката. Ние како домаќини ќе имаме можност да се промовираме и да покажеме што правиме во оваа област”, кажа Божиновска.

Божиновска нагласи дека министерството ги следи светските трендови, а вработените учествуваат на обуки и семинари во странство за размена на искуства. Македонија е позитивен пример за бизнис заедницата и меѓународните партнери.

„Ние се трудиме да ги следиме светските трендови. Се што е актуелно, ние се обидуваме да имплементираме. Имаме различни сектори во министерството, и сектор за меѓународна соработка. Во контакт сме и јас инсистирам вработените да присуствуваат на обуки и семинари во странство, бидејќи тоа е можноста да се дружиме со нашите соработници од министерствата на ниво на Европа и подоцна да ги имплементираме сите тие работи во Македонија. Македонија моментално е позитивен пример за бизнис заедницата и меѓународните партнери”, заклучи Божиновска.

Continue Reading

Македонија

Остануваме на нашите позиции за Бугарија, но сум подготвен да разговарам со бугарските власти, порача Мицкоски

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ емитувано на МРТ во понеделникот, во однос на македонското членство во ЕУ и конечното формирање на политичка влада во Бугарија истакна дека македонската Влада останува на своите позиции дека членството треба да се исполни според постигнувања, не според билатерални спорови, а тој е подготвен да разговара за надминување на проблемот со бугарските власти.

„Немам проблем да иницирам средба со Бугарија, ние сме соседи и логично е да иницираме таква средба, да се запознаеме, колеги сме, соработуваме, заедно сме во НАТО. Апсолутно ќе побарам средба“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека на таа средна треба да се види дали можеме да ги надминеме разликите околу тоа како ние го гледаме патот на Македонија до полноправно членство во Европската Унија и како тие го гледаат.

„Тука е разликата генерално, затоа што ние секако за иста тема имаме различни гледишта. Ние имаме наша стратегија, суштината една, а тоа дали нас после две децении ќе ни биде дозволено да го почнеме процесот на преговори и истиот да се вреднува според постигнување, а не билатерални спорови. Да видиме дали тука можеме да се најдеме, па потоа да бараме решение за се останато“, изјави премиерот Мицкоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк