Connect with us

Македонија

Инкасант од Брвеница присвоил 120.000 денари од наплата за вода

Published

on

На 24.12.2024 во 10.50 часот во СВР Тетово, М.А.(66) од с.Долно Седларце, директор во општинско јавно претпријатие од Брвеница, пријавил дека Ш.И. од с.Милетино,вработен како инкасант во претпријатието, ја злоупотребил својата положба на тој начин што во текот на 2023 и 2024 година, вршел читање на водомер и наплата кај корисниците во нивните домови во с.Милетино и с.Блаце, при што парите ги присвоил за себе и не ги предал во благајната на претпријатието. Поизвршените проверки, констатирано е декапретпријатието е оштетено за околу 120.000 денари. Случајот во претпријатието гопотврдувале корисниците на тие услуги, кои приложиле сметки дека им се наплатениуслугите, додека од страна на надлежните сектори во претпријатието не биле приложени средствата и уплатниците и истите корисници фигурираат задолжени со неплатени сметки. Ш.И. бил предупреден да ги врати парите, но до пријавувањето не го сторил тоа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија

Крадел од фирма, па се повредил кога бегал низ прозорец

Published

on

Утрово, во 07.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Р. (24) од Куманово.

Тој бил затекнат во деловен објект на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово додека се обидувал да одземе пари и предмети, по што се обидел да избега преку прозорец, при што се здобил со повреди.

М.Р. бил пренесен во Општа болница Куманово, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Населби во Тетово без струја на 27.12.2024 (петок)

Published

on

На 27 декември 2024 година (петок), повеќе населби во Тетово ќе бидат без електрична енергија поради планирани технички зафати. Корисниците се известуваат за можни прекини во снабдувањето.

дел од град Тетово, објекти кои се наоѓаат кај стариот амам прекин од 09:00 до 11:00

дел од  ул.29-ти Ноември прекин од 09:30 до 14:30

Continue Reading

Македонија

Тепачка во основно училиште во Тетовско: Полицијата работи на расчистување на случајот

Published

on

На 25.12.2024 во 15.15 часот во СВР Тетово К.З.С.(38) од с.Горно Седларце пријавила дека околу 11.00 часот во основното училиште во селото нејзиниот малолетен бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк