Connect with us

Скопје

Едногласно донесен буџетот на Кисела Вода, низа инвестиции и поволности за граѓаните

Published

on

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека буџетот за 2025 година е најголем и најдобро креиран досега, благодарение на транспарентното и одговорно управување со општинските финансии.

Едногласно, со поддршка од сите советници, Советот на Општина Кисела Вода денес го усвои Предлог-Буџетот за 2025 година. Се работи за највисокиот буџет досега и изнесува над 1.52 милијарди денари.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека буџетот за 2025 година е најголем и најдобро креиран досега, благодарение на транспарентното и одговорно управување со општинските финансии.

-Со гордост можам да кажам дека Кисела Вода испишува историја со овој буџет, кој не само што ги задоволува потребите на граѓаните, туку е и плод на нивната директна соработка преку буџетските форуми под слоганот “Мојот народ одлучува, буџет 2025”. Фокусот на буџетот се капиталните инвестиции, за кои се издвоени рекордни 447,7 милиони денари во основниот и 471 милион денари во консолидираниот буџет. Средствата ќе бидат наменети за приоритетни области, како што се: патна инфраструктура и подземни решенија, урбана опрема и реконструкција на салата „Расадник“, изградба и доградба на училишта и градинки, инвестиции во животната средина…

Дополнително, се предвидуваат рекордни субвенции и финансиска помош од 52 милиони денари за граѓаните, како и нови субвенции за пензионерите и субвенции за возачки дозволи за матурантите. Овој буџет покажува дека заедно можеме да ги решиме најголемите предизвици и дека најдоброто допрва доаѓа-додаде градоначалникот Ѓорѓиевски.

Седницата на која беше изгласан Буџетот за 2025 година, за првпат имаше толкувач на знаковен јазик.

Скопје

Орце Ѓорѓиевски: Осветување на Крстот – Симбол на верата и националниот идентитет

Published

on

Денес во црквата Свети пророк Еремија, населба Пинтија, беше извршен благословен чин – осветување на новозградениот Крст од страна на Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. Настанот, кој го обедини верниците, е значаен дел од духовното и културно наследство на општина Кисела Вода.

Градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека овој ден ќе остане запишан во историјата како уште еден симбол на нашата вера, заедништво и национален идентитет. Тој порача дека Крстот треба да биде гордост за сите верници, додавајќи дека Бог е секогаш со оние што ја негуваат љубовта и верата.

Овој настан е уште еден чекор кон духовното издигнување и градењето на идентитетот на општина Кисела Вода, која продолжува да се развива како заедница што ги почитува традицијата и верските вредности.

Continue Reading

Скопје

Полициска акција во затворот Идризово

Published

on

Во петок во 20:30 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека околу 18:50 часот во установата кај осуденици биле пронајдени марихуана и таблети.

Извршен бил увид од увидна екипа од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и истите била одземена.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Скопје

Скопјанка тешко повредена на „Партизанска“

Published

on

Во петокот (27.12.2024 година) во 17:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Никола Парапунов“  во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот Б.Н.  од Кавадарци, удрило во пешакот 56-годишната И.М. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.М., а констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје.

За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк