Connect with us

Инфо +

Филипче: Доколку се преполнат болниците ќе следи полициски час

Published

on

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите објасни зошто засега не е потребно воведување на полициски час, но од друга страна ја потенцираше важноста за почитување на мерките поради сериозниот притисок на здравствениот систем и брзото исполнување на болничките капацитети, како и недостаток на медицински кадар.

Анализите покажуваат дека е намалена преносливоста на вирусот. R0 (ер нула) факторот на преносливост е намален од 1,5 на близу 1, тоа значи дека еден човек при непосреден контакт зарзаувал, 1,5 човек, сега анализите покажуваат дека заразува помалку од 1. Министерот изјави дека мерките даваат разултати, но предупреди дека вирусот е непредвидлив и во даден момент може да се влоши клиничката состојба на пациент па да треба голем број пациенти да се хоспитализираат. Тоа значи огромен притисок врз здравствениот систем.  

– Се повеќе одделенија се пренаменуваат да третираат пациенти со ковид. Многу веројатно е дека за многу кратко време, тоа може да доведе до намалување на обемот на нормалната работа на одделенијата, редуцирање на термините преку системот Мој термин како за прегледи така и за интервенции, дијагностички или оперативни. Сите се посветени на оваа работа координаторите на интерните клиники, Инфективната клиника, во болниците сите одделенија практично и целокупниот кадар е посветен, и по систем на ротација спремен да помогне во третман на ковид пациентите, но тоа оди се потешко, изјави министерот.

Македонија

Тетовскиот универзитет останува без еден од најдобрите професори?

Published

on

Тетовскиот универзитет ја започна законската процедура за разрешување на професорот Артан Груби, кој е доцент на Правниот факултет, отсек новинарство, јавува Алсат.

Според деканот на Правниот факултет, Сафет Емрули, отказот на работното место следува по неколкудневното отсуство на професорот без да даде појаснување.

– Од минатата недела не се појавил на работното место, што значи дека не ги исполнил обврските од Законот за работни односи и Законот за високо образование. Случајот го процесуиравме согласно законските одредби и започнавме постапка за соодветни мерки согласно законот. Многу брзо ќе бидете известени за одлуката што ќе ја донесеме како универзитет – изјави Сафет Емрули.

Адвокатот Сахит Зилбехари вели дека според Законот за работни односи ангажманот мора да се прекине доколку има тужба против вработениот.

Според него, прекинот треба да биде привремен до објавување на конечната одлука на судот. Работникот може да замине и на неоправдано отсуство.

Continue Reading

Македонија

Пожар во куќа во Скопје

Published

on

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

На 06.01.2025 во 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба настанал пожар во куќа, при што била опожарена соба и дел од кровот.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

Continue Reading

Скопје

Жени се тепале пред продавница во Скопје

Published

on

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк