Connect with us

Македонија

ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ СО МОТОРНА ПИЛА И СО ОСТРИ ПРЕДМЕТИ Нападнати и повредени шумски полицајци

Published

on

Четири лица, меѓу кои и едно малолетно лице, се приведени од страна на велешката полиција поради напад врз тројца шумски полицајци за време на службени задачи. Инцидентот се случил на земјен пат од езерото Младост кон селото Ветерско.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека нападот бил пријавен од Ф.Ј. (54), вработен во Шумската полиција – Велес.

„Додека тројцата шумски полицајци, меѓу кои и Б.К. и З.З., извршувале службени активности, затекнале лица кои вршеле бесправна сеча на дрва. Напаѓачите, предводени од Б.З. (36), физички ги нападнале службените лица. Б.З. користел остар предмет, нанесувајќи повреди на двајца полицајци, додека В.В. (18) се заканувал со вклучена моторна пила. Другите двајца напаѓачи, С.З. (57) и малолетникот, користеле дрвени предмети“, соопштија од полицијата.

Повредените полицајци биле пренесени во велешката болница, каде што им биле констатирани повреди. Напаѓачите, по нападот, се обиделе да избегаат со возило „Форд“ со велешки регистарски ознаки, но подоцна биле лоцирани и приведени од полицијата.

„Лицата С.З., Б.З. и В.В. се задржани во полициска станица, а возилото и предметите кои биле користени во нападот се пронајдени и одземени. За настанот е известен јавен обвинител, и по комплетно документирање на случајот ќе следуваат соодветни кривични пријави“, додаваат од МВР.

Овој инцидент уште еднаш го истакна ризикот со кој се соочуваат шумските полицајци за време на извршувањето на службените задачи, особено кога станува збор за бесправната сеча на дрва, која продолжува да биде горлив проблем во земјата.

Македонија

БИТОЛА: Вечерва на Зимска приказна групите „Баркод“, „Љубојна“ и „Калабалак“, утревечер „Ноќ на нови почетоци“

Published

on

Програмата на „Зимска приказна”, денес продолжува со дневна програма во Старата битолска чаршија и кај Офицерскиот дом. За вечерната програма резервирано е Платото пред Офицерскиот дом, каде од 19:00 часот до 20:30 ќе настапат „Баркод” и Николче Зацески, а од 20:30 до 22:30 публиката ќе се забавува со „Ljubojna Brass Fantasy 2″ на нашата позната македонска музичка група „Љубојна”. Во 22:30, музичкиот дел ќе продолжи со забава со групата „Калабалак”.

 Утре, покрај дневната програма која ќе трае до 15:30 часот, вечерната програма за Дочек на Новата 2025, започнува на Платото пред Офицерскиот дом во 20:00 часот со настап на Борче Наумовски – Министерот, по што ќе следува рок бендот „Б-52″.

 Од 22:00 часот започнува настанот наречен „Ноќ на нови почетоци” со кој Битола, ќе ја заокружи 2024 и ќе ја започне 2025 година. Дел од овој настан се музичката група „Фонтана, Дувачкиот оркестар „Блезери” и изведувачите Андријана Јаневска, Зуица Лазова, Сузана Спасовска и Димитар Андоновски.

Сите програмски содржини во деновите до 06 јануари може да ги видите во програмата на линковите bitola.gov.mk и https://www.zimskaprikazna.mk/

Continue Reading

Македонија

Упатил закани со огнено оружје, па при претрес на неговиот дом најдени пиштоли и куршуми

Published

on

Жител на Тетово бил уапсен вчера, откако претходно при расправија се заканувал со огнено оружје. При претрес на неговиот дом, полицајците нашле пиштол „ЦЗ“ и колекционерски кубур, соопшти МВР.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А (51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 25.07.2024, пријавениот упатувал закани со огнено оружје кон едно лице, а при претрес во неговиот дом и други простории, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол „Црвена застава“, калибар 7,62, две рамки за огнено оружје и 46 куршуми калибар 7,62 мм и пиштол кубура (колекционерско оружје)“, пишува во полицискиот билтен.

Continue Reading

Македонија

Вкупно 12 жени уапсени во угостителски објект

Published

on

Повторно полициска контрола во угостителски објект во Гостивар. Уапсени се 12 жени.

– На 30.12.2024 во периодот од 00.00 до 01.10 часот, полициски службеници при ОВР Гостивар, во содејство со полициски службеници од СВР Тетово, спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар, сопственост на Ј.А.(48) од Гостивар. При контролата во објектот биле затекнати 12 женски лица, од кои пет (четири од Република Србија и една од Република Албанија) го злоупотребиле туристичкиот престој. Тие биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од полицијата. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк