Connect with us

Бизнис

ВЕРО со поддршка на згрижувачките семејства – новогодишни подароци за секое згрижено дете

Published

on

Како дел од платформата #ВЕРОзаТЕБЕ, ВЕРО во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади на Македонија, оддава признание на згрижувачкитесемејства и носи празнична радост за децата под нивна грижа.

(Скопје, 29.12.2024) – Ланецот на супермаркети, ВЕРО, денеска официјално ја започна кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“, иницијатива на национално ниво, со цел да донесе радост кај децата од овие семејства за време на празниците. Настанот се одржа во ВЕРО Центар во Скопје, каде голем број деца добија новогодишни подароци од Џамбо маркети и учествуваа во активности со Дедо Мраз.

 

Кампањата, која се спроведува под платформата #ВЕРОзаТЕБЕ, има за цел да го нагласи значењето на згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост, додека овозможува секое дете да ја доживее радоста на празниците. Овие иницијативи нудат дополнителна поддршка и создаваат празнична атмосфера што ја истакнува важноста на љубовта, грижата и вниманието за секое дете.

 

„Празниците се време на љубов, надеж и дарување. Згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост се вистинските херои на нашето општество, а преку оваа кампања имаме можност да ги поддржиме и да внесеме насмевки на лицата на децата под нивна грижа. Не станува збор само за подароците, туку и за создавање моменти на заедништво, радост и потсетување дека сите сме дел од истата заедница,” истакна во своето обраќање Петар Денковски, директор на ВЕРО.

 

Во Македонија, многу деца живеат во згрижувачкисемејства, додека други добиваат поддршка од центри за лица со попреченост, кои играат клучна улога во нивниот личен развој и инклузија во општеството. Министерство за социјална политика, демографија и млади на Македонијаигра значајна улога во обезбедувањето на соодветни услуги за нив, помагајќи да се исполнат нивните емоционални, социјални и физички потреби.

 

„Згрижувачките семејства обезбедуваат многу повеќе од дом – тие се извор на љубов и стабилност за децата кои се соочуваат со животни предизвици. Истовремено, центрите за лица со попреченост претставуваат соодветно место каде овие лица добиваат поддршка, стручна грижа и можност да ги развиваат своите вештини. Оваа иницијатива покажува како сите заедно можеме да направиме разлика и да донесеме радост и топлина за време на празниците,“ изјави Ѓоко Велковски,заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади на Македонија.

 

Преку оваа кампања, во соработка со Министерство за социјална политика, демографија и млади на Македонија, ВЕРО ќе обезбеди новогодишни подароци за децата од згрижувачките семејства низ целата држава. Дополнително, дел од донациите ќе бидат насочени и кон центрите за лица со попреченост, како израз на поддршка за нивната важна мисија во подобрување на квалитетот на живот на овие лица. Со ова, ВЕРО ја нагласува својата посветеност кон создавање подобра и поинклузивна заедница.

Бизнис

Од месец март линеарно зголемување на пензиите за 2.500 денари

Published

on

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, дали во Новата 2025 година во овој Буџетот се предвидени повеќе средства за покачување на пензиите, информираше дека се предвидени зголемувања за мартовската пензија, којашто ќе биде исплатена во месец април.

-Да, во новиот Буџет се предвидени зголемувања. Сега во мартовската пензија, односно која што ќе биде исплатена почетокот на април, односно како што доаѓа исплатата на пензиите практично самиот крај на март, почетокот на април за мартовската пензија. Оние дополнителни 2500 денари линеарно зголемување. Со што се заокружува она ветување, дека во првата година, линеарно пензиите ќе бидат зголемени за 5.000 денари. Ние за девет месеци еве тоа ќе го направиме, и мислам дека пензионерите се задоволни од оваа мерка, и мислам дека на некој начин успеваме тие пензионерски денови да ги олесниме како Влада, и ќе продолжиме во таа насока да работиме и во иднина. Повеќе од 300.000 пензионери ќе го добијат тоа покачување со мартовската пензија, објасни премиерот.

Continue Reading

Бизнис

Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените, најавува Мицкоски

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека преку Државниот пазарен инспекторат на дневна основа се следат цените на основните производи и најавува жестока реакција доколку, како што вели, утврдат дека повторно има несакани појави.

Во одговор на новинарско прашање, Мицкоски денеска рече дека очекува трговците да продолжат да ги намалуваат цените на производите, што претходно ги зголемија на сметка на поевтинувањето на производите опфатени со акцијата „Новогодишна кошница“, по што Владата предупреди дека ќе ги замрзне цените.

-Моравме да интервенираме и да покажеме колку сме сериозни во намерата, не може одредени трговци на грбот на граѓаните да остваруваат дополнителни екстра профити. Тие ги намалија цените пред Нова година, некаде 10, некаде 15, некаде и повеќе проценти. Очекувам овој тренд да продолжи и во деновите што следат, изјави Мицкоски.

Ако некој мисли дека не го следиме сето ова, се лаже, вели премиерот.

-Ако ги гледаме профитите што ги остваруваат трговските ланци ќе дојдеме до закулучок дека помеѓу условно кажано најуспешните компании 10, 15, 20, гледаме такви трговски ланци, а конјуктурата на бизнисот не е сменета, не е драматично зголемена потрошувачката ниту пак има некои иновативни методи, туку станува збор за покачување на цените и тоа не е добро. Го следиме тоа на дневна база преку Државниот пазарен инспекторат и жестоко ќе реагираме ако повторно видиме дека се случуваат несакани појави, рече Мицкоски, кој присуствуваше  на пуштање во употреба на спортска сала во Радовиш.

Министерот за економија Бесар Дурмиши, на новогодишниот брифинг со медиумите, информираше дека има готова изготвено одлука за замрзнување на цените и доколку Државниот пазарен инспекторат при контролите укаже на злоупотреба на цените на основните производи, веднаш ќе биде донесена одлука на Влада за воведување на таква мерка.

Continue Reading

Бизнис

Казни и до 20.000 евра за маркетите кои нема да ги почируваат мерките

Published

on

Имплементирањето на новиот Закон за нефер трговски практики ќе го заштити животниот стандард на граѓаните, ќе го намали форсирањето на странските, на штета на домашните производиа, а истовремено ќе стави ред во односите на производителите и добавувачите, со трговците. Со законот до 10% ќе се ограничат надоместоците за складирање, реклама, маркетинг, персонал, наспроти досегашната пракса која била 20, 30 па можеби повеќе отсто, што индиректно ја зголемувало и малопродажната цена на производите.

„Меѓутоа сега се ограничени и остануват да работат и придонесите не ги надминат процентите од 10% во тековната година, што е добро бидејќи на подолг рок со овој Закон нормално ќе имаме поголемо регулирање на цените на производите како краен ефект, односно во интерес на потрошувачите, купувачите, граѓаните, заштита на животниот стандард, а од друга страна оној хаос кој постоел претходно и форсирање на странски производи, во однос на домашните производи, тука ќе имаме изедначување во однос, пред се на маркетите“, изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески.

Дали Законот за нефер трговски практики, се применува главен контролор ќе биде Комисијата за заштита од конкуренција. Таа ќе може да поведе прекршочна постапка доколку се прекрши било која одредба. Во мониторинг периодот кој беше даден до 1јануари регистрирани се 26трговски нефер практики.

„Имаме различни дојави. Има одредени проблеми околу поврат на роба, во маркетингот, некаде дури се имат појавено и два ценовници. Сето тоа треба да го испита КСК и по Законот за нефер трговски практики да постапи„ изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески.

Во зависност од прекршоците ќе се движат и казните. Глоба за најтежок прекршок ќе изнесува и до 20.000евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице. Казните за полесните прекршоци ќе зависат од тоа дали прекршокот го сторил правно или физичко лице

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк