Connect with us

Македонија

МЖСПП: Како никогаш досега сме сериозно посветени на решавање на проблемот со аерозагадувањето

Published

on

Заштитата на животната средина, а особено справување со повеќедеценискиот проблем со лошиот квалитет на амбиенталниот воздух во повеќе градови и населени места во државата е висок приоритет во агендата на Владата. Со голема посветеност и сериозност, уште пред стартувањето на грејната сезона кога редовно се забележуваат повисоки концентрации на загадувачки супстанции во воздухот, пристапено е кон темелно и прецизно проектирање, развивање и имплементација на решенија за надминување на овој проблем, за кој граѓаните изминативе години покажаа висока загриженост, посочуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

-Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање, после пет години вакум (првата и последна Програма и План се изработени за 2019 година) изработија плански документ „Програма против загадување на воздухот 2024-2030“ во кој се наведени програмските цели и проектни пакети со кои се таргетира намалување на емисијата на цврсти честички во градовите во државата. Програмата е темелна, прецизна и соодветна на конкретните услови и можности. Таа содржи осум сегменти и за секој од нив се предвидени и испланирани проекти и што е од особена важност зададен е рок во кој ќе се почне реализацијата, период во кој таа треба да биде завршена, како и одговорни институции кои ќе бидат задолжени да се стигне до очекуваните резултати, соопшти МЖСПП.

Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање со оваа Планска програма, се вели во соопштението, обезбедија отворена соработка и институционалната координација на сите нивоа, централно и локално ниво, како клучен елемент за исполнување на програмските цели и проектните активности.

-Врз основа на стручна анализа на причинителите на аерозагадувањето и анализа на проектите за решавање на дел од проблемот во урбаните средини проектирани се степени на реализација, финансиска и временска рамка и надлежни институции. Во Програмскиот пакет се опфатени главните области што влијаат на квалитетот на воздухот: енергетика, индустријата, транспортот, земјоделство и шумарство итн., се прецизира во соопштението.

Покрај конкретни активности што опфаќаат делување на широк спектар на детектирани извори на загадување на различни нивоа, како што велат, предвидени се и потребните законски измени што ќе ја олеснат имплементацијата и контролата. Исто така, предвидена е и поддршка на локалните самоуправи во изработка на потребните локални планови за справување со аерозагадувањето.

-Во буџетот за 2025 година предвидено е поставување на уште една мониторинг станица за мерење на квалитетот на воздухот во Штип, со што Државниот мониторинг систем ќе брои 23 стационирани мониторинг станици и една мобилна. Когенеративни гасни централи, квалитетно огревно дрво, греење без емисија – топлински пумпи, високоефикасни котли, контрола на емисија од домаќинствата, комунална редарска служба – комунална полиција, намалување на емисијата на честички од јавни објекти, државата не загадува – водиме со пример, планирање на идните емисии, институт за квалитет на амбиентален воздух, намалување на емисијата на честички од индустриските процеси, закон за индустриски емисии, инспекциски надзор во животна средина, палење на недозволени горливи материјали, стоп за палење на ниви и стрништа, регионални центри за управување со отпад, зеленило и шуми, стоп за шумски пожари, 40 милиони нови садници, емисии од транспорт, јавна флота без директни емисии – водиме со пример, такси без директни емисии, европски технички преглед за возилата, управување со емисиите, контрола и управување со емисиите, зголемување на капацитетите за мерење, се дел од предвидените проекти што јасно покажуваат дека како никогаш досега посветено и сериозно се работи на решавање на овој повеќедецениски проблем, потенцираат од МЖСПП.

Македонија

Meџити: Од март 2025 година пензионерите ќе ги добијат ветените 5.000 денари повеќе

Published

on

Првиот вицепремиер на Република Северна Македонија, Изет Меџити, извести дека од март 2025 година, над 300.000 пензионери ќе ја добијат ветената зголемена пензија од 5.000 денари во текот на една година.

„Од март 2025 година, над 300.000 пензионери ќе ги добијат ветените 5.000 денари во текот на една година. Ова зголемување, овозможено преку законските измени од септември 2024 година, одразува наша посветеност за гарантирање покомфортен и посигурен живот за пензионерите“, изјави Меџити.

Тој додаде дека „протестите и барањата на пензионерите беа оправдан повик, и ние го слушнавме тој повик“.

Меџити ја заврши својата изјава со ветување за иднината: „Ќе продолжиме со преземање конкретни чекори за подобра иднина за сите“.

Зголемувањето на пензиите се гледа како важен успех за благосостојбата на пензионерите и чекор напред во исполнувањето на ветувањата на Владата.

Continue Reading

Македонија

Најголем дел од доказите за Груби се тука, вели Агелер

Published

on

Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека е задоволна што поранешниот вицепремиер Артан Груби е на црната листа на САД. За случајот со Груби вели дека е објавен кога е завршен, а не затоа што тој паднал од власт. Aмериканската амбасадорка уште вели дека нејзина работа како амбасадор е да има средби и со македонски функционери кои се дел од истрагите за црната листа.

Агелер во поткастот на македонско-американската алумни асоцијација од серијалот интервјуа за борба против корупција, вели дека за случајот што тој е обележан од американските власти, доказите се на дофат на македонските власти, но како што рече, тие не се орган на прогонот.

„Доказите се тука, најголемиот дел од нив, не сите. Може да се отвори случај од она што е достапно тука и во регионот и тоа е она што ние како амбасада се надеваме дека ќе се случи, но исто така ние не сме орган на прогонот. Јас нема да му влезам никому дома, но се надевам дека ова поттикнува акција и можам да кажам дека последните неколку имиња на црната листа навистина предизвикаа реакција“, вели Агелер.

Aмериканската амбасадорка уште кажа дека нејзина работа како амбасадор е да има средби и со македонски функционери кои се дел од истрагите за црната листа.

„Но, знам да препознаам луѓе кои лажат в лице кога велат дека се борат против корупција“, рече Агелер во поткастот на македонско-американската алумни асоцијација од серијалот интервјуа за борба против корупција.

Continue Reading

Македонија

Минчев поднесе претставка до Инспекторатот поради оглас за вработување со вклучено „етничка припадност“

Published

on

Министерот за јавна администрација Горан Минчев како физичко лице, по допрен глас, поднесе претставка до Државниот инспекторат за труд барајќи вонреден инспекциски надзор во Јавното комунално претпријатие „Пиша“ од селото Липково.

Во претставката Минчев укажува на сериозни неправилности во објавениот јавен оглас број 03-204/3, со кој се бараат четири нови вработувања на неопределено време.

Според огласот, критериумите за вработување вклучуваат етничка припадност, што е во спротивност со Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за работните односи и Правилникот за задолжителните елементи на јавните огласи, информираа од неговиот кабинет.

„Ова е директно нарушување на принципите на еднаквост и недискриминација. Законот е јасен – вработувањата во јавниот сектор треба да се базираат на квалификации, компетенции и транспарентност, а не на етничка или друга дискриминаторска основа“, истакна Минчев.

Како министер, но и како граѓанин, Минчев посочи дека ваквите случаи ја нарушуваат довербата во институциите и ги охрабрува граѓаните да се борат за почитување на своите права.

„Должни сме да изградиме праведен систем, кој функционира еднакво за сите. Политичката волја за почитување на законите мора да биде основен принцип на секоја јавна институција. Само така можеме да создадеме силна и правична држава“, нагласи Минчев.

Претставката до Државниот инспекторат за труд е поднесена со цел да се утврди дали во конкретниот случај постојат основи за прекршување на законите. Минчев повика Инспекторатот да спроведе темелна истрага и да информира за преземените мерки.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк