Connect with us

Македонија

ЧЛЕНОВИТЕ НА СУДСКИОТ СОВЕТ СО 2 ОТСТО ДОВЕРБА ПОВЕЌЕ НЕ ЈА ЗАСЛУЖУВААТ ПЛАТАТА Разрешувањето на дел од членовите не е спротивно на Уставот

Published

on

Кој било процес што е спротивен на законите и на Уставот немаме намера да го водиме, но, не би се согласил врз основа на оние мислења од уставни експерти кои јас ги имам, дека разрешувањето на членови на Судскиот совет е противзаконски и противуставно, рече премиерот Христијан Мицкоски. 

Членовите на Судскиот совет, со доверба кај граѓаните од само 2 проценти, повеќе не ја заслужуваат платата што ја земаат, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој одговараше на новинарско прашање дали во јануари ќе следува распуштање на членовите на Судскиот совет кои ги избира Собранието, со оглед дека одредени правници и уставни експерти истакнуваат дека тоа би било противуставно и противзаконски.

– Како Влада сигурно дека нема да работиме нешто што е спротивно на законот и спротивно на Уставот. Се разбира, кој било процес што е спротивен на законите и на Уставот немаме намера да го водиме, па така ниту овој. Но, не би се согласил врз основа на оние мислења од уставни експерти кои јас ги имам, исто така, дека ова е противзаконски и противуставно – рече Мицкоски.

Граѓаните ги оценуваат со најниска доверба, додаде тој.

– Ако ние мислиме да им угодиме на овие луѓе да останат подолго таму и уште подлабоко да тонеме во политичкото мочуриште, заглавени во сето она што го направија во изминатиот период, затоа што имаме неколкумина кои не постоеја досега и сега наеднаш се вознемирени и се појавуваат на површина, таква намера немаме. Ние работиме во интерес на граѓаните, согласно со законите и со Уставот. Да, ќе се појавуваат таков тип на т.н. експерти кои ќе толкуваат вака или ќе толкуваат така. Но, едно е јасно, а тоа го кажуваат и граѓаните недвосмислено, дека овие луѓе со доверба од 2 проценти, повеќе не ја заслужуваат платата што ја земаат – рече Мицкоски.

Премиерот минатата недела изјави дека се размислува за неколку потези после празниците во врска со Судскиот совет.

– Ние размислуваме за неколку потези, некои мерки кои ќе ги преземеме после празниците, затоа што и покрај најавите дека се надминати оние појави на анксиозност, дијареа, грчеви и покачена температура, сè уште тие процеси траат кај одредени обвинители и судии. Граѓаните мора да ја добијат правдата. Планираме вакви активности во следниот период – рече тогаш премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали се планира разрешување на оние членови на Судскиот совет кои се избрани од Собранието.

И претседателот на Собранието потврди дека ќе  се спроведе процедурата за разрешување, но прво ќе се консултираат со Уставниот суд.

Македонија

Дедо Мразовци на две тркала: Празничниот караван на МК Конзули ја разубави Битола

Published

on

Денес улиците на Битола беа сведоци на несекојдневна глетка – моторџии облечени како Дедо Мразовци, кои со насмевки, адреналин и празнична енергија ја разубавија „Зимска Приказна“.
Празничниот караван во кој учествуваа членовите на МК Конзули

Continue Reading

Македонија

Успешно исчистени каптажите на Лешница: Решен проблемот со снабдување со вода

Published

on

Нашите екипи успешно ја завршија интервенцијата за чистење на каптажите во планините на Лешница, со што се адресираше намалувањето на количината на вода. И покрај нашите напори за брза реакција, предизвикувачките временски услови и големите снежни наноси ја отежнаа пристапноста и извршувањето на работите.

Им изразуваме благодарност на граѓаните за трпението и разбирањето покажано во овој тежок период. На оние кои изразија загриженост или незадоволство, целосно ги разбираме и ве уверуваме дека секоја критика ја прифаќаме како мотивација за понатамошно подобрување.

Сакаме да потенцираме дека сегашните предизвици со снабдувањето со вода и одржувањето на каптажите се наследени проблеми кои бараат долгорочни инвестиции и решенија. Зимата носи големи предизвици, но остануваме посветени секогаш да реагираме кога е потребно, имајќи ги секогаш приоритет потребите на граѓаните.

Со почит,

Јавно претпријатие за водовод и канализација „Шари“

Направи ми наслов 

Continue Reading

Македонија

Страшна сообраќајка тројца повредени

Published

on

На улицата „Бранко Станоевиќ“ во Гостивар вчера се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Л.А. (24) од Тетово и патничко возило „Хјундаи“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(51) од село Стар Балин Дол, гостиварско. Во несреќата тешки телесни повреди добил сопатникот А.Л. од патничкото возило „мерцедес“, додека пак телесни повреди добиле возачот на „Мерцедесот“ и неговиот втор сопатник – А.З.

Повредите се констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк