Connect with us

Инфо +

Мицкоски: Во ЈСП има нафта, но раководството не доаѓа на работа

Published

on

Денеска проструи информација дека автобусите на ЈСП Скопје се повлекуваат во базите и повторно нема нафта за да возат. На прашањето дали Владата повторно ќе излезе во пресрет и ќе позајми гориво од државните резерви за јавните градски автобуси, премиерот Христијан Мицкоски информира дека нема такво барање од Град Скопје.

-Од тоа што го добивам како информација е дека раководството на ЈСП Скопје не доаѓа на работа. Административен е проблемот, не е проблем дека нема количини на нафта. Апелирам до раководството и до Градот Скопје да ги надминат несогласувањата за да можат скопјани да го користат јавниот превоз. Друг е проблемот. Нека се именува ново лице или не знам, само нека направат нешто затоа што ова ги поминува сите граници на едно однесување. Не е проблемот како што беше со нафтата, кажа претседателот на Владата на денешната прес-конференција во Владата.

Македонија

Полицијата со полни раце работа, се апсеа дилери

Published

on

Денеска (05.01.) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Х.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.01.2025 година во 21.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Л.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.01.2025 година во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Н.(33) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.01.2025 година во 23.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.М.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 04.01.2025 година во 16.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (05.01.) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Х.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.01.2025 во 12.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Н.Ј.(19) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок

На 04.01.2025 во 19.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок по чл.80 ст.1 од Законот за оружје.

Continue Reading

Македонија

Жителите на кичевско Тајмиште 11 денови се без струја

Published

on

Жителите на село Тајмише – Кичево, веќе 11 денови немаат струја и Новата година ја дочекаа во темница, објави ТВ21.

Причината за тоа е паднат електричен столб, на тешко пристапна локација.

За настанатата состојба од ЕВН изјавиле дека секојдневно се прават напори за да се пристигне до местото каде што се наоѓа столбот, но како што велат, станува збор за непристапен терен.

„Во кичевското село Тајмиште, како последица од невремето, настанал дефект од посериозни размери при што паднал челично решеткастиот столб кој е клучен во снабдувањето на овој реон. Покрај тоа, екипите на Електродистрибуција се соочуваат со целосно непристапен терен. Секој ден се вложуваат напори за да се стигне до локацијата на столбот, но во моментов теренските услови воопшто не го дозволуваат тоа. За ситуацијата е запознаен и Центарот за управување со кризи – ЦУК-велат од ЕВН.

Continue Reading

Македонија

Осум цариници пропуштиле 35 половни автомобили да се продаваат без данок

Published

on

Бобан Николов, директорот на Царинска управа, денеска информираше дека осум царински службеници се под дисциплинска постапка затоа што овозможиле 35 половни возила да се најдат на автоплацовите без да се платата увозните давачки за нив.

Како што информираше првиот човек на Царината, тие работеле заедно со уште пет правни лица – двајца шпедитери, двајца увозници и еден царински склад, во периодото од крајот на 2023 и во текот на првата половина од 2024.

– Запленети се 35 автомобили со вкупна вредност од 20 милиони денари, а на буџетот му е нанесена штета од 9 милиони денари. Се сомневаме дека штетата е поголема, веројатноста е повеќекратно да се случувале овие дела во минатото, рече Николов.

Досега се поднесени кривични пријави за 24 лица, од кои 19 за физички лица и 5 за правни лица. Со целосно завршување на истражните дејствија, ќе следат и други кривични пријави, најави директорот. Во однос на царинските службеници, дисциплински постапки се во тек по што ќе следат казнени мерки

– Сторителите на кривичните дела во доброорганизирана шема изработувале фалсификувани документи и фиктивно го извршувале транзитот. Возилата биле пуштени во слободен промет и завршиле на автоплацеви низ земјата, дополни Николов.- Овие возила се пронајдени, одземени привремено ставени под царински надзор, се додека не добиеме крајна разврска на постапката. Пронајдени се на различни автоплацеви, додаде тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк