Connect with us

Бизнис

Казни и до 20.000 евра за маркетите кои нема да ги почируваат мерките

Published

on

Имплементирањето на новиот Закон за нефер трговски практики ќе го заштити животниот стандард на граѓаните, ќе го намали форсирањето на странските, на штета на домашните производиа, а истовремено ќе стави ред во односите на производителите и добавувачите, со трговците. Со законот до 10% ќе се ограничат надоместоците за складирање, реклама, маркетинг, персонал, наспроти досегашната пракса која била 20, 30 па можеби повеќе отсто, што индиректно ја зголемувало и малопродажната цена на производите.

„Меѓутоа сега се ограничени и остануват да работат и придонесите не ги надминат процентите од 10% во тековната година, што е добро бидејќи на подолг рок со овој Закон нормално ќе имаме поголемо регулирање на цените на производите како краен ефект, односно во интерес на потрошувачите, купувачите, граѓаните, заштита на животниот стандард, а од друга страна оној хаос кој постоел претходно и форсирање на странски производи, во однос на домашните производи, тука ќе имаме изедначување во однос, пред се на маркетите“, изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески.

Дали Законот за нефер трговски практики, се применува главен контролор ќе биде Комисијата за заштита од конкуренција. Таа ќе може да поведе прекршочна постапка доколку се прекрши било која одредба. Во мониторинг периодот кој беше даден до 1јануари регистрирани се 26трговски нефер практики.

„Имаме различни дојави. Има одредени проблеми околу поврат на роба, во маркетингот, некаде дури се имат појавено и два ценовници. Сето тоа треба да го испита КСК и по Законот за нефер трговски практики да постапи„ изјави заменик министерот за економија, Марјан Ристески.

Во зависност од прекршоците ќе се движат и казните. Глоба за најтежок прекршок ќе изнесува и до 20.000евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице. Казните за полесните прекршоци ќе зависат од тоа дали прекршокот го сторил правно или физичко лице

Бизнис

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Published

on

Најголемата приватна пошта во Македонија Еко логистиксервис (ЕЛС) вчера во Младинскиот културен центар (МКЦ) прослави седум години постоење под мотото „We are growing internationally“ („растеме интернационално“). На настанот беа присутни стотици гости кои дадоа поддршка на ЕЛС како општествено одговорна компанија која континуирано го шири своето портфолио со нови ангажмани и активности. 

„Во наредниот период нѐ чекаат уште многу предизвици, ќе го прошириме кругот, ќе бидеме најинтегриранатакомпанија, не само во Македонија туку и во регионот, ќе бидеме провајдер на други сервиси и на други платформи и компании, но една од најважните задачи е да дадеме можност на македонските компании да извезуваат и да станат појаки, да не бидеме како слаби играчи во сенка, туку да тргнеме во акција и да направиме резултат“, рече сопственикот на ЕЛС, Игор Гешовски, во своето обраќање пред присутните. 

Роденденот на ЕЛС беше одбележан со богата музичка програма – свои настапи имаа Лаура Кадриу и Филип Петровски со своите бендови, а комичарот Бојан Велевски ги забавуваше гостите со својот стенд ап. 

Како еколошки одговорна компанија која постојано се вклучува различни хуманитарни активности, ЕЛС по повод 7-годишнината од постоењето додели благодарници на повеќе еко здруженија и на хуманитарни организации. 

ЕЛС во последнава година ја презеде доставата за пратките од двете најголеми шопинг платформи, Али експрес и ТЕМУ, со што значително се зголеми и обемот на работа. Само во 2024 година, приватната пошта која ги поседува сите меѓународни и домашни лиценци, има доставено 417.777 пратки до потрошувачите. 

Во моментов компанијата располага со повеќе од 220 возила и над 250 доставувачи, а достава се врши и во попладневните часови. За поголема безбедност и заштита од манипулации, ЕЛС е единствената компанија која користи безбедносен код при подигањето на пратките.  За 2025 година, од компанијата најавуваат соработка и со други светски познати платформи.

Continue Reading

Бизнис

Оформени 50 предмети за случаи на нефер трговски практики

Published

on

Комисијата за заштита од конкуренција (КЗК) има веќе оформено 50 предмети за примери за нефер трговски практики, изјави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески.

-Комисијата веќе оформи 50 предмети по дојави за случаи за нефер трговски практики. Комисијата ќе излезе на терен, ќе има многу работа, ќе ги проверува случаите. И секако, ако има потреба, ќе има и казни, рече Ристески.

Комисијата ќе ги разгледа сите предмети и ќе ги провери на лице место.

-За пронајдените неправилности казните се големи, до 20 000 евра. Законот за нефер трговски практики мора да се спроведува и да се заштитат и производителите и потрошувачите, рече Ристески.

Законот за нефер трговски практики е во сила од 28 септември минатата година. До крајот на 2024 година се вршеше мониторинг на спроведувањето на Законот, а од почетокот на годинава на сила се казни за сите неправилности во неговото спроведување. Со законот се опфатени преку 2 500 производи, се уредуваат односите на релација производители, добавувачи и трговци. Според Законот кој е по ЕУ директива, рабатот на годишно ниво не смее да биде повисок од 10 проценти.

Continue Reading

Бизнис

ВЕРО ги објави производите со замрзнати цени

Published

on

Веро со нова понуда: Замрзнати цени на 100 производи!

Супермаркетите Веро го објавија својот најнов каталог со 100 производи со замрзнати цени, кои ќе важат до 16 јули 2025 година. Понудата вклучува основни прехранбени производи, средства за хигиена и други секојдневни потреби. Оваа акција е дел од напорите на Веро да обезбеди пристапни цени за своите потрошувачи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк