Connect with us

Бизнис

Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените, најавува Мицкоски

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека преку Државниот пазарен инспекторат на дневна основа се следат цените на основните производи и најавува жестока реакција доколку, како што вели, утврдат дека повторно има несакани појави.

Во одговор на новинарско прашање, Мицкоски денеска рече дека очекува трговците да продолжат да ги намалуваат цените на производите, што претходно ги зголемија на сметка на поевтинувањето на производите опфатени со акцијата „Новогодишна кошница“, по што Владата предупреди дека ќе ги замрзне цените.

-Моравме да интервенираме и да покажеме колку сме сериозни во намерата, не може одредени трговци на грбот на граѓаните да остваруваат дополнителни екстра профити. Тие ги намалија цените пред Нова година, некаде 10, некаде 15, некаде и повеќе проценти. Очекувам овој тренд да продолжи и во деновите што следат, изјави Мицкоски.

Ако некој мисли дека не го следиме сето ова, се лаже, вели премиерот.

-Ако ги гледаме профитите што ги остваруваат трговските ланци ќе дојдеме до закулучок дека помеѓу условно кажано најуспешните компании 10, 15, 20, гледаме такви трговски ланци, а конјуктурата на бизнисот не е сменета, не е драматично зголемена потрошувачката ниту пак има некои иновативни методи, туку станува збор за покачување на цените и тоа не е добро. Го следиме тоа на дневна база преку Државниот пазарен инспекторат и жестоко ќе реагираме ако повторно видиме дека се случуваат несакани појави, рече Мицкоски, кој присуствуваше  на пуштање во употреба на спортска сала во Радовиш.

Министерот за економија Бесар Дурмиши, на новогодишниот брифинг со медиумите, информираше дека има готова изготвено одлука за замрзнување на цените и доколку Државниот пазарен инспекторат при контролите укаже на злоупотреба на цените на основните производи, веднаш ќе биде донесена одлука на Влада за воведување на таква мерка.

Бизнис

Од Скопје ќе се лета директно кон Париз и Амстердам, ќе има и поврзување со прекуокеански летови

Published

on

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител истакна дека претстои силен развој во авиосообраќајот и во следниот период најави нови дестинации за граѓаните.

Тој потенцираше дека шест дестинации се веќе потврдени, од Скопје директно во наредниот период ќе се лета за Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт, додека пак од охридскиот аеродром директно ќе се лета за Базел и до Истанбул на новиот главен аеродром, за што веќе се продаваат авионски карти од Сиднеј, Вашингтон и од Торонто за Охрид.

Покрај овие шест, Николоски вечерва најави уште четири нови авионски линии од македонските аеродроми.

„Ќе се лета од Скопје за Амстердам, од Скопје за Париз, и тоа до најблискиот аеродром до центарот – аеродромот “Орли”, имаме најава од “Катар Ерлајнс” дека ќе отворат најмалку една дестинација и многу интензивно работиме Скопје да стане само третиот главен град на Балканот од каде што ќе има прекуокеански летови. Во моментов прекуокеански летови има од аеродромот од Истанбул и аеродромот во Белград, а нашата цел е Скопје да биде третиот град од каде што ќе се лета прекуокеански”, истакна министерот Николоски.

Тој исто така најави и целосна реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром што ќе се реализира во следните неколку месеци, објект кој не е реконструиран откако е изграден.

Continue Reading

Бизнис

Ставрески: Значајно е да се одржи стабилност на цените за реално подобрување на животниот стандард

Published

on

„Најважно е да продолжат напорите за враќање на изгубената доверба во системот. За подобар живот е потребен економски раст, а за тоа се потребни економска слобода, политичка стабилност и предвидливост на политиките.
Македонската економија во 2025 година ќе оствари подинамичен раст со стапка на БДП од околу 4 %. Оваа проекција се потпира врз три столба: 1. Инфраструктурни проекти како автопати, железница, енергетика; 2. Локални инфраструктурни проекти со поддршка од 250 милиони евра од Владата; и 3. Инвестиции на приватниот сектор со кредитни средства со каматна стапка од 1,95 %. Овие три компоненти, заедно со странските инвестиции, силно ќе го придвижат инвестицискиот циклус. Потрошувачката ќе биде поддржана преку одмерено зголемување на платите, на пензиите и на кредитите од банките. Завршувањето на војната во Украина позитивно ќе влијае врз македонскиот извоз во ЕУ. Подеднакво значајно е да се одржи стабилност на цените за реално подобрување на животниот стандард. Не смее да се повтори трката на платите и на цените, која се случуваше изминативе години. Инфлацијата ќе се одржува на 2 до 2,5 % со координиран напор на НБРМ и на Владата“.

Извор: ekonomijaibiznis.mk

Continue Reading

Бизнис

„ГРИН МАШИНС“ ЌЕ ГИ ЧИСТАТ БЕРМУДИТЕ „Брако“ ќе ја одржува хигиената на улиците во светскaта туристичка дестинација

Published

on

Машините за чистење „Грин Машинс“ на „Брако“ станаа дел од флотата за одржување урбана хигиена на тропската држава Бермуди.

„Клиентот од Бермудите го избра моделот 414 rs на „Грин Машинс“, со кој истовремено можат да се чистат и улици и тротоари, може да се управува рачно, но нуди можност и за седење на операторот.

Нашиот тим од Обединетото Кралство беше на Бермуди, каде одржа обука за користење на нашите машини, и горди сме што македонски производи ќе придонесат за чисти улици и ќе бидат присутни на оваа британска островска територија, која е светскa туристичка дестинација“, се наведува во соопштението од „Фероинвест“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк