Connect with us

Бизнис

Производителите, добавувачите и трговците ќе се казнуваат со 20.000 евра, стартува Законот за нефер законски практики

Published

on

Обновената Комисија за заштита на конкуренцијата од почетокот на годинава може да изрекува казни и со 20.000 евра за пронајдени договори за нефер трговски практики – истакна заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

За потсетување, со почетокот на годинава започна примената на казните за неправилностите при спроведувањето на Законот за нефер трговски практики кој е во функција, според директива на ЕУ од 28 септември. Процесот до крајот на 2024 година се следеше со мониторинг, а сега се на сила паричните казни.

-Мониторингот за примената на законот заврши до Нова година. Сега се дооформи и Комисијата за конкуренција (КЗК) која го имплементира Законот и во практиката. Комисијата ќе ги проверува сите договори склучени меѓу производителите, добавувачите и трговците и онаму каде ќе бидат утврдени неправилности казните се 20.000 евра, вели Ристески.

Со Законот се опфатени 2.546 производи според тарифен број, а претходно се утврдени 26 нефер трговски практики. Ристески нагласи дека контролата ќе биде строга.

-Комисијата ќе може да влезе во фирмите и да ги проверува договорите по дојава. Сето тоа што ќе биде констатирано како неправилност, ќе биде казнето. Казната е висока,  20.000 евра, објасни Ристески.

Целта на Законот е да се регулира односот меѓу добавувачите и трговците. Заменик-министерот посочи дека ефектите на подолг рок се стабилизација на цените на производите.

-Рабатот е ограничен на 10 проценти во текот на годината. Тоа ќе создаде ред во сета таа работа со трговските практики каде рабатите биле големи, и до 35-40 проценти. Очекуваме на подолг рок да имаме стабилизирање на цените на производите, во интерес на крајните купувачи, граѓаните. Овој Закон е од голем интерес и важност, бидејќи првпат се спроведува во Македонија и е по директива од Европската Унија и треба да биде пример и за другите држави на Западен Балкан – додаде Ристески.

Бизнис

Ден на важни инвестиции во Штип: Премиерот ќе присуствува на три настани

Published

on

Клонот при детската градинка „Вера Циривири Трена“ е од буџетот на Општина Штип во вредност од 2.500.000 денари. Се изврши адаптирање на неискористен простор во подрачното училиште ОУ „Гоце Делчев“ со што се овозможува воспитно згрижувачка дејност и простор за 40 дечиња од Три Чешми.

Утре 08.01.2025 година (среда) во 11:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на клон од детска градинка „Вера Циривири Трена“ и спортска балон сала во рамки на подрачното училиште ОУ „Гоце Делчев” во населено место Три Чешми во Општина Штип, каде што ќе даде изјава за медиуми.

Клонот при детската градинка „Вера Циривири Трена“ е од буџетот на Општина Штип во вредност од 2.500.000 денари. Се изврши адаптирање на неискористен простор во подрачното училиште ОУ „Гоце Делчев“ со што се овозможува воспитно згрижувачка дејност и простор за 40 дечиња од Три Чешми.

Спортската сала во рамки на подрачното училиште ОУ „Гоце Делчев“ е финансирана пред една година од остатокот од блок дотациите на Министерството за образование и наука во буџетот на Општина Штип. Вредноста на проектот е повеќе од 10.000.000 денари.

Потоа, во 12:00 часот ќе присуствува на поставување на камен темелник на главен резервоар за вода во населено место Пребег.

Со градењето на главен резервоар Пребег во населбата Пребег со капацитет од 1.500 кубни метри ќе се реши деценискиот проблем со водоснабдувањето на овој дел од град Штип поради висинската кота која е на иста висина и со филтер станицата на ЈП Исар.

Проектот е во вредност од 41.000.000 денари, средства обезбедени од наменска сметка од самопридонес на граѓаните на Општина Штип.

Continue Reading

Бизнис

Мицкоски: Македонија ќе биде меѓу првите пет најбрзо растечки економии во Европа

Published

on

Македонија ќе биде 5-та земја во Европа според економскиот раст годинава – ова се очекувањата на премиерот Мицкоски за 2025-та. Тој оптимизмот го темели на најавените странски инвестиции, растот на извозот и потрошувачката, домашните вложувања. Последните податоци упатувале на тоа дека странските инвестиции го достигнале посакуваното ниво од една милијарда евра, а тој очекува овој износ да се надмине годинава.

„Најголемиот дел од тие инвестиции се во напредната технологија и чувствувам дека мораме да привлекуваме инвестиции коишто можеби не се толку поврзани со автомобилската индустрија така што една од овие инвестиции е напредна технологија, повеќе од 350 милиони евра е инвестицијата“ – вели Мицкоски.

Во моментов Владата преговара со 15 странски инвеститори кои се заинтересирани да го прошират својот бизнис во Македонија. Освен изградбата на ветерниот парк во општините Радовиш, Штип и Карбинци, има и компанија која сака да гради гасна централа. Мицкоски вели дека овие инвестиции треба да придонесат за намалување на загадувањето, но поради изградбата на топловодната мрежа, за тоа ќе се почека неколку години.

„Во периодот од ноември до март да го смениме системот на затоплување на домовите, односно помалку фосилно гориво, повеќе еколошки горива., меѓу кои и централното греење. За тоа да се случи потребнмо е да се изградат гасни централи. Ние работиме. Еден од инвеститорите, од овие 15, е таков што е заинтересиран да изгради такви гасни централи, но за тоа ќе треба време, најмалку две до три години за да сето тоа профункционира. За да се изградат топловоди може и повеќе, 5 до 6 години“ – вели Мицкоски.

Владата само во втората половина од минатата година донесе 8 странски инвеститори во земјава, кои треба да вработат 2.800 луѓе. Освен изградбата на ветерници на „Алказар енерџи“, инвестицијата на „Епсотех“ е за изградба на истражувачки центар во вредност од 20 милиони евра и нови 110 вработувања. Американскиот Вабтек кој веќе е присутен во земјава ќе произведува сопирачки за шински возила. Германската компанија „BMZ Group“ ќе произведува батерии во капацитет кој чини 65 милиони евра. Се потпишаа и два договори за инвестициите на „Брејнчајд“. Германската „Костал“ отвора нов погон од 50 милиони евра и нови 250 вработувања. „АД БАУ Интернационал“ ќе вложи 7 милиони евра. Во зоната во Кичево пак фирмата „Avesta“ ќе вложи 40 милиони евра и ќе вработи 600 луѓе.

Continue Reading

Бизнис

Од Скопје ќе се лета директно кон Париз и Амстердам, ќе има и поврзување со прекуокеански летови

Published

on

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител истакна дека претстои силен развој во авиосообраќајот и во следниот период најави нови дестинации за граѓаните.

Тој потенцираше дека шест дестинации се веќе потврдени, од Скопје директно во наредниот период ќе се лета за Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт, додека пак од охридскиот аеродром директно ќе се лета за Базел и до Истанбул на новиот главен аеродром, за што веќе се продаваат авионски карти од Сиднеј, Вашингтон и од Торонто за Охрид.

Покрај овие шест, Николоски вечерва најави уште четири нови авионски линии од македонските аеродроми.

„Ќе се лета од Скопје за Амстердам, од Скопје за Париз, и тоа до најблискиот аеродром до центарот – аеродромот “Орли”, имаме најава од “Катар Ерлајнс” дека ќе отворат најмалку една дестинација и многу интензивно работиме Скопје да стане само третиот главен град на Балканот од каде што ќе има прекуокеански летови. Во моментов прекуокеански летови има од аеродромот од Истанбул и аеродромот во Белград, а нашата цел е Скопје да биде третиот град од каде што ќе се лета прекуокеански”, истакна министерот Николоски.

Тој исто така најави и целосна реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром што ќе се реализира во следните неколку месеци, објект кој не е реконструиран откако е изграден.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк