Connect with us

Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА МОБИНГ Работна група ја разгледува можноста за ново законско решение

Published

on

Пред три години се започна со постапка за анализа на потребата од изготвување на нов закон, ССМ има свој претставник во работната група, но од непознати причини веќе цела година работната група не е повикана да го даде своето мислење и да продолжи со работа, нагласуваат од ССМ.

Измените на Законот за заштита од вознемирување на работното место или носењето на нов закон останува отворено прашање иако иницијативата за измени е започната уште пред три години.

Од Сојузот на синдикати на Македонија во изјава за МИА велат дека постапката за анализа на потребата од изготвување на нов закон е почната и е формирана работна група, но досега никој не ги повикал.

„Практиката покажа дека законските решенија не обезбедија задоволителна правна рамка за ефикасна заштита од вознемирување на работното место. Од тие причини пред три години се започна со постапка за анализа на потребата од изготвување на нов закон, ССМ има свој претставник во работната група, но од непознати причини веќе цела година работната група не е повикана да го даде своето мислење и да продолжи со работа“, нагласуваат од ССМ.

Посочуваат дека имплементацијата на Законот донесен во 2013 година покажала оти има потреба од подобрување на одредбите и негово усогласување со меѓународните трудови стандарди.

До ССМ, која нуди бесплатна правна заштита за правата од работен однос, од 2013 година досега имало 25 обраќања по основ на вознемирување на работното место.

Најголем број обраќања имало во 2013 година, осум, а следната 2014 година седум обраќања.

Во 2024 година, до ССМ по овој основ помош побарале две лица, а претходната година три лица. Податоците од ССМ покажуваат дека во 2017 и 2018 година немало ниту едно обраќање, а по едно обраќање е евидентирано во 2016 година и 2019 година. Во 2015 година имало три обраќања.

„Карактеристично е тоа што во ССМ има голем број обраќања во врска со вознемирувањето на работнoто место, но од лица кои не се членови на синдикатот. Овие податоци упатуваат на тоа дека вознемирувањето на работното место најчестo се случува во средини каде што работниците не се синдикално организирани и едуцирани за своите права, додека синдикално организираните работници по пат на обуки и советувања организирани од ССМ сè повеќе стануваат свесни, го препознаваат и го пријавуваат мобингот, односно бараат законска заштита на своето право да работат во здрава и безбедна работна средина, со најмал можен стрес и почитување на човековото достоинство“, велат од ССМ за МИА.

Психичкото вознемирување е негативна појава на работното место која има последици врз физичкото и менталното здравје на работниците, влијае на продуктивноста и квалитетот на работата, а пошироко има сериозни негативни импликации во семејството и општеството воопшто.

Оваа широко распространета негативна појава, бара сериозен пристап од сите институции во државата, со цел да се обезбедат правни и општествени услови и претпоставки за негово намалување и спречување. Потребно е да се работи и на едукација на работниците за остварување, унапредување и заштита на нивните права.

„Многу е битно превентивното делување, обуката која треба да се спроведува и за работодавачите и за работниците за да се стекнат со сознанија за своите права и обврски и одговорности во оваа област, а сериозен придонес треба да дадат и инспекциските служби во заштитата на работниците и нивните права. Само со интегрирани активности на сите субјекти во општеството може да се надминат сериозните последици од оваа негативна појава во областа на трудот и работењето“, нагласуваат од ССМ.

До Службата за бесплатна правна помош при ССМ од година во година се зголемува и бројот на обраќања за неправилности во однос на примената на Законот за работни односи и за непочитување на недела неработен ден во областа на здравствената заштита, комуналните препријатија и рударството.

Минатата и оваа година најголемиот број обраќања се однесуваат на примената на Општиот колективен договор (ОКД)  за јавен сектор, односно исплатата на регресот за годишен одмор уреден првпат по подолг временски период со овој ОКД што минатата година го потпиша ССМ. Обраќањата има и во врска со зголемувањето на платите во јавниот сектор, исплатата на јубилејните награди и примената на новата методологија за пресметка на платата.

Во приватниот сектор најчестите обраќања се во врска со неисплатени плати, додатоци или надоместоци на плата, а посебно додатокот за минат труд којшто, како што посочуваат од ССМ, најчесто не се исплаќа кај работодавачите каде синдикатот нема свои членови.

Македонија

Приведен осомничен за серија тешки кражби

Published

on

На 7 јануари 2025 година, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го привеле С.Ј. (40) од село Подареш, кој се сомничи за извршување на четири кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Радовиш. Кражбите биле извршени во викенд-куќи и помошен објект.


Според информациите, при претрес во домот на осомничениот, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела. Пронајдените предмети се одземени и ќе бидат вратени на нивните сопственици.

С.Ј. бил задржан во полициската станица Радовиш. За случајот бил информиран јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по завршување на истрагата и документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Continue Reading

Македонија

Скопјанец си ја пријавил сосетката, го истепала пред влезната врата!

Published

on

На 07.01.2025 во 15.15 часот во СВР Скопје, Ј.Т.(39) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот пред влезната врата од неговиот стан на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од негова сосетка. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Полицијата откри измама, куќа вредна 21 милион денари го убедиле да им ја продаде за пет пати помала цена

Published

on

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.М. (51) од Гостивар поради сомнение за сторени кривични дела „соизвршителство“ и „измама“. Кривична пријава е поднесена и против С.К. (76) за „помагање“ и „измама“.

Според истрагата, во периодот од 2018 до крајот на декември 2024 година, З.М. и С.К. заеднички го довеле во заблуда оштетеното лице, кое имало одземена деловна способност, да им продаде семејна куќа во Гостивар со пазарна вредност од 21.490.000 денари. Оштетеното лице, под влијание на пријавените, ја продало куќата по значително пониска цена од 5.231.750 денари.

Со ваквите дејствија, првопријавениот се обидел да се стекне со сопственост врз имот од значителна вредност, додека второпријавениот му помогнал во реализацијата на овој план.

Од полицијата информираат дека истрагата продолжува, а случајот е предаден на надлежните органи за понатамошно постапување.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк