Connect with us

Македонија

До АЕК поплаки за лоша интернет услуга, за висока сметка за роаминг и за измена на одредби од претплатнички договор

Published

on

Пазарот на електронски комуникации ја заврши годината со раст кај сите индикатори, со поплаки од корисниците претежно за лоша интернет услуга, за висока сметка за роаминг и за измена на одредби од претплатнички договор, но и најава за нов оператор во мобилната телефонија за што по писмото со намера од 4iG до АЕК треба да биде отворена јавна расправа. 

Од Агенцијата за електонски комуникации (АЕК) за МИА изјавија дека од четвртиот квартал 2023 година заклучно со третиот квартал минатата година до нив се поднесени 351 барање за решавање на спор. Најчести причини за поднесените барања се лоша интернет услуга, висока сметка за роаминг иако претплатникот не бил во странство (користење на пограничен интернет), како и измена на одредби од претплатнички договор, информираат за МИА од АЕК.

Од вкупниот број  барања за решавање на спор, завршени се 294, од кои усвоени се 78, делумно се усвоени 15, одбиени се 115, а отфрлени 16. За 34 барања е запрена постапката, за 19 Агенцијата била ненадлежна, а за 17 барања докуметацијата била непотполна. 

На прашање на МИА за оценка на развојот на пазарот на електронски комуникации од Агенцијата посочуваат дека според последните расположливи податоци заклучно со вториот квартал лани, може да се констатира оти кај сите индикатори има раст.

За годинава посочуваат дека ќе спроведуваат активности во согласност со Законот за електронските комуникации (ЗЕК).

По писмото за изразување намера за влез на пазарот во Македонија од 4iG, следен чекор во согласност со ЗЕК е отварање на јавна расправа за да можат сите заинтересирани страни да го искажат својот став. Од резултатот на јавната расправа ќе се знае дали ќе се поведе постапка на јавен тендер или постапка на јавен тендер со јавно наддавање, изјавија за МИА од АЕК.

Македонија

Борко Ристовски: Со нови инвестиции го подигнува спортот во Тетово

Published

on

Министерот за спорт, Борко Ристовски, продолжува да го поставува спортот како приоритет, со конкретни иницијативи кои ќе го трансформираат Тетово во спортски центар со современи терени и услови за сите генерации.

На средбата со градоначалникот на Тетово, Билал Касами, беа најавени големи инвестиции, вклучувајќи изградба на нови спортски терени, реновирање на постојните и воведување на најмодерни технологии како вештачка и хибридна трева.

Со ваквата визија и посветеност, Ристовски докажува дека спортот е двигател на здравото општество и младинскиот развој. Тетово станува пример за тоа како заедничката работа носи трајни резултати!

Continue Reading

Македонија

Димитриевски: Вчера купував правосмукалка и се мислев да не ми излезе Груби од рафтот

Published

on

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во вечерашното гостување во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вели:

Вчера купував еден производ во една продавница тука во Скопје, правосмукалка и отидов на рафтот, викам сега да не ми излезе Артан Груби од рафтот. Претпоставувате во која фирма. Таква бламажа и недозволени пропусти, но факт е дека секој извршува одредена позиција и функција и самиот полициски службеник кој го направил пропустот треба да одговара, вели Димитриевски. 

Continue Reading

Македонија

Финансиската полиција на терен: Кривична пријава за едно физичко и едно правно

Published

on

Управата за финансиска полиција до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против И.Т во својство на управител на правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и против правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

Од Финансова полиција денеска соопштија дека првопријавенaта И.Т во период од 01.01.2014 до 31.12.2016 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект, дала лажна изјава заверена на нотар со која потврдила дека ортопедското помагало кое го набавува и фактурира кон Фондот за здравствено осигурување со назив „Ортоза за колк со зглоб” е соодветно и одговара на помагалото „Надколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб” утврдено во Списокот на ортопедски и други помагала во делот на Ортопедски средства-Надколени ортози под шифра 2105 согласно критериумите од Правилникот за индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала, иако била свесна дека таквото помагало не одговара на медицинските индикации и дијагнози утврдени во списокот на ортопедски помагала за кои Потврда за потреба издава лекар специјалист.

На овој начин, се подвлекува во соопштението, го измамила и довела во заблуда Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија да склучи Договор за издавање на ортопедски и други помагала за период од 01.01.2014 до 31.12.2016, при што во текот на 2014, 2015 и 2016 година извршила набавка и испорака на 171 несодветни помагала со назив „Ортоза за колк со зглоб” притоа фактурирајќи ги кон Фондот за здравствено осигурување под шифра 2105 и назив „Надколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб” на кој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист во износ од 763.470 денари во текот на 2014 година, 5.038.902 денари во текот на 2015 година и 2.901.186 денари во текот на 2016 година, односно вкупно 8.703.558 денари за кој износ е оштетен Буџетот на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк