Connect with us

Македонија

Метапневмовирус е стар вирус, нема простор за паника

Published

on

Метапневмовирус е стар вирус, не треба да се очекува дека ќе биде нов Ковид-19, изјави попладнево за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ. Тој нагласи дека нема простор за паника ниту кај нас, ниту каде било.

– Вирусот е стар. Вообичаено циркулира во зимските месеци. Не треба да се очекува дека ова ќе биде новиот Ковид-19 и не треба да се крева паника дека ова ќе биде нешто што повторно ќе се репризира – налик она што беше 2020 година кога се ширеше Сарс-ков-2, потенцираше Мехмедовиќ.

Вакцина за овој вирус не постои, а смртноста е исклучително ниска, многу пониска од таа на грипот. Компликациите од овој вирус, како што додаде, се исклучително ретки.

– Вообичеано се кај деца под две години или кај лица со нарушен имунитет, додаде Мехмедовиќ.

Симптомите се како кај грипот – секреција, кашлање, кивање, телесна температура, болки во зглобови. Метапневмовирусот најчесто се пренесува преку близок контакт, преку допир на контаминирани предмети па потоа допирање уста, нос, очи. Вообичаено дава горнореспираторни симптоми, поретко долнореспираторни.

Мехмедовиќ потврди за МИА дека засега нема најава за заседавање на Комисијата за заразни болести.

МИА претходно објави дека во Грција има прв случај на овој вирус. Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус ХМПВ, како што објавија медиумите, кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран. Според грчките епидемиолози и министерот за здравство, нема простор за паника, бидејќи како што објаснуваат, станува збор за вирус познат над 20 години. Грчките медиуми објавија дека мажот се заразил од неговата ќерка која била во Кина на одмор, каде што во моментов постои епидемија на метапневмовирусот.

Македонија

Ограбена менувачница, полицијата превзема мерки за расчистување на случајот

Published

on

МВР информира дека вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 04-ти овој месец, па до вчера, до 08.00 часот, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на ул. „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола.

Информациите се дека биле одземени пари во различни валути и апоени.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Автомобил излета од пат, повредени две лица

Published

on

На 08.01.2025 во 19.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Ропаљце – с.Матејче, општина Липково, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(29) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.М.А.(28) од Скопје, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Continue Reading

Македонија

Семејна драма во тетовско: Син ја заштитил мајка од напад

Published

on

На 08.01.2025 во 19.20 часот во Полициското одделение Камењане, 44-годишна жена од тетовско село пријавила дека нејзиниот вонбрачен сопруг Б.Т.(43) од истото село агресивно се однесувал кон неа и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од нивниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк