Connect with us

Македонија

Примале хонорар а живееле во странство – директор на ЈКП „Гази Баба-2007“ обвинет за проневера

Published

on

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот, во периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година, како службено лице – в.д. директор на ЈКП „Гази Баба – 2007“, со намера за друг да прибави противправна имотна корист присвоил пари доверени во службата. По претходна одлука на Управниот одбор на јавното претпријатие за ангажирање невработени лица за вршење јавни работи за потребите на Општина Гази Баба, обвинетиот склучил договори со седум лица. Договорите биле заведени под ист деловоден број и имале потпис само од обвинетиот. Притоа, иако за нив водел евидентни листови кои обвинетиот лично ги потпишувал, наводно ангажираните привремени работници не работеле во ЈКП „Гази Баба – 2007“, а на одредени датуми за кои примале хонорар всушност се наоѓале надвор од границите на државата. За тоа време тие биле уредно водени дека ги извршуваат ангажманите за кои склучиле договори и им се исплаќал паричен надоместок, кој во вкупен износ за сите седум лица достигнал 880.516 денари, информираат од ОЈО и додаваат:

-Имајќи ја предвид пред се сериозноста и тежината на кривичното дело кое му се става на товар, запретената казна и останатите прилики, надлежниот јавен обвинител до Судот заедно со обвинението достави и посебен предлог со кој побара спрема обвинетиот да бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај службено лице и привремено одземање на патната исправа, се вели во соопштението од ОЈО.

Македонија

Саубермахер Тетово почна со постапките за  присилна наплата

Published

on

Од компанијата Саубермахер Тетово потсетуваат дека се иницирани постапките за присилна наплата на неподмирените долгови по фактурите за комунални услуги за период февруари-август 2024 година.

За ваквите постапки граѓаните беа опоменати, а тие што не се одѕваа на повикот ќе се соочуваат со дополнителни трошоци по постапките за присилна наплата.

„Со цел да се избегнат дополнителни трошоци и непријатности при постапките за присилна наплата и извршување, апелираме до сите корисници кои имаат заостанат долг за издадени фактури во текот на 2024 година, да го исплатат во најкраток можен рок.

Со редовно плаќање, можеме да обезбедиме подобри услови за живот во нашиот град и да избегнеме непријатни и непотребни ситуации кои можат да се појават при присилно извршување. Вашата соработка е од огромна важност и со вашата навремена реакција, ќе придонесеме за подобро функционирање на нашата заедница.“, велат од Саубермахер.

За олеснување на процесот на плаќање како и преглед на сите податоци и издадени фактури, корисниците можат да се регистрираат на веб порталот на www.saubermacher-tetovo.mk.

Continue Reading

Македонија

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: ДОКАЖАНИ ЛИЧНОСТИ ЌЕ ГИ ПРЕПОЗНАВААТ И НАГРАДУВААТ ВРВНИТЕ ДОСТИГНУВАЊА

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, го изрази своето задоволство од учеството на конститутивната седница на Комисијата за одликувања и признанија.

Во изборот на членовите на Комисијата, како што истакна претседателката, се водела од нивното врвно знаење, достигнувања и работа во различни области.

„Цврсто сум уверена дека докажани и афирмирани личности како членовите на оваа Комисија ќе умеат да ги препознаат носителите на вистинските достигнувања и ќе знаат соодветно да ги наградат. Им посакувам плодна и успешна работа!“, изјави Сиљановска-Давкова.

Комисијата ќе има значајна улога во препознавањето и промовирањето на заслугите и достигнувањата на поединци и институции кои со својата работа придонесуваат за напредокот на македонското општество.

Continue Reading

Македонија

Бројот на заболени од грип за три пати е зголемен

Published

on

За 3,2 пати е зголемен бројот на заболени од грип во периодот од 6 до 12 јануари во споредба со првата недела од јануари. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека пријавени се 1.053 случаи на заболени од грип или на заболувања слични на грипот.

За првпат оваа сезона, пријавената инциденца е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно надминат е прагот на влез во сезоната на грип.

Во однос на возраста, 633 лица се на возраст од 15 до 64 години, 179 се деца на возраст од пет до 14 години, а 144 до четири години. Деведесет и седум се лица на возраст над 65 години.

Најголем е бројот на заболени во Скопје (305) по што следуваат Дебар со 134, Куманово со 118, Тетово и Гостивар по 66, Кавадарци со 62, а во останатите градови, бројот на заболени е помал или еднаков на педесет.

– Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, што е над неделната граница за сезонска активност за првпат оваа сезона. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална активност на вирусот на грип. Процентот на позитивност е над границата од 10 проценти за првпат оваа сезона. Согласно овие податоци, Република Северна Македонија има среден интензитет на вирусот на грип, заклучуваат од ИЈЗ.

Оттаму потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Заклучно со втората недела од годинава, вакцинирани се вкупно 72.318 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк