Connect with us

Македонија

Дрин Ахмети во „ролс ројс“, Мијалков во „ферари“, граѓаните во сиромаштија – ова беше режимот на ДУИ, велат од Вреди

Published

on

Делиме исто место, но не и иста судбина. Од ова место минатата недела ги видовте застрашувачките и шокантни сцени како екс директорот на ДБК и осудениот Сашо Мијалков беше виден во Монако пред луксузен ресторан со црвено „ферари“ вредно околу 700 илјади долари. Што значи тоа, дека осудените живееле луксузен живот додека многу невини Албанци страдаат во затворите“, велат од ВЛЕН.

„Слободата на Сашо Мијалков не ја донесе дедомраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедотоод Зајаз. Така, Али Ахмети со неговата машаГруби направија се за Мијалков да ужива во слободата.

Како што криминалот и корупцијата не познаваат етничка припадност, така и луксузот нема етнички граници. Сега ако Сашо Мијалков води луксузен живот во странство во македонскиот табор. Во албанскиот камп внатре и надвор од земјава луксузен живот води внукот на „силниот“ чичко, Дрин Ахмети.

Дрин Ахмети не му се допаѓа Ферари бидејќи е виден со бел Ролс Ројс со регистарски таблички на Кичево, автомобил вреден околу 400 илјади долари. Значи, станува збор за внукот на Али Ахмети, “супер интелигентниот“ млад човек за кој Обвинителството побара помош и од САД за неговите сомнителни финансиски трансакции.

Можете да замислите, живееме во земја во која политичарите и нивните семејства промовираат луксузен живот, додека граѓаните пресметуваат како да се справат со своите трошоци до крајот на месецот. Ова е омаловажување, злоупотреба, измама на граѓаните додека моќта стекната со својот глас ја претворат во извор на богатење на нивните семејства.

Но, за среќа, оваа ера заврши со промена на власта. Нема повеќе политичари кои можат да се збогатат преку ноќ. Нема повеќе среќни внуци како Дрин Ахмети. Нема повеќе чичковци како Али Ахмети кои им овозможуваат на своите внуци да поседуваат трговски центри и да возат автомобили од 400.000 долари.

Затоа, Али Ахмети, мотивот на неговиот внук, денеска е осуден од граѓаните со право на глас, бојкотиран од македонските партии и демаскиранод меѓународниот фактор.

ВЛЕН е надежта на граѓаните Албанци, злото заврши. Срушена е кулата на ДУИ, се отвора нова перспектива за живеење“, соопштија од ВЛЕН.

Македонија

Саубермахер Тетово почна со постапките за  присилна наплата

Published

on

Од компанијата Саубермахер Тетово потсетуваат дека се иницирани постапките за присилна наплата на неподмирените долгови по фактурите за комунални услуги за период февруари-август 2024 година.

За ваквите постапки граѓаните беа опоменати, а тие што не се одѕваа на повикот ќе се соочуваат со дополнителни трошоци по постапките за присилна наплата.

„Со цел да се избегнат дополнителни трошоци и непријатности при постапките за присилна наплата и извршување, апелираме до сите корисници кои имаат заостанат долг за издадени фактури во текот на 2024 година, да го исплатат во најкраток можен рок.

Со редовно плаќање, можеме да обезбедиме подобри услови за живот во нашиот град и да избегнеме непријатни и непотребни ситуации кои можат да се појават при присилно извршување. Вашата соработка е од огромна важност и со вашата навремена реакција, ќе придонесеме за подобро функционирање на нашата заедница.“, велат од Саубермахер.

За олеснување на процесот на плаќање како и преглед на сите податоци и издадени фактури, корисниците можат да се регистрираат на веб порталот на www.saubermacher-tetovo.mk.

Continue Reading

Македонија

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: ДОКАЖАНИ ЛИЧНОСТИ ЌЕ ГИ ПРЕПОЗНАВААТ И НАГРАДУВААТ ВРВНИТЕ ДОСТИГНУВАЊА

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, го изрази своето задоволство од учеството на конститутивната седница на Комисијата за одликувања и признанија.

Во изборот на членовите на Комисијата, како што истакна претседателката, се водела од нивното врвно знаење, достигнувања и работа во различни области.

„Цврсто сум уверена дека докажани и афирмирани личности како членовите на оваа Комисија ќе умеат да ги препознаат носителите на вистинските достигнувања и ќе знаат соодветно да ги наградат. Им посакувам плодна и успешна работа!“, изјави Сиљановска-Давкова.

Комисијата ќе има значајна улога во препознавањето и промовирањето на заслугите и достигнувањата на поединци и институции кои со својата работа придонесуваат за напредокот на македонското општество.

Continue Reading

Македонија

Бројот на заболени од грип за три пати е зголемен

Published

on

За 3,2 пати е зголемен бројот на заболени од грип во периодот од 6 до 12 јануари во споредба со првата недела од јануари. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека пријавени се 1.053 случаи на заболени од грип или на заболувања слични на грипот.

За првпат оваа сезона, пријавената инциденца е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип, односно надминат е прагот на влез во сезоната на грип.

Во однос на возраста, 633 лица се на возраст од 15 до 64 години, 179 се деца на возраст од пет до 14 години, а 144 до четири години. Деведесет и седум се лица на возраст над 65 години.

Најголем е бројот на заболени во Скопје (305) по што следуваат Дебар со 134, Куманово со 118, Тетово и Гостивар по 66, Кавадарци со 62, а во останатите градови, бројот на заболени е помал или еднаков на педесет.

– Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, што е над неделната граница за сезонска активност за првпат оваа сезона. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална активност на вирусот на грип. Процентот на позитивност е над границата од 10 проценти за првпат оваа сезона. Согласно овие податоци, Република Северна Македонија има среден интензитет на вирусот на грип, заклучуваат од ИЈЗ.

Оттаму потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Заклучно со втората недела од годинава, вакцинирани се вкупно 72.318 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк