Connect with us

Скопје

Важно известување од ЈСП

Published

on

Јавниот превоз во Скопје во текот на зимскиот распуст за учениците сообраќаше по редуциран делничен зимски ред.

Овој ред ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст, а од понеделник се очекува ЈСП да вози по вообичаен ред и со зголемен број автобуси.

Возниот ред е достапен на веб-страницата на ЈСП.

Скопје

Тешка сообраќајка во Скопје, неколку лица завршија во болница

Published

on

Сообраќајна несреќа помеѓу комбе и автомобил се случила вчера вечерта на раскрсницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ кој води кон Државна болница. На местото била повикана Брза помош.

Според очевидци на несреќата автомобилот е уништен, а неколку лица биле пренесени во болница.

Полицијата изврши увид, а детали се очекуваат во текот на денот.

Извор: МКД.мк

Continue Reading

Скопје

Полициска акција: Паднаа повеќе дилери

Published

on

Серија апсења за дрога вчера во главниот град.

– На 15.01.2025 во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

– На 15.01.2025 во 20.05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.М.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

– На 15.01.2025 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.С.(41) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.

Continue Reading

Скопје

Двајца скопјани се повредиле на работа, пренесени се на клиничкиот центар

Published

on

Двајца скопјани во одделни случаи, во текот на вчерашниот ден се повредиле на работните места и биле пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Едниот е Д.К.(57) од Скопје кој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во магацин на приватна фирма на подрачјето на Ѓорче Петров. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и за настанот бил запознаен трудов инспектор.

Од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено и дека кај нив со повреди бил донесен Н.Н.(36) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во правен субјект на подрачјето на Гази Баба. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк