Мисисипи, најсиромашната држава во Соединетите држави, е на работ да ја надмине најголемата европска економија – Германија – во однос на БДП по глава на жител. Ова го објави Euronews Business, кој ги спореди американските држави со европските земји.
Значи, БДП по глава на жител на најсиромашната американска држава е повисок од оној на петте најголеми европски економии, без Германија. Сепак, Мисисипи брзо се приближува кон Германија. Податоците покажуваат дека БДП по глава на жител на Мисисипи заостанува зад германскиот показател за 1.524 евра. Во 2024 година, Германија беше трета по големина економија во светот, придонесувајќи со 24,3 отсто во вкупниот БДП на ЕУ.
БДП по глава на жител на Мисисипи е значително повисок од БДП на преостанатите четири водечки европски економии, надминувајќи ја Шпанија за 16.710 евра, Италија за 12.553 евра, Франција за 5.415 евра и Обединетото Кралство за 1.339 евра. Втората најсиромашна држава, Западна Вирџинија, имаше значително повисок БДП по глава на жител од сите пет европски земји, надминувајќи ја Германија за 5.270 евра.
Користените податоци се оние за 2024 година од извештајот за глобална перспектива на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), објавен во октомври. За американските држави, користени се сезонски приспособени податоци од Бирото за економски анализи на САД (БЕА) за третиот квартал од 2024 година и проценките на населението од Бирото за попис на САД од јули.
Ако се земе предвид приспособувањето според паритетот на куповната моќ (ППП), бројките и рангирањето значително се менуваат. Според ММФ, кој ги прилагодува овие бројки за американски долари, БДП по глава на жител во САД е 86.601 американски долари, додека просекот на ЕУ е 62.660 долари. Тогаш БДП по глава на жител, приспособен за паритетот на куповната моќ (ППП), во САД го надминува оној на сите земји на ЕУ, освен Луксембург и Ирска, кои се сметаат за исклучоци.
Сепак, разликата меѓу САД и европските земји е значително намалена кога се прилагодува за ЈПП. На пример, германскиот БДП по глава на жител, кој е 55.521 УСД по тековни цени, се зголемува на 70.930 долари кога ќе се прилагоди за ЈПП.
Според Евростат, високиот БДП на Луксембург „делумно се објаснува со фактот дека голем број странски работници придонесуваат за БДП на земјата, иако тие не се дел од постојаното население на Луксембург“. Том Мекдонел, ко-раководител на Институтот за економски истражувања Невин, изјави за Euronews Business дека БДП на Ирска е нарушен од даночните стратегии на американските мултинационални компании.
Ски центар Попова Шапка ве потсетува дека автомобилите паркирани на коловозните ленти, кои го попречуваат движењето на останатите возила, ќе бидат отстранети од пајак службата на Градскиот паркинг.
Ве замолуваме да бидете внимателни и да ги паркирате возилата прописно, особено за време на викендите, кога е зголемен обемот на сообраќај.
Над 600 граѓани, меѓу кои најголем број млади лица кои се на зимски распуст, го искористија бесплатниот превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки, организиран од страна на Општина Битола во соработка со ЈП Пелалинки.
Денес, 17.01.2025 е последниот ден од реализацијата на оваа еднонеделна активност, која со голем интерес беше прифатена од страна на граѓаните, а за која младите со позитивни впечатоци, раскажуваа за време на денешната посета на градоначалникот Тони Коњановски, на скијачкиот центар Нижеполе.
„Општина Битола во соработка со ЈП Пелалинк, ЈП „Стрежево“, со Хотелот „Молика“, со поддршка и на приватниот сектор „МИГ Травел“, организиравме бесплатен превоз за сите оние кои сакаат да уживаат во снежната белина. Над 350 посетители во Ски центарот „Нижеполе“ и над 250 кај Хотелот „Молика“ и на Копанки, уживаа во овие настани, дел од зимскиот распуст. Се надевам дека и наредните години, но и за време на летниот распуст ќе ги продолжиме овие активности, зошто за секое дете, но и за секој возрасен е добро да избега малку од градската гужва и да ужива во овие пространства. Благодарам на сите кои ја помогнаа и поддржаа активноста, а посебно им благодарам на граѓаните што ја прифатија активноста и се надевам дека уште многу вакви убави моменти ќе имаме заедно“, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.
Ваквиот начин на функционирање создаде можност за сите вљубеници во зимските спортови, но и за оние кои сакаат зимски прошетки во чиста и убава природа, без дополнителен трошок и без потешкотии за организирање на превоз, да стигнат до скијачките центри и да уживаат во снежните убавини на Нижеполе и Копанки. Од друга страна на овој начин се зајакнува љубовта на младите кон природата, но и нивната одговорност.
Коњановски, најави дека општината и во понатамошниот период ќе ги разгледа можностите за почеста реализација на вакви активности.
Министерот за правда Игор Филков, одговорајќи на пратеничко прашање од СДСМ за наводна партизираност на судството и Судскиот совет, порача дека двајцата нови членови на Судскиот совет не се избрани од извршната власт, туку од самите судии и дека станува збор за лица кои имаат долгогодишно искуство во својата област.
,,Зарем мислите дека јас како министер за правда може да влијаам на оние судии кои токму вие сте ги назначиле и унапредиле, да им кажувам како да гласаат. Овие нови членови се избрани од судиите”, рече Филков.
На прашањето на Бисера Костадиновска Стојчевска , зошто тој не се повлекува од функцијата член на Судскиот совет, министерот Филков посочи дека тој, како и неговите претходници ја почитуваат препораката на ГРЕКО да не се присуствува на седниците на Судскиот совет.
,,Јас ниту сум влегол во Судскиот совет за да можам да излезам од истиот. Ако ги следите моите изјави од првиот ден, укажувам на тоа дека нема потреба од мое присуство таму, но доколку Судскиот совет навистина функцинира. А, тоа што се случуваше наназад го знаете многу добро, затоа што бевте дел од власта, иако не се сеќавам дека во таа Влада сте поставиле било кое прашање поврзано со судство или Судскиот совет. Делот за невистините продолжува и понатаму иако ви објаснив дека ние немаме именувано ниту судии , ниту јавни обвинители. Значи, излезете и напуштете ја таа „скафандер“ политика и помогнете ни работите да ги движиме во вистински правец. Ние за три до пет години нема да имаме судии во државата поради погрешните политики на претходните власти”, порача Филков, најавувајќи дека измените на Кривичниот законик доажаат и правда ќе има. „Ајде сите заедно тука да се договориме, да ги донесеме измените на законите и да ја покачиме горната граница за пензионирање на 67 години“, рече тој.