Connect with us

Македонија

Тешко повреден пешак

Published

on

Денеска (16.01.2025) во 01:50 часот, во полициската станица Струга пријавено е дека на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од О.Н.(32) од с.Драслајца, струшко, удрило во пешакот Б.Т.(36) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Македонија

Ски центар Попова Шапка со важно соопштение

Published

on

Почитувани посетители,

Ски центар Попова Шапка ве потсетува дека автомобилите паркирани на коловозните ленти, кои го попречуваат движењето на останатите возила, ќе бидат отстранети од пајак службата на Градскиот паркинг.

Ве замолуваме да бидете внимателни и да ги паркирате возилата прописно, особено за време на викендите, кога е зголемен обемот на сообраќај.

Ви благодариме за разбирањето и соработката.

Ски центар Попова Шапка

Continue Reading

Македонија

До скијачките центри Нижеполе и Копанки, над 600 граѓани го искористија бесплатниот превоз

Published

on

Над 600 граѓани, меѓу кои најголем број млади лица кои се на зимски распуст, го искористија бесплатниот превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки, организиран од страна на Општина Битола во соработка со ЈП Пелалинки.

Денес, 17.01.2025 е последниот ден од реализацијата на оваа еднонеделна активност, која со голем интерес беше прифатена од страна на граѓаните, а за која младите со позитивни впечатоци, раскажуваа за време на денешната посета на градоначалникот Тони Коњановски, на скијачкиот центар Нижеполе.

„Општина Битола во соработка со ЈП Пелалинк, ЈП „Стрежево“, со Хотелот „Молика“, со поддршка и на приватниот сектор „МИГ Травел“, организиравме бесплатен превоз за сите оние кои сакаат да уживаат во снежната белина. Над 350 посетители во Ски центарот „Нижеполе“ и над 250 кај Хотелот „Молика“ и на Копанки, уживаа во овие настани, дел од зимскиот распуст. Се надевам дека и наредните години, но и за време на летниот распуст ќе ги продолжиме овие активности, зошто за секое дете, но и за секој возрасен е добро да избега малку од градската гужва и да ужива во овие пространства. Благодарам на сите кои ја помогнаа и поддржаа активноста, а посебно им благодарам на граѓаните што ја прифатија активноста и се надевам дека уште многу вакви убави моменти ќе имаме заедно“, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Ваквиот начин на функционирање создаде можност за сите вљубеници во зимските спортови, но и за оние кои сакаат зимски прошетки во чиста и убава природа, без дополнителен трошок и без потешкотии за организирање на превоз, да стигнат до скијачките центри и да уживаат во снежните убавини на Нижеполе и Копанки. Од друга страна на овој начин се зајакнува љубовта на младите кон природата, но и нивната одговорност.

Коњановски, најави дека општината и во понатамошниот период ќе ги разгледа можностите за почеста реализација на вакви активности.

Continue Reading

Македонија

Филков до СДСМ: Излезете и напуштете ја вашата „скафандер“ политика, помогнете ни работите да ги движиме во вистински правец

Published

on

Министерот за правда Игор Филков, одговорајќи на пратеничко прашање од СДСМ за наводна партизираност на судството и Судскиот совет, порача дека двајцата нови членови на Судскиот совет не се избрани од извршната власт, туку од самите судии и дека станува збор за лица кои имаат долгогодишно искуство во својата област.

,,Зарем мислите дека јас како министер за правда може да влијаам на оние судии кои токму вие сте ги назначиле и унапредиле, да им кажувам како да гласаат. Овие нови членови се избрани од судиите”, рече Филков.

На прашањето на Бисера Костадиновска Стојчевска , зошто тој не се повлекува од функцијата член на Судскиот совет, министерот Филков посочи дека тој, како и неговите претходници ја почитуваат препораката на ГРЕКО да не се присуствува на седниците на Судскиот совет.

,,Јас ниту сум влегол во Судскиот совет за да можам да излезам од истиот. Ако ги следите моите изјави од првиот ден, укажувам на тоа дека нема потреба од мое присуство таму, но доколку Судскиот совет навистина функцинира. А, тоа што се случуваше наназад го знаете многу добро, затоа што бевте дел од власта, иако не се сеќавам дека во таа Влада сте поставиле било кое прашање поврзано со судство или Судскиот совет. Делот за невистините продолжува и понатаму иако ви објаснив дека ние немаме именувано ниту судии , ниту јавни обвинители. Значи, излезете и напуштете ја таа „скафандер“ политика и помогнете ни работите да ги движиме во вистински правец. Ние за три до пет години нема да имаме судии во државата поради погрешните политики на претходните власти”, порача Филков, најавувајќи дека измените на Кривичниот законик доажаат и правда ќе има.
„Ајде сите заедно тука да се договориме, да ги донесеме измените на законите и да ја покачиме горната граница за пензионирање на 67 години“, рече тој.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк