Connect with us

Македонија

Попова Шапка доби функционална амбуланта: Брза медицинска помош за туристите и скијачите

Published

on

Денеска официјално беше отворена новата амбуланта на Попова Шапка, која ќе обезбедува здравствена асистенција за посетителите и скијачите за време на зимската сезона. Оваа услуга, која беше нефункционална од времето на пандемијата COVID-19, повторно се враќа во функција по иницијатива на Ски центарот Попова Шапка и со поддршка на директорот на ЈЗУ Клиничка Болница-Тетово, г. Агим Бериша.

„Ова претставува значаен чекор за безбедноста и здравјето на сите посетители на нашиот ски центар. Благодарност до г. Бериша за соработката и за поддршката во овој проект“, истакнаа претставниците од Ски центарот Попова Шапка.

Амбулантата ќе биде достапна до крајот на туристичката сезона, обезбедувајќи брз одговор за сите здравствени потреби на терен.

Македонија

Костадиновски: Подобри услови за учениците во ПОУ во с. Туденце

Published

on

Градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиновски, ја потврди посветеноста на локалната самоуправа кон унапредување на образовната инфраструктура со целосно реновирање на надворешниот дел на Подрачното основно училиште во село Туденце.

Со средства од општинскиот буџет, успешно беа реновирани сите наставни кабинети, а училиштето доби и целосно нова фасада. Овој проект значително ги подобри условите за учениците и наставниот кадар, овозможувајќи поквалитетна и попријатна средина за едукација и работа.

„Продолжуваме да ги исполнуваме дадените ветувања и да инвестираме во иднината на нашите деца“, изјави Костадиновски.

Овој проект е дел од пошироката стратегија на Општина Јегуновце за подобрување на условите во образовните институции, со цел да се создаде модерна и функционална средина за учениците и наставниот персонал.

Continue Reading

Македонија

Без струја дел од Тетовско на 30 јануари

Published

on

Утре, 30 јануари (четврток), во периодот од 09:00 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе остане дел од тетовското село Жилче, поточно влезот кај „Мак Тенда“. Прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Continue Reading

Македонија

Кражба во Тетово: Од сметка исчезнаа речиси половина милион денари!

Published

on

policija

На 28.01.2025 година во 11.40 часот во СВР-Тетово М.М.(38) од Тетово пријавил дека на21.01.2025 година влегол да ја провери неговата апликација за крипто валути на негова сметка, и забележал дека му  фалат 30.15841 SOL кои на денот кога биле одземени односно на ден 18.01.2025 година имале вредност од 479.072 денари и истите биле префрлани во сметка од друга платформа, при што настанот бил пријавен и во корисничката поддршка на апликацијата. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.    

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк