Connect with us

Македонија

Кривична пријава против пет лица за фалсификување документи

Published

on

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица поради основани сомненија дека ги сториле кривичните дела Фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст.2 од КЗ на РМ, Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.1 и ст.2, Фалсификување службена исправа по член 361 ст.1 од КЗ на РМ и
Помагање по чл.24 од КЗ на РМ.

Првопријавениот И.Б во својство на службено лице во Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини – Биро за метрологија, заради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело Фалсификување службена исправа по член 361 ст.1 од КЗ на РМ.

Второпријавениот З.А во својство на управител на Друштво за производство, трговија и услуги ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст.2 и Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.1 од КЗ на РМ.

Третопријавениот А.З. во својство на управител на правното лице Друштво за трговија, услуги и градежништво ЛТА ПЕТРОЛ СЕРВИС ДООЕЛ Скопје заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст.2, Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.1 од КЗ на РМ и Помагање по чл.24 од КЗ на РМ.

Четвртопријавеното правно лице Друштво за производство, трговија и услуги ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје заради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.2 од КЗ на РМ.

Македонија

21-годишник и се заканувал на комисија за возачки испит

Published

on

Полициски службеници од СВР Велес, вчера го уапси 21 годишниот А.К. од село Бузалково, велешко, постапувајќи по претходна пријава дека, поради незадоволство од резултат од полагање на возачки испит, се заканувал на Д.Р.(62) од Прилеп, претседател на испитна комисија и на М.К. од Кавадарци, испитувач во испитниот центар.

Како што попладнево информираат од СВР Велес, А.К. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

ЈКП „Шар“-Тетово предупредува за присилна наплата

Published

on

ЈКП „Шар“-Тетово потсетува дека редовното плаќање на сметките за снабдување со питка вода и канализациски услуги е обврска на секој корисник. Ненавременото плаќање предизвикува потешкотии во одржувањето и функционирањето на водоводниот систем, што директно влијае на квалитетот и континуитетот на услугите што ги нудиме.

Ги замолуваме сите корисници кои имаат неплатени долгови да ги измирaт своите обврски што е можно побрзо, за да се избегне прекинување на услугите и евентуални правни постапки. Доколку дојде до понатамошно одложување на плаќањето, ќе бидеме принудени да преземеме законски мерки за наплата на долговите преку нотар и извршител.

Соработката на граѓаните е клучна за да се обезбеди квалитетна и непрекината услуга за целата заедница.

За повеќе информации или за проверка на вашите долгови, можете да нè контактирате во нашите канцеларии или преку нашите официјални комуникациски канали.

ЈКП „Шар“-Тетово
Во служба на граѓаните!

Continue Reading

Македонија

ГИ БЛОКИРАЛ СО 2 ВОЗИЛА ЗА ДА НЕ СВЕДОЧАТ ПРОТИВ НЕГО Уапсено лице

Published

on

Околу 8 и 30 часот во селото, тој со две возила го блокирал возилото на сопружниците П.Т. и М.Л. од с.Јакимово и на тој начин ги оневозможил да присуствуваат на судско рочиште во кое требало да сведочат против него, се вели во полицискиот билтен.

Maж од виничкото село Јакимово со две возила блокирал сопружници кои требало да сведочат против него на судско рочиште, информираше МВР. Полицијата во Виница на 28.01.2025 година го уапсила 32-годишниот П.Т. поради сомнение дека влијаел врз сведоците.

„Околу 08.30 часот во селото, тој со две возила го блокирал возилото на сопружниците П.Т. и М.Л. од с.Јакимово и на тој начин ги оневозможил да присуствуваат на судско рочиште во кое требало да сведочат против него. Според пријавеното, притоа тој им упатувал и закани да не се појавуваат на суд“, се вели во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк