Connect with us

Инфо +

Јавно претпријатие Паркови и зеленило вработува – ПЛАТИ до 26.759 денари

Published

on

1. КДР0102В01061 Советник – внатрешен ревизор, Одделение за внатрешна ревизија, Сектор за внатрешна ревизија(1) извршител(и) Општи услови – да е државјанин на Република Македонија, – активно да го користи македонскиот јазик, – да е полнолетен, – да има општа здравствена способност за работното место, – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Посебни услови – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент) – најмалку 3 (три) години работно искуство во струката Општи работни компетенции – решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг – учење и развој – комуникација – остварување резултати – работење со други/тимска работа – стратешка свест – ориентираност кон странките/засегнати страни и – финансиско управување Посебни работни компетенции – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) Распоред на работно време – Работни денови понеделник-петок – Работни часови неделно 40 – Работно време од 07:00 до 15:00 – Опис за работното време Паричен нето износ на плата: 26.759,00 денари НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.

2. КДР0102В02050 Виш соработник за евиденција и пријава на штети по осигурување, Одделение за заштита, безбедност и осигурување, Сектор за заштита и контрола(1) извршител(и) Општи услови – да е државјанин на Република Македонија, – активно да го користи македонскиот јазик, – да е полнолетен, – да има општа здравствена способност за работното место, – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Посебни услови – ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Социологија, Организациони науки и управување – најмалку 2 (две) години работно искуство во струката Општи работни компетенции – решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг – учење и развој – комуникација – остварување резултати – работење со други/тимска работа – стратешка свест – ориентираност кон странките/засегнати страни и – финансиско управување Посебни работни компетенции – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) Распоред на работно време – Работни денови понеделник-петок – Работни часови неделно 40 – Работно време од 07:00 до 15:00 – Опис за работното време Паричен нето износ на плата: 24.315,00 денари НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.

3. КДР0102Г04006 Помлад референт за административно технички работи, Одделение за правни работи, Сектор за општи и правни работи(1) извршител(и) Општи услови – да е државјанин на Република Македонија, – активно да го користи македонскиот јазик, – да е полнолетен, – да има општа здравствена способност за работното место, – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Посебни услови – ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование – со или без работно искуство во струката Општи работни компетенции – учење и развој – комуникација – остварување резултати – работење со други/тимска работа – ориентираност кон странките/засегнати страни и – финансиско управување Посебни работни компетенции – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) Распоред на работно време – Работни денови понеделник-петок – Работни часови неделно 40 – Работно време од 07:00 до 15:00 – Опис за работното време Паричен нето износ на плата: 19.297,00 денари НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Целиот оглас може да го видите на ЛИНКОТ

Македонија

Двајца осомничени за напад на полицајци

Published

on

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за две лица осомничени за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Едниот од нив е осомничен и за обид за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие според член 382 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените со ножеви во рацете им се заканиле на двајца униформирани полициски службеници, кои постапувајќи по наредба за вршење на мотопатролна дејност на регионалниот пат Р23-33 Битола-Бистрица го запреле возилото во кое се наоѓале осомничените за да извршат контрола на возило и возач. Со ножевите осомничените се упатиле кон полицајците, вербално заканувајќи им се дека ќе ги убијат. Едниот од осомничените и физички нападнал полицаец, го турнал и започнал да го стега за вратот, нанесувајќи му површинска телесна повреда. Кога полицајците се обиделе да го совладаат, другиот осомничен се обидел да ги спречи така што ги тргал за рацете и униформите. Двајцата осомничени биле лишени од слобода со засилување од интервентна екипа од СВР Битола.

Одлучувајќи по предлогот од надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Битола на осомничените определи притвор во траење од осум дена.

Continue Reading

Скопје

ДИВИТЕ ТАКСИСТИ ЗЕДОА ЗАМАВ ВО СКОПЈЕ! Зошто нема поголеми контроли од страна на градот предводен од Арсовска?

Published

on

Дивите таксисти повторно задоа замав во Скопје поради тоа што нема редовни инспекциски контроли на овој превоз. Во периодот кога беше драстично скратен превозот со градските автобуси, граѓаните често се решавале за превоз со такси, а некои од нив доживеале мошне непријатни искуства кои скапо ги чинеле.

Скопјанецот Мартин. Ј. одлучил да се качи во такси од трговскиот центар „Ист гејт“ бидејќи брзал за да стаса на работа. Иако бил свесен дека таксистите што стојат на оваа локација се нелегални, на крајот бил непријатно изненаден од сумата што ја платил, пренесе Плусинфо. 

Тој укажува и на тоа дека дивите таксисти повеќе не користат таксиметар туку апликација која симулира таксиметар и му наплатиле 400 денари.

Тој истакнува дека вакви инциденти се чести и дека дивите таксисти стојат на различни локации во градот, вклучувајќи ги и популарните места како што се спроти „Холидеј ин“ и „Ла делишс“ во Буњаковец.

Проблемот со дивите таксисти не се одразува само врз џебот на патниците, туку и врз приходите на легалните такси компаниии и приливите од даноци во државната каса.

Претседателот на Групацијата на авто-такси превозници, Сашо Рајчановски за Плусинфо истакнува дека бројот на нелегални такси возила во Скопје е во пораст, што ја прави ситуацијата алармантна.

Според него, основната причина за зголемената активност на дивите таксисти е големата побарувачка за транспортни услуги, особено поради проблемите со градскиот автобуски превоз, но и недостигот на контрола и санкции од градските власти.

Од Групацијата на авто-такси превозници истакнуваат дека и граѓаните треба да бидат повнимателни при изборот на такси превозник.

За подемот на дивите таксисти во Скопје, такси-превозниците ја обвинуваат градоначалничката Данела Арсовска, зашто не спроведува инспекциски надзор.

– Градот Скопје е најголем виновник за колапсот на такси превозот. Никој не контролира, и нормално е дека сè повеќе колеги ги напуштаат компаниите каде имаат давачки и си возат на диво. Дури 80 отсто од таксистите се диви. За една година нема да остане ниту една такси-компанија, ќе нема граѓаните каде да бараат такси, ќе има само диви таксисти. Не е нормално за три години мандат градоначалничката Данела Арсовска да нема ниту една средба со нас. Со претходните градоначалници сме имале средби во Градот еднаш месечно – коментира Рајчановски.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека не се надлежни да вршат надзор врз дивите таксисти.

Continue Reading

Македонија

Повреден полицаец, со „крајслер“ излетал од булевар во Скопје

Published

on

Во 00.10 часот денеска, во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило „крајслер“, сопственост на МВР, а управувано од полицискиот службеник М.Н.(32) од Кратово, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во незгодата возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк