Connect with us

Македонија

МОРАМЕ ДА ЈА ПОБЕДИМЕ ГВИНЕЈА Лазаров очекува тежок натпревар

Published

on

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е оптимист во пресрет на натпреварот со Гвинеја во 3.коло на Д-групата на Светското првенство 2025.

– Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот. Нема да калкулираме воопшто, победата ни е потребна за пласман во втор круг. Можеби сме фаворити на хартија, но со оглед дека имавме две тешки и исцрпувачки дуели, очекувам тежок натпревар – изјави Лазаров.

И репрезентативното крило Ненад Костески верува во успех.

– Мора да го заборавиме натпреварот против Холандија и да се издигнеме, бидејќи нè чека последниот дуел од групната фаза, кој за нас значи пласман во главната рунда, нашата главна цел на ова Светско првенство. Иако станува збор за дебитант на овој шампионат и зад себе има два порази мора да бидеме претпазливи, не смее да се потцени ниту еден противник. Мечот против Гвинеја ќе биде различен од останатите, имаат специфичен стил на игра, спротивен од европските земји. Сите сме мотивирани, подготвени за нова борба. Имаме поддршка од публиката и тоа е најважно – нагласи Костески.

Натпреварот Македонија – Гвинеја се игра вечерва од 18 часот.

По две кола лидер во групата е Холандија со 4 бода, Унгарија има 3, Македонија 1, Гвинеја е последна без освоен бод.

Македонија

Градоначалникот Коњановски: „Богојавление нека донесе здравје и среќа во секое семејство!“

Published

on

Денес, православните христијани го одбележуваат Богојавление – Водици, празник кој симболизира духовно раѓање и почеток на животот во верата. Во Битола, градоначалникот Тони Коњановски присуствуваше на манифестацијата на положување на Светиот крст во осветените води на Соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“.

Во својата честитка до верниците, Коњановски изрази надеж за светла иднина:

„Денес ја продолжуваме нашата традиција со верба во вистинските вредности, поттикнати од соживотот, меѓусебното почитување и заложбите за заеднички напредок. Нека овој празник донесе здравје, љубов и среќа во секое семејство. Бог се јави!“

Најсреќен годинава беше 15-годишниот Иван Миовски, кој го извади Светиот крст од осветените води. Градоначалникот Коњановски најави дека ќе го награди Миовски со парична награда и икона од заштитникот на градот, Свети Нектариј Битолски, како признание за неговата храброст.

Манифестацијата беше исполнета со радост и духовно единство, потврдувајќи ја силата на традицијата и верата меѓу битолчани.

Continue Reading

Македонија

Утре прекин на струја во повеќе села во Тетовско

Published

on

Утре, 20 јануари 2025 година (понеделник), повеќе села во Тетовскиот регион ќе останат без електрична енергија поради планирани технички работи. Граѓаните се повикуваат на навремена подготовка за прекинот.

Дел од с.Желино, објекти кои се наоѓаат во центарот на селото прекин од 09:00 до 14:00 часот.

Дел од с.Непроштено прекин од 09:30 до 13:00 часот

Continue Reading

Македонија

Честитки за Деан Андон – ја извади крстот од Преспанското Езеро!

Published

on

Денеска, на големиот христијански празник Богојавление – Водици, радоста и благословот се проширија од осветените води на Преспанското Езеро. Со голема храброст и верба, Деан Андон од селото Туминец успеа да го извади светиот крст од студените води.

Овој чин носи голема чест и симболизира Божји благослов, здравје и среќа за целата заедница. Деан Андон ја покажа својата посветеност и вера, за што доби честитки и искрени желби од сите присутни.

Нека благодатта и радоста на овој празник бидат со сите нас низ целата година!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк