Connect with us

Скопје

СТРАШЕН ПОЖАР ВО СКОПЈЕ Се запалил бутик, огнот зафатил станови и автомобили

Published

on

Голем пожар избувна ноќеска во зграда на улицата Разловечко востание и ги преплашил станарите на населбата Карпош 4.

Нема повредени лица. Причинета е голема материјална штета, затоа што пожарот зафатил бутик на приземјето, а огнот се проширил на околните станови и автомобили.

„Денеска (19.01.2025) во 03.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Разловечко востание во Скопје бил опожарен продажен објект – бутик, во сопственост на И.М.(54) од Скопје, лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема. Од пожарот била зафатена фасада од зградата. Делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, сопственост на М.Т. (36) од Скопје, потоа надворешна едниница на клима-уред и дел од прозори на стан во сопственост на М.Ј.(79) од Скопје. Исто така, биле зафатени две патнички возила – „шкода камик“, паркирано од М.Т.(48) од Скопје и „форд фокус“, сопственост на Љ.Р.(55) од Скопје“, соопшти полицијата.

Пожарот го изгасиле припадници на Бригадата за противпожарна заштита.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје

Млад скопјанец крадел по станови и локали низ Аеродром, обвинителство бара притвор

Published

on

ОЈО Скопје повело истрага против 26-годишен скопјанец бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 и две дела – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 1од Кривичниот законик.

На 20 декември 2024 година, осомничениот дошол пред врата на стан на улицата “Венјамин Манчуковски” во Аеродром и тропнал на вратата. Кога сопственикот излегол, физички го нападнал со тупаници, од раката му го одзел мобилниот телефон, а кога оштетениот паднал на земја, му одзел уште 1.200 денари.

На 26 декември 2024 година, заедно со еден малолетен соизвршител, осомничениот извршил тешка кражба во угостителски објект во Аеродром, на булеварот “Кузман Јосифовски – Питу”. Во објектот влегле со провалување и по пребарување одзеле мобилен телефон.

Уште една тешка кражба извршил на 18 јануари годинава, кога осомничениот насилно влегол во пицерија на улицата “Фрањо Клуз” од каде украл 3.000 денари, клуч од касата и шишиња пиво, во вкупна вредност од 12.000 денари.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: „Бог се јави, браќа и сестри! Да ја чуваме верата и традицијата“

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на свеченото одбележување на христијанскиот празник Богојавление – Водици, кое годинава традиционално се одржа со положување на Светиот Крст во осветените води на општината.

„Бог се јави, браќа и сестри! Ова е величествен ден за сите православни верници, ден кога го славиме крштевањето како една од Светите тајни на Христијанството и кога го чествуваме прочистувањето на душата и зачетокот на животот во верата,“ истакна Ѓорѓиевски.

Настанот започна со литија од храмот „Св. Ѓорѓи“ до местото каде беше положен Светиот Крст, а во него учествуваа голем број граѓани, верници и културно-уметничкото друштво „Китка“, кое придонесе за свечената атмосфера.

Најсреќниот годинава беше Илија Мелоски, кој успеа да го извади Светиот Крст. Градоначалникот му честиташе и му посака здравје, среќа и благословена година.

„Особено сум горд што овој настан повторно стана дел од нашата општина, симболизирајќи ја силата на верата и заедништвото на нашиот народ. Благодарност до сите што денес беа дел од овој чин, а посебно до Илија за неговата хуманост – одлуката да ги донира наградите на оние кои имаат вистинска потреба заслужува голема почит,“ додаде Ѓорѓиевски.

На крај, тој упати порака до граѓаните: „Да ги чуваме верата и традицијата, да останеме сплотени и да ја градиме иднината на нашата заедница со љубов и почит.“

Настанот во Кисела Вода се одржа во присуство на голем број верници, кои со заедничка молитва го прославија празникот, исполнувајќи го денот со радост и духовна обнова.

Continue Reading

Скопје

Теодор Јовевски го фати светиот крстот во реката Вардар во Скопје

Published

on

Теодор Јовевски го фати светиот крст што денеска беше положен во водите на реката Вардар во Скопје од владиката Јосиф. 

Јовевски рече дека првпат се фрла по крстот и се надева дека ќе му донесе среќа, а на другите верници им порача да веруваат во Бога.

Одбележувањето на празникот Богојавление почна во 9 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што чиноначалствуваше владиката Јосиф. По завршување на литургијата владиката Јосиф, заедно со свештенството во поворка се упати кон мостот „Слобода“ каде почна „Водосветот“, а потоа го положи крстот во реката Вардар.

Како што изјавија од Скопската православна епархија, годинава во Скопје беа пријавени над 220 граѓани.

Според верувањата, оној кој ќе го фати крстот, ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк