Connect with us

Македонија

Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, пикот се очекува кон средината на февруари

Published

on

Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, а пикот се очекува кон средината на февруари. Почетокот на второто полугодие за учениците и дружењето на луѓето во затворен простор поради ниските температури, се дел од факторите што допринесуваат бројот на заболени да расте во овој период.

– Секоја година се зголемува бројот на заболени од грип до средината на февруари, кога се очекува пикот. Со години тоа е така. Пикот е во втората половина на февруари. Ќе растат бројките уште, но, споредено со минатите години, нема никаква разлика во однос на тоа како е сега. Дури ако споредиме со лани, оваа година состојбата со заболени лица од грип е нешто подобра. Тоа што бројот на заболени ќе расте, не зависи само од училиштата, таква е динамиката на раст на бројот на заболени од грип, појасни за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ.

Мехмедовиќ препорачува децата кои веќе имаат развиено симптоми налик на грип, да бидат изолирани и да не одат во училиште.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, од 6 до 12 јануари пријавени биле 1.053 случаи на групни пријави за заболени од грип и слични заболувања, или 3,2 пати повеќе во споредба со претходната недела.

– Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи согласно препораките на СЗО: лица над 65 години, деца на возраст од шест до 59 месеци, лица постари од шест месеци со хронични болести, бремени жени и здравствени работници, подвлекуваат од Институтот.

Заклучно со втора недела од 2025 година, во државава вакцинирани се вкупно 72.318 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Македонија

Пожар во дом за стари лицa, евакуираани се 30 лица

Published

on

Регионалниот центар за управување со кризи – Велес(РЦУК) известува дека во кавадаречкото село Чемерско избувнал пожар во дом за стари лица.

Според РЦУК-Велес, на терен интервенираат 10 пожарникари со 3 протипожарни возила, а исто така има три медицински тима и две полициски возила со 8 полицајци.

Во меѓувреме, со две возила се евакуираат 30 лица кои се сместени во старечкиот дом во Кавадаречко, известија од ЦУК

Continue Reading

Македонија

Оглас во Општина Битола за вработување на 18 лица

Published

on

Општина Битола, објави јавен оглас за работно ангажирање на 18 невработени лица со средно образование кои ќе вршат доставување на решенија и покани за данок на имот до граѓаните. Работното ангажирање ќе биде за период февруари/јуни и истите ќе добиваат надоместок по учинок, во износ од 17 денари за решение и 3 денари за покана.

Кандидатите треба да достават барање и копија од документ за идентификација (лична карта).

Заинтересираните кандидати да се јават во период од 5 работни дена од денот на објавување на огласот, заклучно со 24.01.2025 година.

Бараните документи можат да се достават во просториите на Општина Битола ул. ,,Булевар 1 Мај“ бр.61 на шалтер бр 1.

Потребната документација и деталите за повикот се објавени на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/јавен-оглас-за-работно-ангажирање-на-18/

Continue Reading

Македонија

Физички нападнат лекар во Клиничката болница Тетово

Published

on

На 19.01.2025 во 17.20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Б.(28) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во Клиничка болница Тетово физички го нападнал лекарот Н.А.(47) од с.Џепчиште, тетовско. Б.Б. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк