Connect with us

Скопје

Филмски грабеж во казино во Скопје

Published

on

Денеска во 04.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на подрачјето на Карпош, три машки лица влетале во објектот и со закана кон вработената и одзеле пари од дневниот промет.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје

Ѓорѓиевски: Скопје може да биде симбол на позитивни промени

Published

on

Скопје е пред големи предизвици, но верувам дека со рационално, транспарентно и енергично раководење може да стане град каков што граѓаните заслужуваат. Ми претставува исклучителна чест што истражувањата покажуваат дека ја имам довербата на граѓаните за да ја преземам и оваа значајна улога. Скопје е град со огромен потенцијал, но и со големи предизвици, вели Орце Ѓорѓиевски, актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода и можен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје.

Влегувате во последната година од вашиот мандат како градоначалник на Кисела Вода. Низ ваша призма, како изгледа трансформацијата на оваа скопска општина?

– Последната година од мојот мандат е финалето на сето она што заедно со мојот тим и со граѓаните го постигнавме. Ако во првата година, веднаш по преземањето на градоначалничкиот мандат влеговме со наследен долг од 3 милиони евра, во последната, четврта година влеговме со историски најголемиот буџет досега, што ни овозможи да планираме и реализираме повеќе капитални проекти од кога било претходно. Денес, со гордост можам да кажам дека 95% од предвидените проекти од мојата програма се веќе завршени. Тие опфаќаат инфраструктурни решенија кои беа долгоочекувани од жителите, како и проекти кои значително го подобрија секојдневниот живот – од изградба на улици и канализации до модернизација на јавниот простор и поддршка за предучилишното и училишното образование, спортот и културата.

И во оваа, последна година од мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, приоритет ќе бидат проектите кои директно ги адресираат потребите на граѓаните, затоа што сметам дека секој денар од буџетот треба да заврши токму таму каде што е најпотребно. Наскоро очекуваме нов повик од Владата за распределба на средства за општините, и јас веќе работам со мојот тим на подготовка на квалитетни проекти кои ќе обезбедат дополнителни инвестиции за Кисела Вода.

Она што е најважно е дека граѓаните се нашите партнери. Тие активно учествуваат во планирањето и со нивната поддршка, успеваме да реализираме иницијативи кои се од вистинско значење за општината.

Целото интервју може да го прочитате на МКД.мк

Continue Reading

Скопје

Млад скопјанец крадел по станови и локали низ Аеродром, обвинителство бара притвор

Published

on

ОЈО Скопје повело истрага против 26-годишен скопјанец бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 и две дела – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 1од Кривичниот законик.

На 20 декември 2024 година, осомничениот дошол пред врата на стан на улицата “Венјамин Манчуковски” во Аеродром и тропнал на вратата. Кога сопственикот излегол, физички го нападнал со тупаници, од раката му го одзел мобилниот телефон, а кога оштетениот паднал на земја, му одзел уште 1.200 денари.

На 26 декември 2024 година, заедно со еден малолетен соизвршител, осомничениот извршил тешка кражба во угостителски објект во Аеродром, на булеварот “Кузман Јосифовски – Питу”. Во објектот влегле со провалување и по пребарување одзеле мобилен телефон.

Уште една тешка кражба извршил на 18 јануари годинава, кога осомничениот насилно влегол во пицерија на улицата “Фрањо Клуз” од каде украл 3.000 денари, клуч од касата и шишиња пиво, во вкупна вредност од 12.000 денари.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Continue Reading

Скопје

СТРАШЕН ПОЖАР ВО СКОПЈЕ Се запалил бутик, огнот зафатил станови и автомобили

Published

on

Голем пожар избувна ноќеска во зграда на улицата Разловечко востание и ги преплашил станарите на населбата Карпош 4.

Нема повредени лица. Причинета е голема материјална штета, затоа што пожарот зафатил бутик на приземјето, а огнот се проширил на околните станови и автомобили.

„Денеска (19.01.2025) во 03.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Разловечко востание во Скопје бил опожарен продажен објект – бутик, во сопственост на И.М.(54) од Скопје, лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема. Од пожарот била зафатена фасада од зградата. Делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, сопственост на М.Т. (36) од Скопје, потоа надворешна едниница на клима-уред и дел од прозори на стан во сопственост на М.Ј.(79) од Скопје. Исто така, биле зафатени две патнички возила – „шкода камик“, паркирано од М.Т.(48) од Скопје и „форд фокус“, сопственост на Љ.Р.(55) од Скопје“, соопшти полицијата.

Пожарот го изгасиле припадници на Бригадата за противпожарна заштита.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк