Connect with us

Скопје

Се планира изградба на втор дел жичница од Капиштец до врвот на Водно и заживување на комплексот „Македонско село“

Published

on

Македонско село од 2019 година до сега не функционира и по основ на тоа што не работи, дел по основ на ненаплатена кирија, дел по основ на обезбедување и осигурување на објектот ние како држава сме изгубиле нешто повеќе од 20 милиони денари“, истакна членот на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и директорот на Служба за општи и заеднички работи во Влада Ивица Томовски во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

-Првиот пат кога кажав дека сакам да заживее селото, можам да кажам дека има премногу заинтересирани. Ако нему не му се исплатело, зошто би имало сега повеќе луѓе кои се заинтересирани да стопанисуваат со тој објект? Практично тој комплекс има околу 12 засебни куќички со капацитет од 120-150 места за сместување, три ресторани, односно два ресторани и еден винотека или кафе бар. Сметам дека може да е профитабилен комплексот и затоа е таква заинтересираноста, вели Томовски.

Томовски истакна дека почетната сума за селото би била 240 милиони денари.

-Ние направивме проценка на тој имот и нема да го издадеме како јавно приватно партнерство како што било во минатото да ние дел одржуваме, дел одржува економскиот оператор, практично му даваме клуч на економскиот оператор со нашата замисла и тој стопанисува комплетно и целосно со тој објект. Според бирото за проценка почетната сума би била 240 милиони денари каде после тоа зависно од конкуренцијата може да се наддава таа сума, посочи Томовски.

Томовски зборуваше и за планот за нова жицница.

-Делот кој е од Средно Водно до врв е во надлежност на Град Скопје односно ЈСП, оној втор дел кој треба да се изгради е проект преку Министерство за транспорт и врски и тој проект треба да биде од „Св. Јован“ во Капиштец до Средно Водно и така го поврзувате градот со врв и средно Водно, укажа Томовски.

Томовски откри дека имаат идеја да се направи подземен паркинг карши зградата на „Нова Македонија“ и со тоа да се добие паркинг, зеленило и трансфер со мини бус.

-Она што ние го имаме како идеја и ќе го разговараме со премиерот и соодветните институции кои треба да помогнат во реализација на овој проект е практично кај платото спроти „Нова Македонија“, паркингот кај Цветен пазар да направиме некакво јавно приватно партнерство или како држава да направиме подземен паркинг и тој моментален паркинг тука да стане зеленило, така добиваме и паркинг и зеленило. Ние како држава да земеме две или едно возило мини бус кој ќе прави трансфер од Нова Македонија до почетокот на жичницата кај „Св. Јован“ и секој оној кој ќе има намера да може да се паркира тука во паркингот кој би чинел 30 денари наместо 100 денари, да се качи на жичница, да се качи горе и на средно Водно да има уште еден мини бус кој би гравитирал средно Водно, Македонско село, Пантелејмон така ќе го заживееме и манастирот и комплексот Македонско село, посочи Томовски.

Томовски во однос на неизградените два објекти на кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ истакна дека за многу брзо во јавност ќе може да кажат до каде е реализиран тој проект, што понатака и колку би чинел новиот објект.

-Имав состанок со министерката Весна Јаневска начелно договоривме дека ќе формираме една заедничка работна група која ќе направи пресек на моменталната изведба односно до каде сега е стигнат проектот што и како е возможно да се направат измени на тој проект бидејќи е предвидена барокна фасада, а не би сакале да имаме барок, прво многу е поскап, второ факултет како ФИНКИ не би требало да има барокна фасада напротив модерна фасада. Од минатиот петок ги отпочнавме првичните состаноци и за многу брзо во јавноста ќе можеме да кажеме до каде е реализиран тој проект, колку би чинел новиот и што понатака со тие два објекти и можеби заедно со МОН би ги работеле до нивно целосно реализирање, заклучи Томовски.

Скопје

Странци затекнати со дрога кај транспортниот центар во Скопје

Published

on

Полицијата поднесе кривична пријава против Т.Н.(29) и T.A.(29), двајцата од Израел, поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

„На 23 август минатата година кај Транспортен центар во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што пронашле и одзеле кокаин, хашиш, бела кристална материја и МДМА таблети“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.

Continue Reading

Скопје

Апсење на Меѓународниот аеродром Скопје

Published

on

Против двајца турски државјани поднесена е кривична пријава кои на граничен премин приложиле фалсификувани патни исправи.

– Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против И.К.(26) и С.К.(26), двајцата од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”. Нa 12.01.2025 во 10.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од државата, пријавените приложиле фалсификувани патни исправи, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, од Основен суд Скопје на пријавените им биле изречени мерки протерување на странец со забрана за влез во Р.С. Македонија од три, односно пет години.

Continue Reading

Скопје

Ограбена градинката во Скопје

Published

on

Вчера во СВР Скопје, од Јавната општинска установа – детска градинка 11 Октомври, на подрачјето на Општина Чаир, било пријавено дека во саботата со употреба на сила било влезено во установата и биле одземени предмети.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк